Бесплатно лепче за новите играчи + Среќна Василица

Day 1,150, 13:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добро вечер Македонијо каде и да си,

во очи на големиот Христијански празник посветен на Св. Василиj попознат кај народот како Василица или Стара Нова Година се решив да оргaнизирам една акција за мала помош на новите играчи

Имено како што мојот добар пријател Бобо ака PhoenixMK во неговата статија рече: НОВИ ИГРАЧИ! ВИЕ СТЕ ПРИОРИТЕТ НА еМАКЕДОНИЈА! 🙂

Да не должам многу...што треба да исполните за да добиете 2 парчиња q2 леб кои носат 8 здравје (health)!?

1) Да сте еМакедонец или еМакедонка 🙂
2) Да сте еРодени во новата 2011 година
3) Да ја прочитате статијата на Министерството за Образование КЛИКНИ ТУКА ДА ЈА ПРОЧИТАШ
4) Да се претплатите (Subscribe) на весникот на Министерството за Образование ^ ^
5) Да оставите коментар дека сакате лепче 🙂

Храната ќе биде обезбедена од вредните раце на вработените во мојата фирма МнМ Храна за јунаци 😃
Храната ќе биде поделена утре (петок) во попладневните часови кога ќе си дојдам од работа 😃
Планирам да поделам по два леба на околу 150 играчи односно целата количина која во моментов ја имам во фирмата


Ако ви треба помош во вид на совети околу било кој дел од играва можете да ме додадете за пријател и да ми пратите порака.
Само ве замолувам немојте да ми праќате пораки за леб, лебот се добива со коментари (на вакви пораки нема да враќам).





До постарите играчи ве замолувам да ја помогнете акцијава со вашиот глас и шаут за што повеќе нови играчи да ја видат статијата!
Ве замолувам ако немате претплата да се претплатите на мојов весник, се ближам кон четвртиот ММ медал 😉

За многу години нека ни е празникот. Нека здравје, љубов и среќа го исполнуваат вашиот живот нареднава година. Сакајте ја Македонија Македонци, таа е се што имаме. Да живее Македонија. Да сте ми живи, здрави и долговечни

Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски
МнМ о/

ПС: Сакам да се заблагодарам на ТВ Сител и новинарот Александар Сарметина, кои несебично ја помагаат еМакедонската заедница. Брат да бев претседател ќе те поставев за градоначалник на Варна xD ...Момци одиме на морето!!! 😛