MTO ACTION 2010 !!!

Day 1,137, 04:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Веќе цел месец како постои и функционира МТО како паравоена единица во еМакедонија. На почетокот бевме 17 Темплари основачи на Редот за денес со гордост да се пофалиме со бројка од 35 Темплари меѓу кои имаме и еден Шпанец кој ни се приклучи со кого МТО станува интернационална единица... MTO - Internacionale! 🙂


После многуте акции неизбежно беше да ја завршиме годинава која изминува со една битка за помнење.
Со огромна гордост сакам да им честитам на сите Темплари за синоќешната успешна акција во Црна Гора. Морам да напоменам дека позади успехот стои целиот тим на МТО кој со СОПСТВЕНИ средства, одлична организација и координација се бореше на страната на Црна Гора за на крај да ја сврти битката во нејзина корист.

Видеово кажува повеќе од сите напишани зборови:

*клик на сликата за да го видиш видеото

Благодарност и пофалба до bavarec за направеното видео и до сите Темплари кои учествуваа во оваа битка.

Секоја чест момци и посакувам во новата 2011 год. уште многу вакви борби во кои ќе ја покажуваме силата на МТО и единството на Македонските Темпларите.

Во и од името на МТО и сите Македонски Темплари Ви посакувам Среќна Нова Година и весели празници на сите еМакедонци каде и да сте!


.†.†.† ... Верба во Бог, Македонец до гроб!... †.†.†.
.†.†.† ... Macedonian Templars Order ... †.†.†.