[ПРЕДИЗБОРЕН ДУЕЛ] United Macedonia(OeM) Vs. Makedonija Do Indija(МНФ)

Day 1,220, 13:31 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Ајде сите по еден глас и по еден пост

[ПРЕДИЗБОРЕН ДУЕЛ] United Macedonia(OeM) Vs. Makedonija Do Indija(МНФ)
http://tinyurl.com/6afh8dn


Повеќе работа, помалку празни муабети. Елоквентен кадар, квалитетна надворешна политика, умерена борба против дефлацијата. Со вакви адути, владејачката ОеМ ќе истрча на утрешните избори. Зголемување на бројот на потпишани МПП и ширење на листата на сојузници како и претпазлива но мудра политика се главните точки од предизборната програма со која опозицијата планира да ја превземе власта. И двајцата се согласуваат дека напредокот на Македонија е евидентен но секој има свои аргументи, зошто токму неговата партија би требало да ја добие поддршката на еМакедонците.

Основна работа поради која сметам дека граѓаните треба да ни ја дадат подршката е поради тоа што ние помалку збориме, а повеќе работиме. Нормално кој работи има и грешки, но сметам дека напредокот на еМакедонија е очигледен во овие 4-5 месеци. Секако тука најголем удел имаат играчите кои со толку желба и интерес ја прифатија играва. Голем придонес за тоа имаат и сите досегашни влади кои беа формирани од ОеМ“ – вели партискиот шеф Macedonia United

Дека има придвижувања во државата се согласува и ледерот на опозицијата Makedonija Do Indija. Сепак според него, власта прави кардниални грешки на бојното поле.

Околу војните...Војната со Италија беше храбар чекор.Но повторно кардинална грешка во координирањето на терен.Дали ги потценивме, или толку им се способностите на надредените, тоа е друго прашање.Но еве веќе сме длабоко навлезени во ,,Чизмата,, и сите грешки брзо се забораваат“ вели во изјава за МИА претседателот на МНФ Makedonija Do Indija.

За лидерот на владејачката ОеМ, иднината на еМакедонија е во алијансата NWO/ONE, каде како што вели членуваат најсилните ерепублики. Но еМакедонската дипломатска офанзива не застанува овде. Доколку ја добијат довербата на утрешните избори, од Обединета еМакедонија ветуваат напори за зголемување на списокот со верни сојузници, како и релативно коректни односи со земјите со кои постои анимозитет и во реалниот живот.

„Наша цел е дополнително утврдување и подобрување на односите со членките на алијансата, а пред се тука мислам на Шпанија и Полска. Исто така се трудиме да имаме што помалку непријатели, и да пробаме барем со оние земји со коишто немаме интереси кои се судираат да одржиме неутрален однос што е добро за нас. Секако односите со оние држави како Хрватска, Бугарија и Романија не ни се обидуваме да ги поправиме, бидејки пред се ги почитуваме нашите сојузници кои се од секогаш непријатели со нив“ – вели во изјава за МИА Претседателот на ОеМ, United Macedonia

Сепак, додава тој, претпазливата надворешна политика не значи дека ОеМ се откажува од идејата за враќање на етничките граници на Македонија.

“Во врска со војна настојуваме барем уште сега да нема директен контакт кој ќе биде предизвикан од наша страна кон нашите непријателски соседи Бугарија и Грција иако не ја исклучуваме можноста за такво нешто и од наша и од нивна страна. Сепак, како што реков јакнењето на нашите играчи ќе ни биде приоритет уште некое време, а она што е сон на секој Македонец, а тоа е Македонски Солун ќе дојде порано или подоцна. Само трпение - спасение што викаат“ – вели United Macedonia.

Дека се чувствуваат позитивни придвижувања на дипломатски план, признава и претседателот на МНФ. Сепак, тој има поинаков план за развој на надворешната политика.

„Во последно време надворешната политика на Македонија мрдна од мртва точка.Но тоа не е доволно.Пред се мора да ги отвориме видиците што пошироко и подалеку, и да се склучат сојузи со како што милувам да кажам ,,држави со кои имаме заеднички непријатели,,.Целта на вакво нешто е многу едноставна,ќе се зголеми процентот на луѓе кои војуваат од Македонска страна.Значи, треба да се оди и на квантитет кај МПП, тоа е пракса кај многу силни држави.Друга работа што не ми се допаѓа е преголемата зависност на Македонија од одредени држави, и за сметка на таа ,,зависна политика,, го загубивме Бразил како сојузник.Треба да си ги градиме позициите по наш терк, затоа што сме веќе земја за респект, и треба да си имаме своја гравитација, а не да бидеме сателит“ – изјави претседателот на МНФ

Според него, влегување во брза војна со Грција не е поволна опција за еМакедонија. Вели, патриотските чувства не се посилни од Мастер картичките и предлага насочување на воената моќ на другите т.н. „традиционални непријатели“

„За војна со јунанистан, мислам дека не сме спремни. Барем сега засега, патриотските чувства и еуфоријата не се посилни од Мастер Картичките...Ама затоа, време е за одмазда на нашите моментално најголеми непријатели бугарите, па јас мислам дека целиот народ би бил задоволен ако реципроцитетно им вратиме...Исто така, не е лоша идеја да се влезе и во Азија, за повеќе региони многу јасно“ – дециден е Makedonija Do Indija.


На економски план, од ОеМ ветуваат многу труд и напори за надминување на проблемите. Според нив, админите прават голем проблеми со пазарните интевенции и честите промени на правилата, но според шефот на владејчката партија, тоа не смее да бие оправдување за како што вели, една сериозна полтичка опција, каква што е ОеМ

“Да бидем реален не сум некој си голем економист но искуството во играта ми дава право да кажам дека барем во последните 7-8 месеци економијата највеќе зависи од админите. Секако нема место да се оправдуваме од тој изговор туку ќе се трудиме да изнајдеме сите заеднички прифатливи решенија со цел колку што можеме да ја стабилизираме и унапредиме нашата економија.
Тука најдобар одговор би можеле да ви дадат нашите економисти сепак мое мислење е дека наеднаш голема девалвација потикната од државата не треба да има. Сметам дека е доволно војната што носи поголем прилив на денари и со тоа постепено квалитетно паѓање на денарот со цел да добиеме поефтини производи во државата и повеќе од производите да одат на извоз во други држави. Значи постепена девалвација зошто е време на војна, па денарот ќе си дојде на свое место“
– вели United Macedonia.

Сепак, ОеМ не ја исклучува идејата за државни интервенции на девизниот паар.

„ Секако и државата ќе се вклучи со вметнување на денари да го “убрза“ малце тој процес, и притоа да ги зголеми златните резерви во Народната банка на Република Македонија. Значи сум за девалвација но постепена, со тоа и нашите играчи ќе добијат поголема пристапност до оружјето и храната а со тоа и поголемо влијание во битките како и нивен побрз напредок“ – дециден е шефот на владејчката ОеМ

За лидерот на опозицијата, власта води катастрофална и нетранспарентна политика. Според него, економијата во еМакедонија е запоставена.

„ Економскиот аспект во оваа игра, поточно ситуацијата во еМакедонија од страна на нашата влада, ќе ми простите ама морам да кажам дека е запоставен. Доволно е да погледнете кога било последното издадено официјално соопштение од нашето Министерство за економија и се ќе ви стане јасно. Иронично е кога за економски прашања одговараат други членови на владата наместо назначениот министер. Сепак сите ние како обични и верни граѓани заслужуваме да ни биде објаснето зошто курсот е тој, зошто платите се тие и какви мерки се превземаат да имаме колку толку „стабилна“ состојба“ – вели Makedonija Do Indija

За разлика од владејчката партија, МНФ има други проекции за девизниот курс. Според нив, девалвацијата е неопходна и треба што побрзо да се ефктуира.

“Земете го само курсот на денарот спрема златото. Ние имаме преценет курс а тоа воопшто не е добро ако сакаме да станеме земја конкурент, т.е. со еден збор ако сакаме шпекулантите да купуваат од кај нас а не да продаваат на нас!!
Девалвација е потребна, колку побргу толку подобро. Точно е дека ако имаме девалвација мкд/злато рациото ќе биде помало ( повеќе мкд за 1 злато) но сепак тоа на долг рок ќе доведе еМакедонија да продава повеќе производи, што значи ќе се отвараат и ќе се бараат и повеќе работници. “
– вели лидерот на опозицијата

Во врска со ценовната нестабилност, ОеМ чекаат да видат какви ќе бидат ефектите од последните промени во играта. Сепак, од партијата не седат со скрстени раце и веќе располагаат со нацрт план за надминување на ситуацијата

„ Во врска со стабилноста на цените на производите допрва треба да се видат ефектите од новите промени па да се најде решение. Сепак малку ќе биде потежок тој дел со оглед на тоа дека конкуренцијата е многу поголема во Македонија, се отворија доста нови фирми и сметам дека треба да се постават само државни најниски граници на цените па да интервенираат државните организации доколку има пониски понуди од тие “најниски граници“ за потребите на државните фирми како и војската односно да помогнат со откупување на производите во рамките на можностите како што реков. Сепак да ги видиме подобро ефектите во наредниот период “ – објсанува за Македонскта Информативна Агенција, поретседателот United Macedonia.

За МНФ, девалвација ќе ги реши сите пазарни проблеми, а меѓу нив и проблемот со цените

„ Со еден збор девалвацијата ќе ги избрка шпекулантите од нашите пазари коишто го уништуваат нашето домашно производство. Стабилно производство – стабилни цени“ – јасен е претседателот на МНФ

Од владејчаката партија велат дека работат и на зголемување на наталитетот во земјата. Велат дека веќе имаат контакти со одредени медиуми од реалниот живот, но не откриваат со кои. Според нив, не треба да се трошат кредитите кај реалните медиуми, кога нема некоја атрактивна тема за објавување

„План конкретен за промовирање има некаков и има некои сајтови што рекоа дека може ќе ни помогнат. Како и да е ние секогаш сме подготвени за бебиња иако сметам дека не треба да се трошат кредитите за промоција во медиумите кога немаме сериозна тема да ги заинтересира.
Значи сметам дека можеме да почекаме уште малку, иако како што реков секогаш сме спремни да реагираме и да им помогнеме доколку се реши некој да помогне со промоција. Секако да ни се јави барем едно 1-2 дена пред промоцијата да се подготвиме што подобро“
– вели United Macedonia

Конкретни планови за нов Бејби Бум има и во МНФ. Според нив, исто колку што е важен приливот на нови играчи, важно е и нивното задржување во играта.

„ Секогаш сме тука за новите играчи.Но целта не е само да се направи бејби бум, и да се препуштат работите на случајноста. Бејби бум не е мала работа, треба да се настапи спремно, преку туториали во мера на спам, за да им го трасираме правиот пат на нашите бебиња.Што се однесува до проновирање на играва, во срамежливи преговори сум со еден мк веб сајт, но затоа потоа.“ – таинствен е Makedonija Do Indija

На помалку од 12 часа пред почетокот на изборниот процес, од владејчката партија им порачуваат на еМакедонците да бираат според делата, а не според зборовите

“Тој што само пишува, а не работи не е достоен да ја добие Вашата подршка. Немора некој да биде во влада за да помогне на еМакедонија, зошто постојат безброј начини од акции до конкретни предлози.
Да не заборавиме дека Македонија е на сите Македонци и треба меѓусебно да си помагаме а не да коваме планови и да се обидуваат некои да ствараат опозициски фронтови со цел рушење на некоја си влада по секоја цена со цел да се докопаат до министерско место.
Да не дозволиме да местата ги зимаат потрчковци туку квалитетни луѓе, ние од Обединета еМакедонија не ги наметнуваме нашите членови туку ги оставаме пред се самите да се докажат дека имаат потенцијал и квалитет а останатото порано или подоцна ќе го добијат.
Пример за тоа е и Струмјанин со кого и докажавме дека нас не ни е битно кој левел сте, колку имате искуство во играта или нешто друго. Туку битен ни е квалитетот! “
– енергичен е лидерот на најголемата партија во еСветот.

Со свое обраќање до електоратот излезе и лидерот на МНФ. Според него, причината зошто граѓаните да гласаат за промена на власта е едноставна

„ Причината е едноставна. Демократија во Македонија. МНФ, не ги ротира своите најистакнати 5 - 6 членови околу сите функции како што е тоа во ОеМ. Ние за секој сегмент од државата имаме компетентен кадар. Настапуваме со транспарента политика, ги претставуваме нашиот начин на работа и планови јавно, за разлика од ОеМ.Имаме комплетна програма како до подобра Армија,како до подобра надворешна политика, економија“ – тврди Makedonija Do Indija

Изборите започнуваат утре за помалку од 8 часа, а најголема конкуренција на владејчката ОеМ е здружената опозицска коалиција МнФ – ВМРО – ВЕП.
Досега, сите изборни циклуси ги добиваше ОеМ. Партијата во моментов го контролира и претседателското место, за кое на последните претседателски избори добија поддршка и од опозициската МНФ

Ајде сите по еден глас и по еден пост

[ПРЕДИЗБОРЕН ДУЕЛ] United Macedonia(OeM) Vs. Makedonija Do Indija(МНФ)
http://tinyurl.com/6afh8dn