<< Шмеќерот: Македонската економија, од мој агол! >>

Day 1,246, 02:56 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Во мое време имаше 2 типа на деца: фраери и мазнички. Мазничките како по правило беа деца на богати родители. Секогаш џебовите им беа полни со пари. Ќе се соберевме децата од маалото 15-20 (машки и женски) и ке соберевме заедно толку пари колку да купиме една кутија цигари "Partner Mentol" (за да не не приметат дома дека сме пушеле секогаш купувавме ментол), а мазничките во нив имаа толку пари колку да купат цела штека од овие цигари. Во секое маало имаше по една до две мазнички и тие беа малцинство, додека мнозинството 15-20 деца по правило „живееја“ на грбот на мазничките. Која беше улогата на мазничките во нашата маалска приказна? Тие секогаш беа непресушен извор за пари. Кога ќе дојдеше пролет и кога ќе почневме да играме фудбал или кошарка по правило мазничките купуваа полукожени топки (кожените си беа нивни и си ги чуваа дома за да не им се излижат) од „Македонија Спорт“ за сите да можеме да играме заедно. Мазничките секогаш беа членови во сите видеотеки а ние на нивно име земавме порничи и ги гледавме заедно. Се разбира за порничите плаќаа мазничките. Кога за роденден ќе ни донесеа пиштоли на капси и за ден-два ке ги потрошевме капсите овде беа мазничките и со нивни пари купувавме капси за сите. Кога излегуваа на мода разни пикада, тетриси, видео игри, хилихоптери, скироли, лизгалки за снег, најразлични самолепливи сликички ... секогаш по правило тука беа мазничките и со нивни пари ги купувавме овие детски играчки. Некој од вас ке каже па да тие деца биле многу фер и големи другари па ни овозможувале да го имаме тоа што сме го немале. Но тоа воопшто не беше така. Сите тие што живееле во големо маало знаат дека мазничките по правило секогаш биле скржави, си гледале само за себе, биле кавгаџии, клеветчии и разгалени деца, имале многу пари но празни глави. Секогаш сме измислувале приказна и сме кроеле план како да дојдеме до нивните пари (кои тие ги имаа на претек) за да купиме некоја детска играчка со која ке можеме да си играме сите заедно.



Кога ја гледам сега еМакедонија ми личи на една таква мазничка од моето детство. Уште кога Драш беше претседател имаше фраери што ни направија приказна и ни го извлекоа целото злато за тенкирање. Додека Струмјанин беше претседател едни други фраери ни го откупуваа вишокот на производство и ни пуштаа денари во прометот, а едни трети фраери ни продаваа нивна q5 храна и оружје и така ни го извлекуваа златото кое секогаш по правило сме го држеле на најниска можна цена на ММ (сеуште неможам да сватам зошто). Денес додека Индија е претседател гледам дека истата приказна со истите фраери се повторува. Дечките не работат како бавча. Не научија дека сме мазнички и повторно ни го откупуваат лебот по 0.70МКД и ни пуштаат денари кои ние по автоматизам ги собираме во Народна Банка на Македонија и им се радуваме како мали деца на лампион. Истите фраери со нивна q5 храна и оружје ни го собираат златото од ММ. Дури денес работата е посериозна бидејки се појавија и домашни фраери кои не работат заедно со странците купувајки q5 храна и оружје од странските пазари и продавајки ја овде на нас. Значи не само што сме мазнички за другите туку станавме мазнички и самите за себе.Овој феномен не сме го имале во нашето маало (да бидеш мазничка и самиот за себе) но човек се учи додека е жив.

Мазничките постоеле и ке постојат и ние тоа не можеме да го промениме ниту да го сопреме, но ние како држава сме доволно зрели и искусни да не дозволиме да не работат едни исти фраери со една иста приказна. Време е да кажеме СТОП!
Кое е решението? Како еден изгубен економски случај како што е еМакедонија со полни џепови пари може да им каже стоп на фраерите и нивните глупи приказни и преку ноќ и самата да стане фраер кој ќе врти околу себе свои мазнички? Многу едноставно! Потребно е да се направат неколку работи:

1. Курсот на златото на ММ да го контролира државата на следниот начин: за 1 злато во еМакедонија потребно е да можеш да купиш повеќе жито, железо и q1 леб отколку во Србија. Зошто? Затоа што Србија е најголемата сила во светот и најсилната економија, таа има неколку свои официјални колонии (мазнички) а ние не треба да дозволуваме сеуште да бидеме нивна економска колонија.
Денес за 1 злато во еСрбија ке купиш 483 жито а во еМакедонија 487. Разликата е минимална и тоа не и овозможува извоз на еМакедонија и прилив на злато. Но доколку денес златото во еМакедонија беше 200мкд за 1 злато тогаш многу трговци ке купуваа леб од кај нас и ке го продаваа во другите држави. Наравоучение: секогаш производите на нашиот маркет да бидат МНОГУ поевтини од српските во однос на златото.

2. Да имаме стабилни цени на производите. Зошто? Државата мора да гарантира откуп на житото, железото и q5 храна и оружје на производителите од еМакедонија. Ако државата во континуитет им го откупува производството на македонците со тоа залихата на производи од нивните магацини ке ја префрли во државните магацини а парите од сметката на Народната Банка ке идат кај граѓаните. Која ке биде разликата? Парите сега кои лежат на сметката на НБРМ не служат за ништо освен да им се радуваат политичарите и да кажуваат кој повеке пари заштедил. Но ако тие пари се префрлат кај граѓаните тогаш граѓаните ќе ги потрошат за поголем инфлуенс и за да напредуваат во играва. Ако напредуваат граѓаните еМакедонија станува посилна држава.

3. Со залихите на железо и жито државата треба да ги стави во употреба сите q5 фирми за храна и оружје кои се во нејзина сопственост и да ги изнајми сите q5 фирми за храна и оружје кои се во сопственост на наши играчи со тоа што ќе им плаќа 10 дневен надоместок во денари. Во тие фирми државата ќе вработи нови војници. Неможам да сфатам дека еМакедонија не знае што да прави од вишок на 1 милион денари и вишок на производи а има само 150 државни војници. Секој ден се чудам на овој феномен и си викам толку ли немаме пријатели да не посоветуваат што се можеме да направиме со тие пари што ни лежат на разноразни сметки кога гледаат дека економијата за овие неколку поминати месеци ни е најслабата страна.
Си мислам дека ако ја земам еМакедонската економија во свои раце дека за 1 месец ке направам најголема и најорганизирана државна армија која секојдневно ке им помага на сојузниците, а и ке се бори за Македонија.

Но ние македонците сме чудна сорта. Никогаш не сме сакале нешто самите да сработиме туку секогаш чекаме нештата сами по себе да се организираат и да се сработат. Поубаво ни е да веруваме дека Господ ќе ни помогне или да веруваме во идоли и божества. Вчера македонците си најдоа нов идол, тоа е DexterMKD. Очекувам во наредните денови сите да бидат сконцентрирани на прашањето: што овој дечко би можел да направи за неколку месеци? Подобро ни е да живееме во фантазија која нема крај отколку да бараме решенија за нашите секојдневни проблеми.





За тие родени од старамајка што сакаат да стават shout:

Шмеќерот: Македонската економија, од мој агол!
http://tinyurl.com/4xbtn87

Срдечно Ваш
Шмеќерот 😉