Ура! Ура! Ура!

Day 1,529, 04:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Ура Македонијо!

Мандат од соништата. Немам други зборови за ова што помина изминативе 20 дена. Трета среќа, како што би рекле некои. Или можеби несреќа, но заврши нашиот мандат.

Имавме прилично стресни ситуации, прилично напната слика и дома, а и надвор.
Имавме бришење, па востанија, па тенкање, па не тенкање.

Имавме Закон за смена на Државник уште првиот ден. Дури и спремив статија Министер за еден ден, ама не помина. Не беше Министер за еден ден, туку 20 со најскромен епитет, заебани денови.

Но, како што вели старата, во зима и маче и куче заедно спијат, така беше и со нас, како дел од ОНЕ алијансата. Во ОНЕ навистина имаше атмосфера во која се работеше супер. Бевме прилично погодени влади и министри во тој клуб и функциониравме успешно, во поголем дел од времето. Имаше недостатоци се разбира, но тие се сведуваа на ненавремени интервенции. Сигурен сум дека со оваа постава на чело на сојузот, ќе се случи пресврт во оваа навидум безизлезна состојба меѓу ОНЕ и ТЕДЕН.

Во овој мандат се пукаше многу. Пукаа сите. И што треба и што не треба. Почнувајќи од Ајман, Шајрах, па се до Тоскана.. Не е важно колку сме победиле, колку сме изгубиле. Важно е што пукавме заедно!
Се бореа сите за целите на Македонија, за целите на сојузот. Тоа мора да ни остане!

Овој мандат, гледан од аспект на Министерство за одбрана, беше 50% успешен.

Првиот дел, имплементирање на системот УДАР е успешен. Кој колку сака нека замерува, но овој систем функционира безпрекорно и е една карта повеќе во ракавот на секој министер, доколку знае правилно да ја искористува. За ова, најмногу сум им благодарен на Бубо (MagiMaster), Сенка (ShadowStalkerr) и Немања. Заедно го создадовме и го имплементиравме системот. Почетоците, со разделбите на УДАР каналите беа тешки, но благодарение на Igor Sinokapchev и ivan.sk успеавме да ги координираме војниците на правилни канали, без многу расправии.

Благодарам на Данакмкд што ја отстапи инфраструктурата за водење на повеќе канали одеднаш, на Механџијски што му го силувавме каналот и седевме до безобразно доцна во ноќта, Гранд Адмирал Кристијан, Тиња, Даркрајдер, ТхеВицки, ДимиДими1, Киријана, Фацка, ДаркоДимовски1 што секогаш кога беше потребно ја нудеа својата рака да помогне. Благодарам на Бибермк и Слајдер за една многу важна акција за Македонија. Несебично ја поддржаа идејата иако тоа значеше кратење на на рефундот за двете единици. Благодарам на сите знајни и незнајни јунаци што го истурија својот инфлуенс на местата каде што мислевме дека е најпотребно.

Вториот дел од планот не успеа. Не успеа ни две единиц да се спојат. Напротив, добивме уште една паравоена единица, Macedonian Civilian Forces, на кој сакам да им го честитам стартот и да ги поздравам за успешното созревање од MU создадена само за да се исполни мисијата, прераснаа во вистинска паравоена единица, која со тек на време ќе биде меѓу првите во Македонија, се надевам. Сакам повторно да ве советувам, сите оние кои што се двоумите дали да влезете во паравоена единица, дали сеуште да седите во единицата која не функционира или има тотално неодговрни капетани и командири, да се префрлате во други единици, да се дружите со повеќе луѓе, да ги вложувате своите способности во единици каде што се работи, каде што се напредува побрзо. Апелирам до сите лидери на единиците, поголемите и помалите, да се спојат, да се присоединат, затоа што ништо не правиме разединети! Тоа се докажа во овој, па и ќе се покаже во мандатите што доаѓаат.

Благодарност до бандата во Академијата и посебно Булгарскиот ни пи4 Канопи, кој, можеби повеќето од вас не знаат, ама САМ ја игра играва, т.е. сите сте негови мултиња. Морам да му се заблагодарам и на АцеЦрни за сите најмрачни сценарија што ги предвиде за еМакедонија. Да не беа неговите црни проекции, можеби ќе бевме во поочајна ситуација, затоа што сите не натера да се пазиме повеќе од вообичаено.

Многу луѓе сум заборавил во оваа благодарница, и се надевам дека нема да ми замерат. Им благодарам на СИТЕ што ми помогнаа, затоа што е невозможно да се води војна без многу луѓе околу тебе.

Имав една црна точка во овој мандат, за која особено жалам. Имавме една закачка со Immortals што резултираше со нивно излегување од Владата, па и од рефунд системот. Искрено жалам што дојде до тоа, затоа што веројатно не сте ни вие свесни колкава дупка во еМакедонската војска пополнувате. Се надевам дека ќе се вратите назад во наредните Влади што ќе доаѓаат и повторно ќе ја дадете безрезервната поддршка.

МАКЕДОНЦИ, МИ ПРЕТСТАВУВАШЕ ЧЕСТ И ЗАДОВЛОСТВО ДА ВИ СЛУЖАМ НА СИТЕ!

Со почит,
Трале Наш