-->> Sezona na parenje <<--

Day 1,203, 10:22 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Денес добив Hard Worker медал и 5 голд па се мислев дали да ги потрошам на некој бустер или да ги лупнам за весник. Се одлучив за второто. Нема повеќе да замарам по туѓите весници со долги коментари туку ќе си пишувам статии во мојот весник, барем додека е ладно и девојките не почнат да носат миничи. Кога ќе почне сезоната на миничи завршува сезоната на виртуелните игри и започнувааат реалните игри и предизвици. Во животинскиот свет тоа се нарекува „сезона на парење“.

Сте знаеле ли дека целиот животински свет има секс само и само да се оплодат и да си го продолжат својот животински вид, а единствено делфините и луѓето освен за оплодување имаат секс и заради задоволство.

Бидејќи Македонија е конзервативна земја, а и 500 години сме биле под Османлиско ропство кај нас тоа задоволство е срамно и најчесто луѓето го доживуваат како нешто за што не треба да се збори, нешто лошо, гадно ... Дури и зборови како мобинг ги заменуваме со „шефот ти мава секс“; „секс во маалото“ ти е кога некој ќе ти шибне клоца или ластик затоа што не слушаш; „секс во војска“ ти е кога ќе те тераат да правиш склекови на секој час и да го чистеш тоалетот со киселина и гас маска; „секс во еРепублик“ ти е кога ќе изгласаш претседател од АрМакедон и ќе ти го снема целото злато од државата 😃.

Да Ви кажам искрено за мене тоа не претставува секс. За мене сексот е најголемото задоволство. Понекогаш тоа задоволство се граничи со екстаза. Има периоди кога чувствувам задоволство и додека ја играм оваа игра. Па понекогаш сексот можам да го споредам и со неа. Но да не ја тупам повеќе со сексот. Сепак ова е мојата прва статија. Му ја посветувам на gnoj01 бидејќи и тој како мене е фан на Моника Белучи а и ми го даде првиот subscribe за весникот 🙂 (на непрочитана статија). Друже се надевам дека имаш лесна рака и ако не друго барем додека да почне сезоната на миничи да добијам 1000 претплатници за да си го земам медалот а златото уште сега ќе му го ветам на тој што ќе ми изработи некои сликички кои ќе ги вметнувам во весникот за да биде по шмеќерски 😉



Уживајте во ова видео и останете ми со 100 здравје.

Ваш, Шмеќерот 😉