Пирин не го даваме!!!

Day 1,152, 08:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро вечер Македонијо каде и да си...

ќе започнам со една тажна но сепак вистинита констатација „Единствено Вселената и Македонија се граничат сами со себе!“

Пред малку еБугарските окупаторски војски започнаа со напад на Пиринскиот дел на Македонија. Браќа и сестри Македонци збијте ги густо редовите, подајте си рака еден на друг и мирно и сложно да го одбиеме овој акт на агресија врз древната Македонска земја.

Со мудрост и ладна глава, со лавовско срце, да застанеме на браникот на нашата татковина. Да се бориме со срце за Македонија!


Битката за Македонска Софија е битка за гордост, за достоинство, за национално обединување. Нашите браќа Пиринци ја почуствуваа слободата овие неколку дена и треба со животот да ја браниме таа слобода. Да покажеме како се брани татковината и потоа заедно сложни да тргнеме кон ослободување на Беломорска Македонија.

еБУГАРИ ИМАМ САМО ЕДНО ДА ВИ ПОРАЧАМ!!!
ПИРИН НЕ ГО ДАВАМЕ!!!

Ве поздравувам со една песна за пиринскиот цар, Јане Сандански, трн во окото на Бугарската хегеномонистичка и асимилаторска политика испеана од доаенот на изворната Македонска песна, Васка Илиева.

http://www.youtube.com/watch?v=R8gjp-tTzKs

Мајко Македонијо, други да раѓаш да те ослободат!



Ги замолувам новите играчи да не се борат, чувајте се за ослободувањето на Солун! 🙂
Македонци гласајте и ставете во шаут, да видат нашите браќа Пиринци дека не се сами!


Пирин не го даваме!!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1638013/1/20


Да сте ми живи, здрави и долговечни. Сакајте ја Македонија бидејќи таа ни е се’ што имаме!
Ваш,
Иван Ванчо Македонски, горд Македонец од Беломорска Македонија