In my opinion...

Day 1,092, 08:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Битола г’аду мој...ние сме тука со п’ичина...(ахх не...погрешен говор)

Добро ти вечер еМакедонијо,

Пред да почнам би сакал да ве известам дека направив ребрендирање на мојот весник и тој сега ќе се вика MnM NewZ...па доколку некој е расположен да ми направи лого за весникот и некое банерче би му бил благодарен и ветувам дека ќе му се оддолжам. Контактирајте ме на ПМ 🙂

...како што и самиот наслов кажува, ова е мое мислење...
По вчерашните избори за претседатели на партиите, во еМакедонија денес имаме 3 партии кои имаат Македонски претседател...Тоа се...
* веќе познатата Обединета еМакедонија предводена од Boris Mitrevski
* екс-бугарската ВМРО предводена од thedragon
* третата партија прекрстена во ТМРО-МНЕ предводена од darklover

Читајќи ги весниците денес, забележав неколку статии, а и доста коментари кои се залагаат за укинување на овие партии. Ве прашувам зошто!? Некои можеби и незнаат но партија во еРеп неможе да се укине и избрише...Колку ние и да не сакаме на изборите на конгрес во секоја од овие партии ќе се кандидираат луѓе кои ќе сакаат да влезат во конгрес...Претседателот на партијата не може да го контролира ова...Тој може само да избере кои ќе бидат кандидатите доколку има поголем број пријавени од можните места за кандидирање. Значи колку и да не сакаме веќе има плурализам на политичката сцена во еМакедонија и мислам дека тој позитивно ќе влијае врз развојот на нашата еТатковина. Зошто го велам ова. Па нормално е дека ќе има незадоволни од оваа власт и дека тие ќе се обидат да ја добијат власта и да ги поправат „грешките“ на претходниците или ќе понудат нови идеи за забрзан развој. Ова е нормално во секоја држава па и во еДржава.

Уште за време на првите избори се појавија луѓе кои критикуваа за еднопартискиот систем, но тогаш ситуацијата беше поинаква и постоеше сериозна внатредржавна закана. Сега тоа го нема. Јас тогаш на сите што прашуваа зошто упорно одиме со една партија им велев...„Ова се први избори, во овој момент тоа е најдоброто за еМакедонија, но веќе на наредните секој ќе си ја добие својата шанса за политичко дејствување“

Ова не мора да значи дека ние се делиме, едноставно не може сите исто да размислуваме по некои прашања.

Јас со сите свои сили и средства ќе се борам за обединување, но обединување кога се во прашање националните интереси. Внатрепартиските игри не ме интересираат, за мене секогаш на прво место ќе биде Македонија, а во случајов еМакедонија. Секој си има право политички да се определи, јас на пример во РЖ сум десничар, за овде ќе видиме 🙂

Во моментов во Обединета еМакедонија е стационирано најголемото еРеп искуство што еМакедонија го има, но тоа не значи дека нема други луѓе кои можеби ќе работат подобро од нас...велам од нас бидејќи јас сум член на таа партија и преку неа сум избран како конгресмен

Можеме да извлечеме поука од еСрбија, таму партиите меѓу себе очи си вадат за изборите но кога се во прашање националните интереси сите работат заедно...Јас не би сакал ние да си вадиме очи, но сакам да има една разумна политичка борба...и на секого да му биде главна цел подобра еМакедонија. Секако дека ќе има воајери кои ќе влезат во е-политиката за свои лични интереси, но сепак тука е мнозинството и тоа одлучува на изборите. Мнозинството ќе ја даде власта на оној кој највеќе ја заслужува

Затоа стојам цврсто зад идејата за политички плурализам во еМакедонија! И гласно велам НЕ за едноумието, бидејќи тоа кога тогаш ќе не одведе во пропаст.

Единствено апелирам да не се отвараат многу нови партии бидејќи тоа ви се залудно фрлени 40 златници кои многу ќе ни се најдат во одбраната на еМакедонија. Доколку најдете доволен број на истомисленици превземете некоја од веќе постоечките партии и таму спроведете ги вашите политички мисли


Да сте ми живи, здрави и долговечни!
Да ни е жива Македонија и еМакедонија 🙂

ПС: Едно нешто што сум го научил е дека во политиката никогаш не треба да велиш никогаш!...Политиката е курва да се разбереме...

Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски
Son of Aegean White Sea, a proud Macedonian
Македонски поздрав МнМ о/

ППС: Сите оние што обожавате цицки, дајте ми v&s...да се обединиме xD 😛