Се вратив од Мексико...

Day 1,136, 06:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Значи страшно, човек не може два дена да ве остави сами, ситуацијава е калакурница, па морав да се вратам...сТрам да ви е ми го расипавте одморот со мојата секретарка

Е сега шала на страна...никаде не сум бил ин-гејм, очигледно некои од нас тешко ја сфаќаат иронијата па добивав пораки како „друже алал ти вера, со државни пари си отворил фирми во Мексико па уште и се цепаш во јавност“ или „до кога ќе патиме од синдромот на Македонското предавство?!“ итн итн (пораките се парафразирани и цензурирани бидејќи имаше и некои погрдни зборови 🙂 )
зафатен бев ирл и морав два-три дена да се дистанцирам од активното играње и утринава фатив да читам весници да надокнадам и има што да видам...

1) Србија и Унгарија го напуштаат сојузот Феникс...

Нешто вакво и се очекуваше, бидејќи реално гледано сојузот функционираше само на хартија (читај еХартија), во суштина секој си ги поставуваше своите интереси на прво место особено по измените кои ги воведоа админите. Бидејќи ние не бевме вклучени во директна војна дадовме безрезервна поддршка, 110% од нашите можности во војните на нашите соседи и сојузници Србија и Турција, како и солидно учество во битките на другите сојузници од Феникс пред се Унгарија, Франција и Германија. Иако во јавноста се поставуваше прашањето дали треба ние вака кревки да се трошиме во битки за наши сојузници во моменти кога и ние бевме под закана за напад, верувајте ми овие наши постапки ни обезбедија огромен почит во очите на нашите сојузници особено Србија, Турција и Унгарија. Македонските аватари се гледаа на сите фронтови, а особено кога требаше да се удри по Данајциве. Читајќи го официјалните соопштенија за напуштањето на сојузот ме израдува фактот дека бевме спомнати во плановите за нови сојузи особено на Балканов. Една мала и прилично нова еМакедонија покажа дека стои цврсто на определбата за едно братско сојузништво со државите, да дава се од себе во битките за сојузниците и заедно со нив да се радува на победите. Затоа мислам дека ја заслуживме почитта и дека во моменти кога на нас ќе ни биде тешко ќе можеме гордо и достоинствено да побараме помош од нашите сојузници.

Како ќе се одвиваа работите во иднина не зависи само од нас. Во моментов на повидок е затишје пред бура. Мораме активно да се вклучиме во плановите за нови сојузи со нашите стари сојузници. Иако сум во аут деновиве сигурен сум дека претседателот и министрите за надворешни и одбрана активно работат на случајов, исто како што сум сигурен дека секој еМакедонец ќе ги искористи сите свои еКонтакти за зацврстување на пријателството и сојузништвото со сите земји кои ни подаваат рака.

Времето ќе покаже но мислам дека еден ваков сојуз помеѓу Македонија, Србија, Унгарија и Турција ќе биде поефективен од гломазниот Феникс кој се простираше на три континенти. Секако мој став е дека треба да си ги задржиме добрите односи со сите земји од веќе поранешниот сојуз Феникс.

2) Случајот со thedragon и изборните измами...

Најискрено жалам за целата ситуација, бидејќи и лично го запознав Бобан змејот на двата еРеп собири и не очекував вакво нешто од него. Тоа што го направил не го оправдувам, но нема да му судам, сепак ова е игра. Мислам дека самиот ќе си извлече поука од ова и ќе се извини за стореното.
Единствено ме чуди зошто никој не посочува со прст кон оние што дале мито и што прифатиле да ја играат оваа валкана игра па откако биле измамени се јавуваат во јавноста демек они се жртви. Ако некој човек е принципиелен ќе одбие таков предлог и ќе го објави пред сите, но очигледно кутрите тие заслепени од сјајот на конгресменскиот медал се понадевале дека ќе успеат со измама да се догребат до фотеља (читајте уште еднаш еФОТЕЉА човече) xD
Нејсе се надевам ова ќе служи како пример во иднина да не ни се случуваат вакви глупости.

3) Војна...
Се повеќе во јавноста забележувам коментари па и статии од некои играчи кои тврдат дека им било досадно и дека им била ветена војна па затоа се приклучиле на играва па сега се чуствуваат измамено. Еве јас ќе ви го кажам моето мислење...
Мене не ми е досадно во играва, едноставно ја сфаќам како забава, а на кој му е досадно нека оди да игра кантер и таму да ги тепа „лошите момци“ бидејќи тој што ова го вели очигледно не сфатил дека ова е стратегиска игра и дека не треба секогаш да се оди со главата во ѕид...
Моето мислење е дека ни треба војна. Но не војна само за да ги задоволиме оние на кои им е досадно. Јас сакам добро обмислена воена кампања во која еМакедонија заедно со своите сојузници територијално ќе се прошири и ќе завземе територии со некои од ресурсите кои ни фалат. Некои велат, ова е игра, ништо не губиме ако пробаме...да, се сложувам, но зошто и во ова да не влеземе победнички, она битно е да се учествува е утеха за лузерите.
Како што гледаме мнозинството е за војна со соседите особено на југ. Искрено и јас би сакал да се разбудам еден еДен и на профилот да ми пишува Location: Macedonia, Macedonia, oсобено бидејќи водам потекло од тој дел на Македонија. Но јас повеќе би сакал тоа да биде убаво организирано и спроведено во една координира акција отколку безглаво да го потрошиме целото злато кое го имаме и да ја пропуштиме шансата поради брзоплетост.
Затоа можеби е подобро да одиме со варијантата презентирана од демигод, да изнајмиме еден регион со железо од Србија, да причекаме како ќе се прегрупираат земјите од екс-Феникс, да зајакнеме уште малку и потоа да ги покориме Данајците како што заслужуваат. Тогаш дури и да неуспееме би се чуствувал горд на Македонското единство и нашата истрајност...

Ви благодарам за вниманието, се надевам не бев досаден xD
Да живее еМакедонија и мајка Македонија
Да сте ми живи здрави и долговечни, многу здравје, љубов и успеси на секое поле во новата 2011-та година...сите ве сакам 😛
Ваш,
Иван Ванчо Македонски

пс: Да си се пофалам...од вчера и официјално можете да ми се обраќате со Дипл. Маш. Инг. xD 😛....Да живее Џони Шетачот!!! 😛