КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ЗЛАТО ЗА ЛИЦЕНЦА? [TUTORIAL]

Day 1,196, 15:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Стандардна процедура за доаѓање до фирма со странса лиценца би била да купите фирма во Македонија (10 злато) и да купите лиценца од земјата во која сакате да продавате (20 Злато) или се заедно 30 злато.

Сега ќе ви кажам како да ги скратите трошоците на пола односно да ја добиете истата фирма и лиценца за само 15 злато.


Најпрво, одлучете каква тип на фирма ви треба и лиценца за која земја сакате да имате на неа. Тоа може да го направите тука:


На пример... сакате фирма за леб со лиценца за продавање во Турција. Тогаш одбирате вака и гледате што фирми за леб се продаваат во Турција:

....ќе си ја пикирате најефтината на пазарот во Турција. во случајов - 10 злато. Но за да ја купите ќе мора да се преселите во Турција и да добиете турско државјанство па потоа ќе можете да ја купите. Откако ќе ја купите ќе си се вратите во Македонија. Кога ќе се вративте во Македонија и ќе си го вратите Македонското државјнаство ќе можете си ја мигрирате фирмата во Македонија. Тоа се прави вака... ќе одите на фирмата што сте ја купиле и на обележаното место од сликава подоле ќе ви се појави опција за мигрирање на фирмата во Македонија.


Откако ќе го направите ова, ќе имате во примеров, фирма за леб во Македонија НО со лиценца за Турски пазар... тоа значи дека ќе работите и купувате суровини во Македонија а ќе може да продавате леб САМО во Турција... па се што ви преостанува е да си купите Македонска лиценца како на сликата подоле која бидејќи Македонија ви е домицилна држава ќе ве чини само 5 злато.



Па така во примеров за 5 злато ќе си ја добиете Македонската лиценца а за 10 злато фирмата и Турската лиценца. Сума сумарум, 15 голд за фирма за леб со две лиценци 😉

Дополнение од Карликс: Само внимавајте компанијата која ја купувате да не е еднаш веќе мигрирана претходно затоа што нема да може да ја префрлите и ќе го изгубите бонусот од 25%. Најпрво, пред да ја купите, прашате го тој што ја продава фирмата за тоа дали е веќе еднаш мигрирана.

Епа Македонци напаѓајте го светскиот пазар со Македонски производи!

.... а за мене... еден Sub би било супер! 🙂