Фторнички

Day 2,171, 02:20 Published in North Macedonia Nigeria by efiljo II

Вторник.
Скопско педерско ветре испунето со лапавица ми штипе образи дур кампирам на станица. У глава превртев Битлс дискографија плус безброј пати Хелп на рипит – залудно. Фамозна Драчевска 41 локомотива ван делник не е заeбанција, башка некои блокади… 3 месечеви циклуси.
До мене златокоса цура со укомпониран жути кишобран – редок ендемски вид од романтизмот. И неа ја затрефи иста судбина ко мојата, само некој саат покасно… пусто свинско пред Велигден!
Мора да сме сродни души: музикофили, пост комунистички жртви на транзицијата, двајцата иаме фејсбук… и ред други небитни реторики ми се вртеа у глава.
Него, како да и пријдам беше прашањето за миљон долари.
Сакав да го побијам стариот дека титулите на Менаџер се години фрлени у вода. Е сеа, пошто секој шоњо знае дека против 3 класи појак тим се игра мудро… решив да применам искуство. Ultra Defensive. Спуштив капуљача, кренав веѓа и наместив интелектуална фаца. Мора да падне!
…и така пријателе дур она паѓа, паѓа и паѓа, ја мистериозно се вртам еден век околу неа као шестар и чекам да згреши у одбрана па да удрам контра. Не ни видов кога стигна Украинката.
Моментално се створи диво индијанско племе у сред градско подрачје. Бесконечно стампедо од геријатрија у татнежот на воени крици за напад – совршено изигра сцена од “индискиот воз”.
Бем ти влада.
Девојчево сирото, бушаво, уплашено ко да го силувале… јас видно потресен.
Ете затоа више си го поштуем ФАС него животната средина. Човек може да ги наслушне две станици унапред и да си фати пол позиција. Башка со малава ќе удрев сви у напад во продужетци, па што биде нека биде. Вака тешко реванш да има…
Тешко и столчиња богами.
Едно само изнад тркало, а мене пусти љубовни романи ме замајаа дека не е убаво ја да седам а клара да стои. Џентлменски ја понудив, а она ни фала, ни осмех, ни те сакам… ништо! Ваљда е срамежива, или па не и се седи.
Си фативме по една шипка и више на прва кривина почна нејзиниот стриптиз перформанс. Коса се таласа, груда лево, груда десно, трбушни… а ја допишувам у библија дека најголем грев е да се трепне. Го замолив Севишниот да го поживее тој што му дал возачка на шоферов.
После тоа искочивме на Првомајска и танцот стивна, а ја се вратив у реалноста.
Не ми се свиѓаше.
Врхунац од стендап комеди – сите седат, ја стојам. Па уште и дискретно ме подјебаваат. Стари волци ме прочитаа што сум намерил и ми ја компарираат храброста со муда на комарец. Јасно беше кој е дворски шут у причава…
Да беше Крис Такер на мое место, друг филм ќе играше:
Тежиште пребацуе со дискриминирачки фори кон најдебелиот у публика. Во овој случај инвалид у количка.
Пардон влекач.
Прво следи предизвик у степување, евентуално ако го болат нозе-танц. После тоа имаш громогласно навијање од цел автобус “и кој не скока и тој е шиптар”, за на крај да се констатира колку го бичел дубакот у уздолница… онаа после Плетвар.
Али не сум ја таков. Не е мој стил.
Чисто онака напоменав на една бабетина дека од вчера, на автобусов задња станица му е Бутел. Вест ко вест, ако е добра се шири брзо, ако е лоша – уште побрзо.
Да видите вие Мадам Тисо у сред четерскец (четерскромид)! Па и на радио коа цврцна восочни лица и оловна тишина… Прајслес! Да пуштев тендер, одма ќе ги тртнеа ко споменик.
На следна станица ме симна контрола ради предизвикување меѓу-некојаси нетрпеливост, нарушување спокојство и 3 инфаркта.
Се симна и она.
Ја чекаше дечко и Марфи со некоја си вештачка буљотина од икебана.
Кујзнае што ќе беше, тој да не беше…
… ама беше.
Увек е.