ВИЦ НА ДЕНОТ: ПРЕСУДА ЗА ПИЈАНСТВО!

Day 1,132, 15:58 Published in North Macedonia North Macedonia by GoodBeer

Овој виц има цел да се тргне политиката малку настрана 😃

Знам дека сите го знаете но ...



Полицијата во Обединетите Арапски Емирати поради пијанство апси Американец, Македонец и Грк. Ги носат на суд и судијата пресудува:

Пошто не знаевте дека тука не се пие алкохол, нема многу да ве казнам. Сите ќе добиете 50 стапа по грб, но на секого ќе му исполнам по една желба во врска со казната, а на Македонецот две."

Американецот се спрема за казната и вика: "Пред да почнете со казната сакам да ми врзете перница на грб." После 25 удари паднала перницата.

Гркот исто бара: "Пред да почнете со ќотекот заврзете ми 2 перници." После 25 стапа и на него му паѓаат перниците.

Македонецот последен се спрема за казната и му вика на судијата: "Прва желба ми 100 стапа наместо 50" Судијава чудно го гледа, ама ја прифатил со задоволство казната. "А втората желба е да ми го врзете Гркот на грб!"