БРАВО МАКЕДОНИЈО!!!

Day 1,177, 08:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Новиот модул на играта и ефтините фирми го донесоа своето. Се изотворија фирми колку што бива и не бива. Секое детенце - фирменце... Цената на артиклите УЖАСНО падна, и што е најинересно, сеуште не се продава. Платата е намалена за неверојатни 30% за еден ден! Со оглед на тоа што не се продаваат артиклите, цените УШТЕ ќе паѓаат, со тоа и платите. Со тоа Македонската економија ќе го достигне апсолутното дно! Моментално, во Индонезија платата на еден просечен играч е околу 0.4 злато. Тајван - 0.41. Македонија 0.25 злато! Истиот модул, различен менталитет! Македонија е моментално без сенат, и навистина тешки одлуки му претстојат на Струмјанин. Еве ги моите предлог мерки:
- Привремено зголемување на даноците, за да се насобере солиден кеш во државната каса.
- Минимална плата 6 МКД.
- Суровини 0.1 денар. Суровина може да се стави на пазар по цена помала од 0.1, само ако има 5000 или повеќе непродадени артикли. Казната за прекршителите е камиказирање од страна на владин тим или вработените.
- Леб Q1 0.95 денари
Плата (околу дадената бројка) :
до Сениор 10
Координатор 12,5
Специјалист 15
Експерт 17,5
Мастер 20
Гуру 22,5
Гуру* 25 (+2,5 по скил)
Македонското просечно ниво (мастер) ќе зема 40 здравје на ден (изразено во q1).

Царините да се зголемат уште за некој процент, бидејќи навистина не ни е потребно ама баш ништо од увоз, кога имаме се што ни треба овде...

Како да се постигне ова? Ќе мора да има државни интервенции. Најпрво, зголемување на даноците, па по неколку дена промена на минималната плата. Следна интервенција е откупување на суровините од страна на државата. Следно е откупување на готовите производи - леб и оружје. Создавање на огромни државни резерви. И тука доаѓа намалување на даноците, дури и под сегашното ниво....