Нови опции на е-репаблик...

Day 1,175, 05:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Воведени се некои наводни поедноставувања, но овие поедноставувања, за почеток се чинат како комплицирања. На пример - како да се отвори нов весник? Нејсе, поставувањата се тука за да ја подобрат игривоста, и секако да донесат повеќе пари на е-репаблик тимот.

Како да појдете на работа, тренинг или на пазарот на труд, за да најдете работа?
Со кликање "My Land", влегувате на визуелен преглед на нештата кои главно беа во My Places.

Со кликање на сликата на компанијата одите на работа. Слично е со тренингот. Доколку поседувате компании, тие се истотака ставени како сликички, па за работа како менаџер важи истото. Крупна грешка од е-репаблик е начинот на кој одите до „детаљи“ за компанијата. Имено, прво за кратко застанувате на сликата, па се појавува линк за детаљи... Белки овој проблем нема долго да трае.
Подолу имате свои места, кои ги поседувате и се празни, но со 10 злато (порано беше 20+20 - рефундирани) и со 12-ти левел, може да си отворите компании. И на крај има места за купување. Местото чини 1000 МКД, кои ги немам за да опишам како точно се купува. Логична претпосавка е дека се купува со клик.

Сега второто. Како е-репаблик ќе стигне до подобар профит. Некако вака: Помала цена на компаниите, повеќе компании. Повеќе компании, поевтини производи. Тоа значи помали цени, а тоа значи помали плати... А тоа значи помал приход од злато, односно за да го имаш - треба да го купиш. Моето размислување е тоа. Ќе видиме колку е одржливо, и дали е така.