ВанЧо дели леб и жабји батаци xD

Day 1,217, 04:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добар ти ден Македонијо каде и да си о/

Статијава ќе ја искористам да поделам леб на Македонски играчи под 20-ти левел, но ве замолувам сите да ја прочитате, да ја гласате и да удрите по еден шаут што повеќе да ја видат. Однапред Ви благодарам.

Како што веќе знаете (барем поголемиот дел се надевам) вечерва по изгласувањето на законот за природен непријател ќе тргнеме во напад на Италија. Затоа од огромна важност е да ги чувате своите борби додека можете односно до последното логирање на играва, а верувам дека вечерва после 20 часот сите ќе се уклучите барем уште еднаш.

Исто така гледате дека во моментов има дигнато востание во регионот Central Montenegro. Ова востание е предвремено дигнато од страна на еден играч кој се полакомил да го добие Resistance Hero медалот. Повеќе за тоа можете да прочитате во весникот на Министерството за одбрана на Црна Гора ---> ТУКА!
Од особена важност е да не си ги трошите борбите на ова востание! НЕ СЕ БОРЕТЕ НИТУ НА ЕДНАТА НИТУ НА ДРУГАТА СТРАНА! Тие што се надеваат дека лесно ќе дојдат до Battle Hero медалот се лажат, ќе дојде некој многу појак странец и со 5-6 убиства ќе ви го земе медалот пред нос. Не бидете лакоми, ќе дојдат вашите 5 минути верувајте

Е сега да прејдам на главното...
[irony😮N]Големиот лопоф, ВанЧо за да си ги искупи гревовите реши да сподели со народот малку од украденото[irony😮FF]

На располагање имам 300 q2 леба произведени од вредните раце на вработените во фирмата MnM Hrana za junaci, која е една од првите пекари на тлото на независна еМакедонија. Во план сум да поделам по 5 q2 леба (20 здравје) на првите 60 Македонци што ќе се јават и ќе ги исполнат условите!

Значи се’ што треба да направите е следното:

* Да се претплатите на весникот на Министерството за одбрана и редовно да ги пратите наредбите односно секој пат пред да се борите прочитајте каде вашиот инфлуенс е најпотребен - линк до весникот и кликнете subscribe
* Да сте Македонец/Македонка и да сте максимум 20-ти левел
* Да пишете коментар дека сакате леб
* Лебот да го искористите вечерва во војната со Италија
* Да ја прочитате целава статија и двете напомени кои ќе ги пишам подолу и ако не ви е тешко да ми удрите претплата ако немате и секако шаут не е на одмет 🙂

Напомена бр:1 - Количините на леб се ограничени така да ќе добијат првите 60 кои ги исполнуваат условите
Напомена бр:2 - Лебот ќе биде поделен после 16:00 часот кога ќе си дојдам дома од работа 🙂 и ве молам не ми праќајте пораки туку доволно е само да оставите коментар

Исто така битно за сите: Кога ќе почне војната, немојте се’ што имате да испукате во првата битка. Особено ова важи за припадниците на воените единици. Дојдете на IRC каде што удираме организирамо и гледаме да ја добиеме битката без расфрлање на инфлуенс



Ајде Македонци повелете на тазе лепче од Македонска фурна 🙂

Ваш,
Иван Ванчо Македонски, АрАмија прва класа xD
МнМ о/

ПС: Achtung Panzer!!! Една моја лична порака до Вас и до вашите лидери: Ајде да седнеме на „маса“ и да се договориме, ДОСТА БЕШЕ ПРЕПУКУВАЊЕ ПО СТАТИИ, за доброто на еМакедонија, да ги „закопаме“ воените секири (во главата на некој еЖабар xD)
Да живее еМакедонија!!!онеелевен