Житото 0.05... Се прашувате како и зошто? Еве одговор...

Day 1,214, 02:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Читајте што ви пишува Плато и размислувајте! Имате производство на сурови материјали (пченица, нафта, камен и железо) зголемено за 100%. Тоа значи, ако еден работник вчера со 100 здравје правел 200 пченица, денес истиот работник ќе прави 400 пченица. Значи ако вчера ти се исплатело 200 пченица да продадеш за 0.07 денари и да заработиш 200*0.07 = 14 денари, денес ќе заработиш 400*0.05 = 20 денари! Значи со цена од 0.05, ќе извадиш од истиот работник - 20 наместо 14 денари заработка. Ова значи дека цената од 0.05 ќе остане таква единсвено ако скокнат платите (веќе почнаа да скокаат). Високите плати во индустриите за сурови материјали нема да може да ги следат Q1 компаниите за леб и оружје, што ќе доведе до брзање овие компании да се подигнат барем во Q2 (новиот модул вели еден ист работник произведува исто „парчиња“ без оглед дали прави тенкови или пиштоли). Ова ќе доведе до рапидна побарувачка на злато, односно златото ќе постигне вредност барем за 30% повисока од сегашната вредност. Пазарот ќе се стабилизира со цена на житото од 0.04, евентуално со 0.03 ако земјава дебие регион богат со жито.
Размислувајте, АМАН. Од сабајле културно бустирав со 200% во сите житни компании (имам 3). Го продадов житото за 0.06 и отиде како АЛВА! Заработив 7 злато со дадени 2.97 (чист ќар 4 злато), благодарение на тоа што некој не се труди да разбере што ќе се случи ако одеднаш во светот има двојно повеќе жито од вчера. Да бидам искрен - помило ќе ми беше да не ги заработев парите, ама да знаев дека СИТЕ размислуваат!