>>ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот[Smekerot]<<
smekerot
Целта на оваа статија е да се створи СИСТЕМ за работа на Конгресот со што конгресмените и политичките партии би добиле поголема политичка одоворност во еМакедонија, а тоа би значело еден вид ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА на моќта на претседателот на државата и вклучување на Конгресот во водењето на државната политика. Тоа во реалниот живот се вика КОХАБИТАЦИЈА.
Според мене кохабитацијата во оваа игра е возможна бидејки конгресмените во своите раце имаат алатки кои можат да го спречат функционирањето на Владата именувана од претседателот па и самиот претседател. Тие алатки се: предлагање на закони за НЕ, даноци, донации; давање на државјанства; импичмент. Затоа политиката на Владата и политиката на Конгресот треба да се надополнуваат и да функционираат во КОХАБИТАЦИЈА.
За да се случи сето тоа потребно е по принципот на Владата и министерствата што функционираат во неа да се формираат КОМИСИИ во Конгресот кои тесно ќе соработуваат со министерствата на Владата во водењето и планирањето на државните политики.
Поради сето погоре напишано потребен е ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот што ќе го постави СИСТЕМОТ на Конгресот и ќе им даде можност на конгресмените да земат активно учество во политичкиот живот на еМакедонија, а со тоа ќе им даде уште поголема одговорност на претседателите на политичките партии да внимаваат кој ќе кандидираат за конгресмен, а кај граѓаните да се створи свест дека самите ќе бидат криви за нефункционирањето на Македонија доколку го продаваат својот глас на избори.
ПРЕДЛОГ ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА КОНГРЕСОТ
- Раководење со работата на Конгресот-
Седниците на Конгресот ги води Претседател на Конгресот кој се бира со просто мнозинство од присутните конгресмени на ОСНОВАЧКАТА СЕДНИЦА која треба да се одржи најкасно за 24 часа од официјалното именување на конгресмените од страна на Плато. Основачката седница ја води претходниот претседател на Конгресот или конгресменот со најмногу конгресменски медаљи.
На истата седница новоизбраниот претседател на Конгресот си именува најмногу 5 заменици (задолжително по еден од секоја политичка партија во Конгресот). Замениците ќе имаат улога на контрола на трошењето на парите од БУЏЕТОТ на Конгресот.
Претседателот на Конгресот најмалку 12 часа пред почетокот на седницата објавува ДНЕВЕН РЕД (google document) според кој ќе се разговара на Конгресниот канал. Дневниот Ред МОРА да биде ставен во topic на конгресниот канал.
- Комисии на Конгресот -
1. Комисија за КОНГРЕСЕН БИЛТЕН.
Оваа комисија ќе има за цел да ги објавува во јавноста СИТЕ заклучоци донесени на официјални седници на Конгресот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. КОНГРЕСНИОТ БИЛТЕН ќе биде издаван од личниот весник на претседателот на Комисијата по строго утврдени правила и стандарди. Правилата и стандардите за пишување и издавање на КОНГРЕСНИОТ БИЛТЕН ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за КОНГРЕСЕН БИЛТЕН. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Bilten
2. Комисија за ТЕНДЕРИ
Оваа Комисија ќе има за цел да ги објавува во јавноста сите ТЕНДЕРИ донесени на официјални седници на Конгресот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. ТЕНДЕРИТЕ ќе бидат издавани од личниот весник на Претседателот на Комисијата по строго утврдени правила и стандарди. Правилата и стандардите за пишување и издавање на ТЕНДЕРИТЕ ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за ТЕНДЕРИ. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Tenderi
3. Комисија за ДРЖАВЈАНСТВА
Оваа Комисија ќе има за цел да одобрува македонски државјанства. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата.
Комисијата ќе има за цел да ја проверува наплатата за одобрување на државјанства. Правилата и стандардите за одобрување на државјанства ќе бидат објаснети во ПРАВИЛНИК за ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВА. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Drzavjanstva
4. Комисија за ОДБРАНА
Оваа комисија ќе има за цел да го известува Конгресот за активностите на Генералштабот и МОД тимот. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата.
Членовите на Комисијата ќе присуствуваат на каналот на Генералштабот со право на збор (бидејќи таму ќе го претставуваат ставот на Конгресот) но нема да имаат право на глас во Генералштабот. Членовите на оваа комисија ќе бидат линк на Конгресот со Академијата по однос на воено безбедносните прашања на Македонија.
Оваа Комисија ќе има свој канал #Kongres.Odbrana
5. Комисија за НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Оваа Комисија ќе има за цел да го известува Конгресот за активностите на Министерот за надворешни работи и неговиот тим како и активноста на македонските претставници во ОНЕ. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. Членовите на Комисијата ќе присуствуваат на каналот на министерството за надворешни работи каде ќе го претставуваат ставот на Конгресот. На каналот тие ќе имаат право на збор без право на глас. Членовите на оваа Комисија ќе бидат линк на Конгресот со Академијата по однос на прашањата од надворешната политика.
Оваа комисија ќе има свој канал #Kongres.Nadvoresni
6. Комисија за ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА
Оваа Комисија ќе има за цел со средства од Буџетот на Конгресот да донира храна и оружје на македонските граѓани. Комисијата ќе биде составена од претставници на сите политички партии застапени во Конгресот кои ќе бидат избрани со просто мнозинство од присутните конгресмени на изборната седница. Комисијата ќе има свој претседател кој ќе биде назначен од претседателот на Конгресот но од редот на веќе избраните членови на Комисијата. ДОНАЦИИТЕ И СПОНЗОРСТВАТА ќе бидат објавувани во весникот на претседателот на Комисијата. Тие ќе бидат делени според правила утврдени во ПРАВИЛНИКОТ за ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА. Овој Правилник ќе биде донесен на седница на Конгресот, по предлог на Комисијата, со мнозинство на гласови од присутните конгресмени. Менувањето на ПРАВИЛНИКОТ може да се случи по предлог на претседателот на Конгресот поддржан од просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата.
Оваа Комисија ќе има свој канал #Kongres.Donacii
7. БУЏЕТ
Приходите во БУЏЕТОТ на Конгресот ќе се обезбедуваат од донации на Конгресмените од нивните медаљи, донации од граѓани, продавања на државјанства. Парите од БУЏЕТОТ ќе се наоѓаат на сметката на Претседателот на Конгресот. Буџетот ќе биде контролиран од замениците на Претседателот. За секој влез и излез на пари од БУЏЕТОТ потребно е евиденција во google document. На крајот од мандатот Претседателот и неговите заменици излегуваат со заедничка статија за потрошените средства од БУЏЕТОТ. Средствата од Буџетот се трошат исклучиво со одлука на Конгресот со просто мнозинство на конгресмени присутни на седницата, односно за тендер одобрен од Конгресот.
Доколку некој член на Комисија не присуствува на 3 состанока на Комисијата ќе биде заменет со нов член.
Еден конгресмен може да биде член на повеќе Комисии доколку има време и знаење да се справи со одговорноста.
Конгресот може да одлучи со просто мнозинство од присутните конгресмени на седницата да се формираат и нови и различни Комисии од предложените.
Пред некој ден еден дечко од Армакедон ми изрецитира се што во мојата единица Тигри сме зборувале на канал. Незнам јас какви хакери се Армакедонци и дали и како можат да читаат разговори по други канали но знам дека сите канали кои ги користат и во минатото ги користеле официјални државни институции се формирани од Армакедонци. Поради таа причина одбивам да присуствувам на канали од минатото каде што се собирале конгресмени. За таа цел формирав и нов канал за Конгресот #eMKD.Kongres кој за време на мојот мандат доколку бидам избран за претседател на Конгресот ќе биде официјален канал на Македонските Конгресмени.
Со оваа статија сакам да им се заблагодарам на сите играчи кои гласаа за мене и кои ми овозможија да го добијам првиот конгресменски медал и да помогнам играва да добие на сериозност, а Конгресмените од денес да не се третираат како БОТОВИ туку како дечки и девојки кои поради нивната политичка способност и храброст излегле на избори и добиле доволно гласови за да ги претставуваат македонските граѓани во Конгресот. Приликата ја користам и да се заблагодарам на партијата МРДЉС и нејзината претседателка Mia Coluci што ми даде доверба и ме кандидира за конгресмен.
За оние од старамајка што сакаат да стават shout
ДЕЛОВНИК за работа на Конгресот[Smekerot]
http://tinyurl.com/chn8zgz
Comments
o7 za Bato Smekerot
Bravo Smeki o/
o7 bravo smeki
covek so tolku idei ne e za vo kongres..... toj e za pretsedatel : )))))
Браво Шмекеру, еве ја твојата шанса... со среќа о/
Со среќа - се надевам дека барем дел од ова ќе се оствари - и во тој случај ќе биде подобро од сега
o>
ЗАЕДНО МОЖЕМЕ!! ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1912468/1/20
Vote + Chain Shout
Smeker, пронајди го кртот во своите редови, избегнувај facepalm ситуации со хакери кои читаат муабет од IRC (for more -> http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_Relay_Chat )
Инаку, секоја чест за трудот и идеите, ова одамна е потребно, само не се најде маж да го спроведе.. xD
Искрено добро осмислено не е нешто ново во ерепублик но тешко остварливо заради курташакот на повеќе конгресмени
а за последниот дел
http://youtu.be/PYay6nfSH1A
jas sum haklerot : P
http://www.youtube.com/watch?v=8OGaARSPShw
о7 Шмеќер
и честито!
Со среќа мајоре
o7
Uaaaaaa Diktaturaaaaaaa!!!!!!!
Поддршка за Шмекерот за претседател на Конгресот
Ti cestitam za pobedata na ovie izbori, no bi bila uste posrekna i pozadovolna koga bi te kandidirala za pretrsedatelski izbori 🙂
Se nadevam deka ke bides izbran za pretsedatel na kongresot, deka ke bide usvoen delvnik na rabota i deka kongresmenite ke se pridrzuvaat kon istiot.
o// smekerot
sekoja cest
dobar predlog
+
pretsedatel na kongresot da e i pretsedatel na MBPR mak.banka za podrska na razvojot
so uplata od 3.79 gold kreditozimatelot (so limit--zima 1000+7500 mkd za Q4 f-ka za raw...site ke dobieme a najvekje e makedonija
sredstvata se od budzetot a uplata vo NBRM
o7
Овие од "Третиот Пат". Овие што беа про-ОеМ ориентирани сепак те кандидираа за конгресмен.
И да, честито конгресменска титула.
o7
Само ти можеш да ми го смениш мислењето за конгресот.
АКо све од горенаведеното имплементираш во практика, треба да си крунисан за ЦАР на Македонија.
o7 smekerot
cestito , so tebe sme 🙂
Ништо не разбрав од тоа што имаше напишано. btw. ако можете помагајте ми нова сум незнам како функционира уште играва.
o7 smekerot
Čestitam ti!!!Sve najbolje!!!!Uz tebe sam.
Браво, искрено мислам дека ова е малце преголем залак, ама еве барем дел од ова да се оствари ќе биде супер.
Шмеќер за диктатор на Конгрес!!! о/ хахаха
cestito smekeru o7
o7
АКо све од горенаведеното имплементираш во практика, треба да си крунисан за ЦАР на Македонија. +100
o7
o7
o/
o/
Ова е тешко остварливо, во конгресот влегуваат и многу несериозни и млади играчи, исто така тешко остварливо но не и невозможно е воспоставувањето на линк помеѓу конгресот и владата, тоа многу зависи од добрата волја на самите претседатели. До сега таква соработка мислам дека покажа само Don Tas, другите во главно го игнорираа конгресот или го користеа како марионметка кога им беше потребен.
cestito i samo napred
o7
Одлична идеја! Бори се да ја ставиш во практика.
Единствена забелешка имам за КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА.
Председателот во својот МОД тим ги става своите најблиски и најдоверливи луѓе кои заедно со него ја креираат воено безбедносната политика на земјата. Не знам колку е паметно неколкучлена комисија на конгресот (луѓе кои не знаеме по кој основ стигнале во конгресот и кои се нивните интереси) да имаат увид во најдоверливите информации на една еДржава.
Heraklejski
Мора да го срушиме МИТОТ или ако сакаш СТЕРЕОТИПОТ дека во Конгресот има само БОТОВИ, исфрустрирани дечишта кои единствено со поткуп доаѓаат како конгресмени. Може имало и такви генерации на конгресмени но со овој ДЕЛОВНИК кој на Конгресот му дава поголема сериозност и граѓаните во иднина ќе се запрашаат за кого ќе гласаат, а и претседателите на политичките партии ќе се запрашаат кого кандидираат.
На крајот на краевите секој конгресмен може да предложи закон за НЕ па тоа досега не било злоупотребено, освен во случаи кога немало доволно комуникација помеѓу Владата и Конгресот па некој сакајќи да помогне гласал на своја рака.
На хартија изгледа добро дали во практика е остварливо и како ќе функционира ќе видиме.
Глас за статијата а и шаут.
naskoro da te vidime kako pretsedatel
Praviot chovek za vo kongres. Chestitki.
o7