10 Најубави села во Македонија !!

Day 2,794, 01:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Archangel.Michael

10.Богомила
Село Богомила се наоѓа во центалниот дел на Република Македонија во пазувите на Јакупица , Даутица и планината Бабуна . Сместено е во горното сливјо подрачје на река бабуна на надморска височина околу 500 метри оваа ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и преставува вистинска оаза за одмор за оние кој сакаат да избегаат од градскиот метеж


9.Теово
Теово е рамничарско село на надморска височина од 260 метри во источниот дел на областа азот околината на Велес сега припаѓа на општината Чашка . Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна 30 км од градот Велес

[img]https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/c/ca/%D0%9A%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%BE%D1%82_%D0%A1%D0%B2._%D0%90%D1%80%D1%85%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB_%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%B2%D0%BE_%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D0%B2%D0%BE_6497.JPG[/img]
8.Галичник
Сместено под пазувите на Бистра ова место ве пленува и во зима и во лето поради чудесната хармонија меѓу Мавровско езеро и околните планини


7.Гари
Бисер на мијачкиот крај..Недопрена убавина на природата која те тера да се замислиш и да не можеш да решиш во кое годишно време е поубава под планината Строгово е распослано мијачкото село Гари


6.Лазарполе
Лазарполе претставува едно од највисоките 1350 метри и најубавите села во Република Македонија се наоѓа во југозападниот дел на живописната планина Бистра со извонреден поглед кон долината на мала Гарска река и планината Стогово
[img]http://www.infotel.co.uk/remote/aff.bstatic.com/images/hotel/max500/261/26151298.jpg?maxwidth=864[/img]

5.Беличица
се наоѓа во северо-западниот дел на РМ во близина на Гостивар чистиот планински воздух како и природните убавини привлекуваат многу луѓе да го посетат ова место


4.Долно Дупени
34 километри од градот ресен сместено во подножјето на Баба Планина на само неколку стотини метри од Преспанско Езеро уште по самиот пат можи да го почуствувате опојниот мирис на преспанските јаболка и пченица одлично место за одмор и одлична плажа !!


3.Куклица http://prntscr.com/7sw3mx


2.Миравци
Над селото миравци постој црквата свети Константин и Елена која е изградена во поново време најверојатно на место од постара црква со оглед од кое датираат гробовите во нејзиниот двор во близина се наоѓа излетничкото место бел рај во близина на селото Миравци на патот кон Петрово се наоѓа и Вештачко Езеро

1.Брајчино
Брајчино е старо повеќевековно христијанско село во различна форма името Братучина Братичка и Брајчино се спомнуваат во повеќе извори од различни историски периоди најрано во турските дописни документи за казата горица во 1900 во делата на Васил Канчов 1902 кај Лев огненов а во поновата историја На Мето Јованоски