Кандидатура за преседател (UNISTUVAC MKD)

Day 2,166, 09:08 Published in North Macedonia South Korea by King Theoden
Со среќа нека ви е Македонци и Македонки ( со мене како ваш CP )

Дојде време во овие досадни месеци да ве израдувам и да ви кажам дека ќе се кандидирам уште еден месец за CP. На кој му се допаѓа ОК си е, а на кој не нека почне да бара партија која ќе го кандидира за мој противник да не испадне после пак сум тепал духови. Него доста ве замарам, волку не ве замарав целиов изминат месец колку сега. Иначе за мене месецов помина супер, ја доведов Македонија во една благосостојба која одамна ја немало, нема тролови, нема замарање, нема работа, нема војни, само МИР. Ви ветив РАЈ и еве ви го. Кога јас ви викав дека комунизамот е супер вие не ми верувавте, остана само уште Мане Кремпита да го убедам и толку, или на голи оток. Него остај само јас јас и јас. Овој месец ќе работам гратис само за вас. Бидејќи немаме конгрес, а немам ни противник уште сега се самопрогласувам за доживотен еПретседател на Македонија (немој некој да се заебал да се кандидирал ќе ми расипе плановите за саботажа на НБРМ). Сите кои се надвор во странство и се вратат месецов назат ќе добијат голд за бесплатно тренирање со сите бустери, а останатите што се веќе во Македонија ќе ги пратам на одмор каде сакаат на наше море. А и да, да не заборавам на мојот отчет за прошлиов месец.
За првата половина од месецот веќе дадов отчет, додека за втората половина еве ви ОТЧЕТ другото го потрошив за плати и ручеци (службени се разбира).
А сега останете ми со здравје и се гледаме за 30 дена кога се новите избори.

ПМС.
Да не заборавам дека го најдов брат му на ЗОКИ КАПСЛОК.