Македонска еБанка - Мој краток осврт...

Day 1,178, 03:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

 Добро утро Македонијо каде и да си...

 Нешто е труло во еМакедонија, убаво рекле некои мудри луѓе... „нас не ни е потребен непријател однадвор, доволни сме си самите на себе“

 Ја пишувам оваа статија да ги споделам моите мислења со вас, да си кажам што ми лежи на душичката. Претходните 3 дена бев послабо активен поради обврски во СЖ и се до вчера до Претседателскиот извештај немав ни идеја што се случило. Иако активно бев вклучен како советник на Струмјанин во плановите за реорганизација на државната војска (читај РЕОРГАНИЗАЦИЈА, а не расформирање) ни во сон не очекував вакво нешто дека ќе се случи. Иако некои од коментарите во статиите претходно навестуваа нешто вакво, јас искрено не очекував да се створи толку зла крв меѓу нас. Утринава иако сум на работа најдов време да ги прочитам статиите на Слајдер и онаа официјалната од Мин. за Информирање и бев запрепастен од коментарите. Навреди, обвинувања, лични дискредитации, уште закани по живот фалеа 😒. Да не знае човек дали да плаче или да се смее на нашата глупост, очиглено имаме многу негативна енергија во нас која ако нема војна со некого ја истураме меѓу себе. Јас играва ја гледам како забава иако понекогаш ми правела додатни нервози сепак сум доживеал многу убави моменти и сум запознал многу добри луѓе во неа, затоа и не ја напуштам иако после измените во неа и ситуациите на домашната квази-политичка сцена едноставно ми се одмили.

 Но да не го тупам многу да прејдам на главното. Во изминативе две недели откако дознав дека Струмјанин ќе биде официјален кандидат за претседател активно работев на планот за „уништување“ на паравоените единици и нивно влегување во државната армија. Сфатив дека политиката не е за мене и решив да се посветам максимално на воен и организациски план. Иако сум член на паравоена единица мојата идеја секогаш била да имаме јака државна армија, а особено откако видов како Бугарите не мачкаа на леб во изминатата војна. Ќе прашате па што бараш во паравоена ако тоа го сакаш, епа другари на моја голема жалост бев одбиен од АРМ иако меѓу првите аплицирав само затоа што во првиот мандат бев конгресмен и поради политиката на тогашниот МоД Демигод дека тие што се во политика не смеат да бидат во државната војска. Истото беше случај и со повеќето други членови на АрМакедон и јас на покана на Драш и Лавот решив да се приклучам кон таа идеја за формирање на паравоена единица. Иако бевме меѓу појаките еМакедонци и со големо воено искуство низ војските по еСветот ние не бевме добродојдени во АРМ. После нашето формирање почна да се создава многу негативна атмосфера кон нас, дали беше завист или што неможам да опишам, изгледа е онаа народната да му умре козата на комшијата. Во послено време сме нон-стоп на тапет, како да му сметаме на некого па сака да не тргне. Можеби беше грешка што наши членови се вмешаа во политиката, ние како единица изгубивме многу повеќе од тоа што добивме. Искрено сум разочаран од толку обвинувања кон нас дека сме на државна цицка само поради тоа што двајцава последни претседатели се наши членови (иако за време на мандатот се исклучени од било каков дејствување внатре во единицата). Обвинувања дека сме добивале голд од државата за бустери не држат вода, да најдевте барем еден доказ. Да бевме спонзорирани досега ќе имавме q5 фабрики за оружје и леб, и немаше да собираме „арач“ од новите членови секој да даде по 10 голд. Дури и одреден дел од единцата дониравме по 150 денари на трансакциска сметка за да купиме злато. Се’ што АрМакедон има, е создадено од членовите, најодговорно тврдам дека НЕМАМЕ ДОБИЕНО ниту еден денар плус во однос на другите паравоени единици. Зошто сме трн во око не ми е јасно. Имам пријатели во скоро секоја единица во еМакедонија и искрено ме боли кога слушам вакви обвинувања на сметка на мојата единица. Сега при ваква разврска на настаните по малце и жалам што иако имав можност не помогнав на мојата единица, и така сите не плукаат барем да имаше причина.

  Слушам обвинување сме сакале да влеземе во АРМ и да им ги земеме залихите што во најмала рака е смешно. Да јас бев тој што го критикуваше Слајдер дека не се однесува како МоД туку само како генерал на лавовите, но и јас му симнав капа што создаде една единица која е достојна за почит. Требаше и да си остане и уште може да остане само ни треба едно да го речам „национално помирување“. Знам дека е тешко после толку невкусни коментари но ќе пробаме. Вчера седнавме јас струме и слајдер да расчистиме некои работи и мислам дека ќе има напредок. Само едно треба да е јасно, Лавовите и Тигрите се државна војска и одговараат пред претседателот на државата без разлика кој е. Грешката со залихите е веќе направена и во никој случај не ја оправдувам. Јбг сите сме во афект понекогаш ама со расфрлање на се што било створено изминатите месеци ништо не се постигнува. Иако лавовите ја имаат направено таа залиха, сепка фирмите се државни, капиталот е државен. Вие ја оштетивте државата и самите себеси. Никој не сакаше да ви се меша во единицата, само се бараше увид во состојбата од новиот министер и од претседателот и никој немаше да ви ги земе залихите како што некои од вас тврдеа. Нејсе грешки имаше и од двете страни и изби куршлуз и сите ќе си ги плаќаме последиците од тоа. Ситуацијата во државава ни е разнишана а со вакви препукувања по весници не си помагаме. Треба да се седне муабет да се прави да не си играме расипан телефон по статии

 Е сега да преминам на мојата замисла за државна војска. Овој муабет можат да го потврдат сите на кои во разговор им ги искажав моите идеи. Мојата идеја беше да се формира државна армија во која војниците ќе бидат распоредени според својата сила/ранк/економски скилл и активноста. Некои ме обвинуваа за елитизам кога повикував дека треба да се формира една елитна единица која ќе биде тука во последните минути од секоја битка, опремена до заби и која ако има потреба ќе удри и ќе нанесе прилично голема штета во последните минути од битката. 30 луѓе по 10к инфлуенс да направат плус останатиот дел од војската и добиваме една завидна ударна моќ. Една единица од 40-тина луѓе кои ќе бидат спремни да се жртвуваат и да прават залихи, да го прикочат својот личен развој во интерес на државата. Но после обемни полемики установивме дека ова во пракса е тешко изводливо бидејќи скоро сите се навикнавме на средината во која се вклопивме и дејствуваме. Во согласност со плановите на претседателот за масовност на армијата се сложивме да пробаме спремните паравоени единици да ги внесеме под државна капа, односно да се доопремат до одредено ниво и да функционираат како дел од АРМ исто како што беа дел лавовите и тигрите. Се што досега сме стекнале да го ставиме во функција на државата бидејки за таа држава ние играме а не за личниот да го наречам кариеризам. Што ќе ми се мене сите медали ако немам Македонско државјанство односно мојата еТатковина е окупирана. Затоа ги замолувам сите лидери на паравоените да седнеме заедно со Претседателот и Министерот за одбрана и да најдеме решение за влез на сите спремни војници под државна капа и вооедно да ги решиме настанатите проблеми во лавовите и тигрите.

 И за крај, неколку луѓе ме прозиваа дека сум добил пари од државата особено после добивањето на Campaign Hero медалот. Да сум добил но тоа е незначително малку во однос на тоа колку мои средства сум дал, и не, не ги жалам само ми е криво да ме обвинуваат за такво нешто. Јас ги имав пассовите од банката и државните резерви, можев досега да си отворам 10-тина фирми и очи да не ми видите, ама неколку пати сум рекол и пак ќе повторам, мене ова виртуелно злато ништо не ми значи. Штета што не се гледаат донациите и најголема жал ми е што не водевме евиденција и затоа се појавија сомневања кај луѓето. Кој не ми верува можам да му дадам слики од тоа колку злато имам добиено и секојдневно добивам од рефералите и каква е мојата моментална финансиска ситуација, фирмите се гледаат, три се, и ги имам уште од воведувањето не еМакедонија, немам некоја q5 преку ноќ направена, а немам ни вила во Мексико 🙂

Уфф рака ме заболе, статијава ја почнав во 9 утрината, а дури сега ја завршувам, пошто ме прекинуваше шефицата, сеа најде да ме замара за работа упм 😃

Се надевам ќе ја прочитате пред да коментирате, и највеќе од се’ се надевам нема да продолжите со препукувања туку ќе дадете идеи како да излеземе од калта во која сме!

И покрај се’, сите ве сакам
Македонија ни е се’ што имаме, не го заборавајте ова!
Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски