>>Шчо напраифме и шчо требаше да напраиме за однапред?!?<<

Day 1,223, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Нема да должам многу, економијата е најслабата страна на ова раководство.Додека тие да донесат одлука дали денарот треба да девалвира или не на човек да му пукне курната жила.
Во мое време имаше еден тип на женски шо беа ногу згодни и сите им се пуштавме. Во една вечер имаа по десетина удварачи, а дома сами си одеа. Ке ги молевме да ги однесеме до дома, да ги испратиме а тие арогантно ке не откачеа бидејки беа најубави. Сеа сите до една останаа стари моми. Сега ни на девојки не личат. Огрознети се како бабароги бидејки немаа секс кога требаше да имаат за да станат уште поубави.
Во тој стил се понаша и нашето сегашно раководство кога станува збор за економијата. Сите шо малце од малце се разбираат економија им велеа дека денарот треба да девалвира, а тие беа занесени од победите во битките и историската победа над италијанците и баталија да се занимаваат со економијата.
А што се случи во мегувреме додека тие на слон влегуваа во Рим?Цената на житото беше на 0.03МКД, за воља на вистината јас лично имам купено околу 20.000 жито во тоа време по 0.02МКД. Администраторите видоа дека цената на житото може уште да паѓа и почнаа да го откупуваат лебот од нашиот маркет по 0.40МКД додека на маркетот имаше понуда од повеќе од 200 фирми за леб по цена од 0.33МКД.
До што доведе тоа? Денес додека ја пишувам оваа статија администраторите го откупуваат лебот по цена од 0.60МКД а цената на житото е 0.05МКД. На нашиот маркет од над 400 фирми што продаваа леб сега немаме ни 200, од над 700 фирми што продаваа жито сега немаме ни 200. Од друга страна и на пазарот на жито и на пазарот за леб немаме по 30 фирми што продаваат леб и жито по минимална цена.
А од друга страна како самиот ѓавол да ги тера тие почнаа да го девалвират денарот и денес злато на ММ може да се купи по 90МКД. Смешно ама вистинито! Затоа сакам да ги поздравам со една песничка од Бис-Без Дал да плачам ил да пејам .


Што требаше да се направи?Македонија во изминатите 2 седмици беше во своето златно време. Имавме огромна залиха на производи од секаков тип а воедно освојувавме и многу територии. За ситна пара од околу 30.000МКД ќе се откупеше 1.000.000 жито по 0.03МКД и за околу 15.000МКД ќе се откупеше 500.000 железо по 0.03МКД. Значи за само 50.000МКД ќе се откупеа 1.500.000 ресурси од нашиот пазар кои ќе служеа за производство на евтин леб и евбтино оружје за војската или ќе се чуваа како државна резерва за стабилизирање на маркетот ако цените на ресурсите почнат стрмоглаво да растат. Некој од вас ќе рече дека 50.000МКД не се ситна пара! Точно е дека за мене и за вас тоа се многу пари но за буџетот на Македонија каде што сега има над 770.000МКД тоа е навистина ситна пара. Тоа е само 6.5% од целиот буџет.
Која цел ќе се постигнеше со таа постапка?Пазарот на ресурси ќе се стабилизираше на 0.04МКД за жито, нафта, железо ... (тоа е 0.08МКД по старо). Висината на платите ќе си останеше непроменета, а денарот ќе можеше да се девалвира за да се зголеми потрошувачката на производите а со тоа Македонија да прави поголем инфлуенс во битките во Италија. Сега наместо нашата држава да откупи 1.500.000 ресурси по багателна цена тоа го направија админите одејки еден чекор понатаму и откупувајки 250.000 леба од нашиот маркет по просечна цена од 0.50МКД. Со таа мерка тие пуштија 125.000МКД во македонската економија. За 2-3 дена Струмјанин ќе ги собере тие 125.000МКД во буџетот и се ќе си биде по старо, но јас сакам да ве прашам сите вас едно клучно прашање:
1. Дали е подобро буџетот на Македонија да има 125.000МКД повеќе или тие 250.000 леба да беа претворени во 500.000 здравје на македонските играчи а тоа здравје во инфлуенс во битките кои ги водиме(во Италија или за нашите сојузници безразлика)?
Според мене сите пари што стојат некаде на сметка (под перница) и не донесуваат профит исто како да ги немаме. Гледам дека сегашната економска политика е како онаа приказната со македонецот и кубурата што ја носел за зло време. Накратко ќе им ја кажам на тие шо не ја знаат. Еден Турчин многу малтретирал некој наш селанец од Македонија. Го омаловажувал, го тепал а овој нашиот ни со збор не му противречел. На крајот турчинот посакал и да му го бапне на македонецот и му рекол да си ги соблече потурите и да му се поднаведне. Македонецот почнал да се соблекува и кога му се поднаведнал од путурите му испаднала кубурата. Турчинот се исплашил од пиштолот и го прашал селанецот зошто му е пиштол? А овој му одговорил: „за зло време“! хахахаххаа ... така и нашава работа сега. Во касата веќе 2 месеца се чуваат над 770.000МКД и ако прашаш некој од момците зошто ги чуваат тие пари ќе ти одговорат исто како и нашето македонче „за зло време“ 🙂
Друже Струмјанин па побогу шта ти је? Со цената на житото од 0.03МКД можеше да направиш уште најмалку 200 војника во АРМ без око да ти трепне. Тоа беше златното време за Македонија кое тешко дека ке се врати назад. Сега треба да очекуваме период на стагнација бидејќи хиперпродукцијата во Македонија веке ја нема. Твојата политика ја намали цената на производите, админите го искористија тоа и го откупија за мизерни 125.000МКД, а парите ти ги подарија за да им се радуваш гледајки ги на сметката на Народна Банка на Македонија . Во следните неколку дена тоа ќе го забележиш по инфлуенсот во битките кој ќе почне да се намалува. Нема да има повеќе рекорди. Сега ќе треба нешто и да се поработи 🙂 Би сакал во ваква ситуација како што сме да можеме да ја избришеме Италија од мапата. Но најискрено почнувам веќе да не верувам во тоа. Како и да е времето ќе си покаже.



Ова требаше да биде кратка статија, ама недела е денес па сите имаме повеќе време 😉

За оние родени од стара мајка што сакаат да стават шаут 🙂

Шчо напраифме и шчо требаше да напраиме за однапред?!?
http://tinyurl.com/62u45dx

Поздрав
Шмекерот