>>Лошите жени, либидото и Републиканската Партија [Smekerot]<<

Day 1,524, 09:20 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Отсекогаш сум ги сакал жените, сум ги почитувал, сум се забавувал со нив, понекогаш сум ги терал и мајтап но никогаш не сум ги навредувал. Жени се жени, можеш се да им правиш ама не ги навредувај, греота е.

Според моето искуство лошите жени можам да ги поделам во многу категории во зависност според нивниот карактер а на вас мои пријатели ке ви претставам само неколку од нив.

ЖЕНИ ОГОВАРЏИКИ: Тоа се жени кои постојано зборуваат за некој кој што не е присутен во моментот кога се прави муабет. Немаат лоша душа но секогаш оговараат. Ќе слушнат нешто и нема да дослушнат и од тоа ќе направат приказна која ќе ја исфилуваат така да ако и ти си бил учесник таму ќе се чудиш дали тоа шо си го видел со свои очи е вистина или муабетот на оговарџиката е вистина. Во кревет ваквите жени не се ништо посебно и ретко ти остануваат во сеќавање дека си бил со нив. Но се додека се во твојот кревет тие те претставуваат како Бог, но штом ќе го сменат креветот одма за нив си најцрниот Ѓавол и насекаде само лоши зборови од нив можеш да слушнеш за себе.

ЖЕНИ ПОДОФИИ: Ќе дојдат и со муабет ќе те провоцираат да кажеш нешто за себе или за некој друг а потоа тој муабет ќе го прераскажуваат во чаршија. Уште не поминало ни еден саат од муабетот со подофијата а веќе цел град наголемо знае што се муабет сте правиле. Подофиите се слични на оговарџиките само што кај нив има и многу злоба. Ти прават лошо за да те уништат, да те сотрат и никогаш да не станеш. Во кревет се исто така клети. Не гледаат на нив да им е убаво туку цело време нешто се тегават и прават се за да на тебе ти ја расипат вечерта. Баш подофии.

КАТИЛ ЖЕНИ: Тоа е еден опасен вид на жени и да не даде Господ таква да ти се навее. Абе ќе дојде до тебе и ќе ти преде како маче, чиниш за тебе животот ќе си го даде, а позади грб гроб ти копа. Не знам што ги тера толку овие жени да бидат злобни и лоши но единствен начин да не се во ваша околина е воопшто да не им обрнувате внимание. Тие се многу мили и одма ви се туткаат во скут ама треба да одолеете и да се потргнете од нив. Овие жени никако неможеш да ги однесеш во кревет. Тие постојано ти зборат само за кревет и по цел ден те стрват со таков муабет, но кога ќе дојде време да легнат обавезно имаат некоја причина да не го направат тоа. Де глава ги боли, де им дошло баш тогаш, де биле изморени или имале некаква работа баш тогаш, де креветот не чинел и каква ли се глупост нема да измислат само да не легнат.

ЖЕНИ СРЕБРОЉУПЦИ: На овој тип на жени секоја втора дума им е пари, злато, богатство ... Ништо на овој свет не им е поважно од парите. Тие и родената мајка би си ја продале за пари. Таква жена можеш да купиш како шо се купува ориз на пазар. Штом ќе намирисаат пари тие одма се лепат како фластер за тебе. Ќе бидат околу тебе 24/7. Ќе ти бидат најверни и најмногу ќе те сакаат се додека имаш пари. Откако ќе снемаш пари или тие ќе увидат дека твоите пари се малку за нив ќе те напуштат во тој миг и одма ќе се залепат како фластер за некој друг со повеќе пари. Во кревет тие се најдобри но откако ќе заспиете одма ви влегуваат во портмонето и ви ги крадат сите пари. После ве убедуваат дека тоа така требало да биде, таков бил редот. Ако сакаш убаво да си поминеш во кревет ќе треба и ти да дадеш нешто, а тоа нешто е ПАРИ.

ЖЕНИ СО РЕПУТАЦИЈА: Овој вид на жени е доста интересен. Тоа се жени со добра репутација во градот. Си имаат другарки, братучедки, комшики што постојано за нив зборат се најубаво. Демек она многу знаела у школото и сите отценки и биле најдобри, многу помагала дома на нејзините, била многу умна и многу добро воспитана, кружат муабети дека е добра во кревет а не се знае кој бил со неа ... Но проблемот е што овие жени мора секогаш да бидат во центар на внимание. Со тоа си ја хранат суетата. Заради таа пуста суета ги глумат сите овие работи и пред јавноста се претставуваат во лажно светло. Како може да биде добра во кревет а да не била со никој до сега? Ќе дојдете до некоја таква, ќе ја соблечете и ќе видите дека никогаш не се депилирала и во креветот лежи како мртов коњ затоа шо нема поима шо да прави. Читала за тоа книги и слушала муабети од секого, може да држе предавање на таа тема но кога ќе дојде ред да одработи таа колабира. Не е исто за нешто да имаш прочитано или тоа истото да го чувствуваш. Еден ден целата таа глума паѓа во вода и овие жени почнуваат да служат за мајтап.



Кога постојано си опкружен со вакви жени почнуваат проблемите во твојот живот. Доаѓаш во состојба на летаргија и ништо околу тебе не ти е интересно. Почнуваш за светот околу себе да си ствараш слика според нивниот памет. Почнуваш да навлегуваш во нивниот филм. Па во чиј филм да влезеш кога на сите журки во последно време само тие се присутни. Без нив журка не почнува. Секој шо организира журка мора нив да ги покани. Тоа како некое непишано правило да е во последно време. Ако тие не ти се на журката тогаш журката нема да ти биде успешна. Се случува на некоја журка и некоја поштена женска да покаже квалитети и да остави убав впечаток, но лошите жени тоа одма го намирисуваат и му се лепат на камерманот само нив да ги снима. Поштената женска неможе да дојде до израз бидејки камерата нон стоп е вперена во лошите жени. После журката жените оговарџики сета заслуга за убавата журка им ја препишуваат на лошите жени, а поштената женска останува со прстот во уста.

Во последно време сите имаме проблем со либидото и сите се прашаме самите себе дали тој проблем произлегува од нас самите. Не е проблемот во нас пријателе. Врз либидото ти влијаат лошите жени и затоа креветот го користиш само за спиење а друго не ти доага ни на памет да правиш и ако го правиш го правиш ради реда а не заради тоа шо сакаш. Нема веќе предизвик, страст, копнеж ... Лошите жени се криви за таа состојба пријателе, а ние ништо не преземаме поради тоа.

Несакам да се мешам во женски работи. Никогаш тоа не ми ни било предизвик. Но сакам на едно место да се соберат вистински мажи што мислат со горната глава и кои знаат која женска е поштена а која е лоша. Сакам на едно место да се соберат вистински македонски мажи кои на своите журки нема да ги канат лошите женски. Сакам да покажеме дека можеме да направиме журка во која сите се забавуваат и убаво си поминуваат но без лошите жени. Лошите жени да ги оставиме настрана. Тие си ја испеаја нивната песна и таа песна сите ја научивме. Таа песна веќе не е интересна. На нас ни требаат поштени женски



Дојдете на нашата журка. Да им кажеме НЕ на лошите жени. Биди вистински МАЖ. Зачлени се во Републиканската Партија Мисли со своја глава другарче и недозволувај друг да мисли за тебе.

Зачлени се уште денес за да влеземе утре во ТОП 5 партии во Македонија и да можеме да излеземе на Конгресменските избори. Да им удриме клоца на лошите жени и засекогаш да ги изгониме од нашите журки.





СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш
Smekerot

За тие од старамајка што сакаат да стават shout:

Лошите жени, либидото и Републиканската Партија [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-1951418/1/20