ВЛАСТА СПИЕ - ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ

Day 1,218, 08:42 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



ВЕ МОЛАМ ШАУТИРАЈТЕ ЗА ПОДДРШКА

ВЛАСТА СПИЕ - ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ
http://tinyurl.com/62uahml


EDIT

Пошто има некој кој вика дека вака е убаво, се ни е ефтино, па јас еве, ви направив една споредба со земјите околу нас и некои појаки економии од надвор. Еве ви ја статистиката


Македонија 1леб = 0,32, 1голд = 74 = 231.5 леба 1леб = 0,0043 голд
Босна 1леб = 0,45, 1голд = 114 = 253 леба 1леб = 0,0039 голд
Бугарија 1леб = 0,33, 1голд = 92.43 = 280,1леб 1леб = 0,0035 голд
Грција 1леб = 0.35, 1голд = 97 = 277 ,1 леб 1леб = 0,0036 голд
Романија 1леб = 0.39, 1голд = 93.5 = 239 леба 1леб = 0,0041 голд
Србија 1леб = 0.33, 1голд = 92 = 278.8 леба 1леб = 0,0035 голд
Франција 1леб = 0,55, 1голд = 93 = 169 леба 1леб = 0,0059 голд
Бразил 1леб = 0,41, 1голд = 106.5 = 260 леба 1леб = 0,0038 голд
Унгарија 1леб = 0,55, 1голд = 100 = 181 леб 1леб = 0,0055 голд
САД 1леб = 0,33, 1голд = 96 = 290,9 леба 1леб = 0,0034 голд


Значи станува збор за Q1 леб. Цените во сите држави се прикажани во нивните национални валути.
На крајот излегува дека еМакедонија го има еден од најскапите лебови во околинава, па и пошироко. Значи, џабе што ни е јака валутата, кога со 1 голд купуваме најмалку лебови. Не јадат странските економии бидјќи кај нив, цената на лебот е поефтина, него овде јас да го произведувам.
Ниската цена на лебот во Франција, од каде купував сабајле (беше 0,29 FRF) ги привлече сите странски купувачи (меѓу кои и јас). Тие купуваа на нивниот пазар и тоа влијаеше до зголемување на побарувачката и намалување на хиперпродуктивноста. Поголема побарувачка, по автоматизам значи и повисока цена.
Што е послаба било која од овие економии?

Ова е првичниот дел на текстот

Девалвација

Можеби станувам досаден, ама, и натаму останувам на барањето за девалвација. Цврсто стојам на таа теза и барам и власта и опозицијата да ја разгледаат оваа опција и да ја прифатат, бидејќи македонската економија од ден во ден тоне се повеќе, играчите кои имаат само по 1 фирма немаат никаква математика да ја работат, а производите во странство, се далеку поконкурентни и поефтини од овие дома.

Еве ја мојата денешна математика, пазарев во Франција
1 голд во франција е 95 француски франаци
Можам да сменам 10 голд кој во Македонија го купив по 73 денари за 1 златник или вкупно за 730 денари.
Голдот го продадов во Франција за 950 француски франаци.
Q1 Лебот во оваа земја е 0,29 француски франаци.
950 франаци / 0,29 = 3275 Q1 лебови
Значи си купив во Франција 3275 Q1 лебови за 10 голд.
Ако израчунаме колку тоа чини во наши пари, искача следнава математика
Бидејќи дадов 730 денари за голдот, а купив во франција 3275 векни леб
730 / 3275 = 0,22 денари за една векна леб.
Значи, јас во еМакедонија си донесов леб за 0,22 денари за една векна.

Епа почитувани господа пекари, нека ми каже кој од вас (освен мулташите) има математика да го продава лебот по оваа цена? Зошто би го произведувале кога може да го увезуваме по цена која е пониска од производството?

Овде прашање..

ЗА КОЈ СЕ ГРИЖИ ОВАА ДРЖАВА?
КОГО ШТИТИ ОВАА ВЛАСТ?
ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГА ОВАА ОПОЗИЦИЈА?


Мислам дека основно за секоја власт е да се грижи за своите граѓани. Гледањето како тоне економскиот брод на еМакедонија и непревземајќи ништо, кај мене отвара сомнеж, па ќе прашам..
Дали појаките играчи своите заштеди ги чуваат во денари и поради ограничувањето не можат наеднаш да ја сменат во злато, па не им одговара да ја девалвираат националната валута?
Дали на појаките играчи повеќе им одговара ефтино злато за да можат лично да се развиваат со тие бустери, додека обичните луѓе не можат да се прехранат и секојдневно ги затвараат фирмите?
Од кои причини ниту власта се решава да се справи со се поизразената дефлација, ниту пак опозицијата е спремна да повлече одлучен потег и во својата програма да внесе девалвација на денарот, која неминово мора да се случи.
Од последниот текст што го пишував, па до денеска, денарот е за околу 10% поефтин во однос на златото, што според мене е резултат на благата медиумска кампања и се поголемиот број на денари, кои мулташите почнаа да ги пуштаат во економијата, тргувајќи со комапнии од странство.

Кој треба да се грижи за граѓаните и економијата на еМакедонија

Од последната статија која ја објавив во врска со девалвирањето на денарот, единствен кој посериозно ја зема предвид беше Лазароса. Со исклучок на неколку пратеници од власта и мислам еден од опозицијата, никој не најде време да размисли, кои се придобивките, а кои негативните ефекти од девалвацијата.
Нивните коментари беа сведени на лаички анализи, направени за помалку од 30 секунди....
Не ми е јасно, зошто по партиска директива на членовите на ОеМ им беше забрането да гласаат за мојата статија?
Ништо поразлично не беше ниту во опозицската МНФ
Сите што дадоа коментари беа некои помалку развиени граѓани, кои освен нешто што виделе на ТВ, немаат никаков контакт со економијата.
И нормално, кога немаше поелоквентни фаци, дебатата се сведе на едно ниско ниво, што се сомневам дека беше и цел на политчките партии.

Овде ја прашувам власта...

Ако не се девалвира денарот, како мислите да се справите со хиперпродукцијата која не уништи?
Ако не се девалвира денарот, како мислите да се справите со се поиразената дефлација?
Ако не се девалвира денарот, како планирате да обезбедите ценовна стабилност?
Ако не се девалвира денарот, како мислите да ја направите конкурентна еМакедонската економија.

Придобивки

Веќе неколку пати пишував, но не ме мрзи, јас не се откажувам од оваа акција, која со оглед на пораките кои секојдневно ги добивам, од ден во ден станува се помасовна.
Големи се придобивките од девалвацијата на денарот.
Во горниот дел од текстот јас веќе напишав, како денеска заработив над 150 денари, поради поефтиниот француски франак.
Значи, јас Франција како земја нешто посебно не ја сакам. Таму одам зато што има профит. Денеска бев во Франција, вчера во Србија, завчера во Бугарија. Кај има профит таму одам. Вечерта се враќам и го трошам тоа 300 здравје во битките против Италија, ама дење, кога станува збор за бизнис, знаете... тука нема патриотизам... тука царуваат бројки.
Затоа, ако се намали вредноста на денарот, на ист начин како што мене ми одговараше да патувам до франција за да купам 3000 леба, така и на некој од франција ќе му се исплати да дојде во еМакедонија и да купува производи од нашиот пазар.
Значи, замислете си сега, покрај нашиве еМакедонци, на македонскиот пазар да купуваат уште 20 000 играчи од сите земји во светот.
Тоа ќе ни донесе придобивки на повеќе полиња.

1. Ќе влијае позитивно на намалување на хиперпродуктивноста.
2. Ќе ги нормализира цените и ќе влијае на нивната стабилност, на ниво кое одговара за еМакедонската економија.
3.Ќе ги зголеми државните приходи од даноци
4. Ќе го зголеми бруто-домашниот прозивод на земјата
5. Ќе ги врати работниците во фабриките
6.Ќе ги нормализира платите
7. Ќе ја направи играта поинтересна


Ако било кој успее да извади волкав број на аргументи против девалвирањето на денарот, тогаш јас ќе признаам дека сум погрешил.

Небулози

Дел од играчите, кои мислат дека се разбираат од економија, најверојатно на ТВ слушнале дека кога државата го девалвира денарот, тогаш економијата е во криза. Точно е дека кон вкави мерки се пристапува кога економијата е во криза, но овде се поставува прашањето... зар еМакедонската економија сега не е во криза?
Колку поголема криза треба од оваа за да се пристапи кон некоја од економските мерки кои стојат на располагање.
Пазарната дисторзија во нашата економија е веќе одамна направена. Во моментов се соочуваме да ситуација кога имаме повеќе производи, отколку што имаме пари во оптек. Тоа во економијата е ситуација позната како дефлација, или обратно од инфлација.
Економската теорија не прави разлика во штетите кои ги прават и инфлацијата и дефлацијата. Значи, ако на ТВ сте слушнале дека инфлацијата е многу штетна за економијата, еве овде ќе прочитате, (можете и да гуглате малку) дека ништо помалку опасна не е дефлацијата. Се надевам дека тоа на своја кожа одмна го чувствуваат сите менаџери кои играат поштено.
Значи апелирам, да се најде маж кој е способен да внесе дел од тие денари кои стојат во трезорите на НБРМ.

Крај

Во екот на предизборната трка, и власта и опозицијата, наместо да презентираат предизборна програма, тие се препукуваат на лична основа. Ниту една од актуелните партии на еМакедонската политичка сцена не е подготвена довербата на еграѓаните да ја побара врз основа на предизборна програма.
Она што тие сакаат да го наречат програма, во најмала рака е несриозно предвидување, направено без никаква анализа.
Во моментов и во двете партии течат внатрешните избори за конгресмени. Тоа значи дека секој конгремсен посебно поднесува своја кандидатура и во неа, освен името од РЖ и возраста, не може да се прочита ништо што ќе ме натера како гласач да дадам поддршка.
Јас, sarmetina не сум член на ниту една полтичка партија. Што е уште полошо, ниту една од партиите не ми објаснува зошто би требало да станам нејзин член или да речеме симпатизер, гласач.
Искрено, господа од власта и вие од опозицијата, сакам да ми кажете, што како партија ќе направите доколку дојдете на власт. Мене совршено не ме интересира што ќе направи некое конгресменче од 16 левел кое 2 месеци е на играва и во политика влегува само за да го има медалот на профил. Тоа мало конгресменче ќе си гласа како што ќе му каже партијата, па затоа сакам да видам, конкретна предизборна програма од секоја од партиите. Мислам дека претседателот на партијата е задолжен да го прави тоа и да ни го презентира нам, обичните смртници.


ВЕ МОЛАМ ШАУТИРАЈТЕ ЗА ПОДДРШКА

ВЛАСТА СПИЕ - ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ
http://tinyurl.com/62uahml