Се вратив во Македонија

Day 1,166, 02:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

И се потсетив како е! Иако имав решено фирмите да ги држам само како менаџер, со што не ми треба повеќе од 10 минути дневно, сепак решив во лебарата да ставам само еден вработен, со цел да имам леб за борби (ми требаат 70 парчиња, јас произведувам 50). И за да не ризикувам да ставам некој хот-шот сениор да ми работи со 20 здравје, ставив оглас за Експерт. Ич-малку, треба да е 20-30 дена во игрва, па ги знае правилата. И оп, влегува почитуваниот Експерт да не го етикетирам јавно - и работи со 25 здравје... Како што си работел во Бугарија, за да оштетува бугарски фирми, сега си работи кај мене, за да оштетува Македонска фирма.
Пишувано е на таа тема, дури и допишувано. Нема мастило за допишување. Мора нешто да се преземе... Мојот предлог, до сите работодавци е следниот. Сите понуди за плата од Апринтис до Сениор да бидат 2 денари. Потоа по денар за секој скил повеќе. А штом вработениот изработи еден ден, му праќате донација за тој ден - и му ја зголемувате платата од наредниот. Инаку нема шанси. Не да пишуваме, не да трошиме време и нерви на убедување дека не смее да работи со мало здравје - туку принудно. Мали плати ја маркет - големи за оние кои ќе работат... На крајот на краиштата, работникот ако влезе и изработи со 100, а газдата не сака да плати - другиот ден работникот културно ќе работи со 10 здравје...за ум на газдата. Само така волкот ќе е сит и овците на број. Мојот Експерт (за глупирање) - морам да го отпуштам од работа. И ќе бидам прв кој ќе ја стави платата за експерти 5 денари. Воедно, Експерт кој сака да работи за 17.8 денари - нека аплицира на овој оглас за 5 денари. Остатокот од првиот ден ако работи здрав, ќе му го платам како донација (12.8 денари).