[ВанЧо] Зошто се преселив во Ал Бахах

Day 1,468, 13:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добра вечер Македонијо каде и да си \o/

повторно контроверзии го тресат нашево ни мило е-општество. Денеска се случи напад врз нашиот главен град, а вооедно и оригинален регион Повардарие, сето ова доаѓа после успешното ослободување на гејците, кои осоколени од новиот кредит на Европската Унија ги напумпаа своите кредитни картички и удрија јако да ја ослободат својата е-татковина...

Е сега, доаѓа одлука од страна на власта сите да се преселиме во регионот Ал Бахах, кој е под Македонска власт, а инаку е оригинален регион на Саудиска Арабија. Отпрво не ми се допадна ова и го сметав како повлекување под налетот на гејците, но откако размислив малку го гледам ова како резервна варијанта...

Првата опција е и треба да биде: ОДБРАНА НА ПОВАРДАРИЕ!!! http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/17494

Но треба малце и да расмилиме на вторава опција...доколку Повардарие како главен град падне, тогаш главниот град автоматски се префрлува на наредниот регион што има најголем број на жители. Во случајов тоа се: или Источна Македонија со ~1650 жители или Западна Македонија со ~1600...

Во моментов во Ал Бахах има приближно ~650 жители, што значи бројката од 1600 е достижна особено доколку од овие два региони влечеме популација, како во оргиналните се намалува, толку помалце ќе треба да има преселени во Ал Бахах...ако ви текнува едно време за Red Sea Coast имавме преселено и преку 3,5к жители, ама сепак тоа бе други времиња 🙂

Нејсе да не го тупам многу, јас се преселив и ве повикувам и вие да го сторите тоа. Некои ќе прашаат зошто, еве неколку од причините зошто јас тоа го направив...

1. Во прв ред, затоа што ова е мултиплејер стратегиска игра и понекогаш иако не се сложувам со нешто, ќе ја почитувам одлуката на мнозинството, во случајов одлуката на власта избрана од мнозинството на еМакедонци

2. Како второ, сведоци сме дека во моментов имаме само три ресурси кои дури и такви се под закана и тие да ги изгубиме. Со ваквиот план би можеле да го префрлиме главниот град во помирен регион (за разлика од Балканов) каде што би можеле да уживаме во ресурсите и од зад грб да ги мавнеме гејциве (знам дека тоа го сакаат, па да им направиме меракот 😃)

3. Дури и да го одбраниме Повардарие ќе ни следи тешка и исцрпувачка пинг-понг војна со гејците...да се разбереме не се тие толку слаби, последниов период се штедеа затоа и немаше некој сериозен отпор од нив. Во таа пинг-понг војна ќе влеземе со многу малку ресурси, видно потрошени обидувајќи се да ги задушиме грчкиве бустераши кои деновиве мамето ни го е*баа.

4. Доколку останеме на Балканот со овие ситни ресурси ќе ни се случи масовен одлив на државјани по сојузниците како би ги користеле нивните ресурси.

Последниве месец дена па и повеќе додека ја држевме Гејлада под окупација, дојде до големо опуштање кај нас, ни удри славата во глава.

- Додека ние грдни милиони инфлуенс расфрлавме по небитни битки, бркајќи се едни со други за да земеме медал, гејците собираа „зимница“ и се спремаа за ослободување.

- Додека ние имавме 8 ресурси, понекогаш и 3 кога ќе не исечеа во Егејска, гејците си распрскаа низ еСветот во земји со 10/10 и спремаа тенкови и леб за ослободувањето.

- Како кец на десетка им дојдоа разно разни попусти на голд, купување на делови за базуки, комплет од чоколатца по багателна цена и какви се не глупости, а како капак на тоа беше оној бустерот кој голем дел од гејските тенкови го изнакупуваа и имаат 44% појак инфлуенс, овој бустер според мои сознанија сеуште трае за тие што меѓу првите го имаат купено демек како најверни потрошувачи.

Можеби има уште неколку причини ама овие се најбитните зошто гејциве маста ни ја извадија овие неколку дена. И како тргнале немаат усул да застанат, а не сме таа сила од пред некое време, голем број од нашите се испоткажаа, голем дел ни ги банира редепот плато, голем дел заминаа во тугина-јабана :/

Тоа беше од мене, си објаснив зошто јас се преселив, прочитајте и донесете си и вие одлука...или ќе играме тимски или има да не нема, само не ми продавајте квази-патриотски приказни!

Тенк ју вери мач \o/
Ваш, Бате Ване

пс: Статијава ја пишувам седејќи си под една палма во една оаза во пустините на Ал Бахах, and guess what? Тибам арапите и овде имаат СКОПСКО, што ти значи империја да си 😃