МзО - Тим и начин на работа!

Day 1,509, 13:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Еве ја конечно официјалната статија од Министерството за Одбрана.
Пред се, сакам да ви го претставам нашиот тим.
Trajce Petkov - главен и одговорен уредник
Kanopy, darkodimovski1, MagiMaster (Bubo), dimidimi1, Kirijana, Dashovski, WaRloR, ivan.sk, Igor Sinokapchev, Persej Makedonski,acezuti - Заменик - уредници
Вечните помошници, МоДови и советници: danakmkd, Shadowstalkerr, Mehandzijski

Рефунд
Рефундот ќе си остане како до сега. Немам намера да го менувам, иако не ми се допаѓа системот на паразитство. Но, за да се направи било каква промена, мора да се има поддршка од сите единици. Мора да прекине ова лудило, кое на 5ти секој месец се случува на каналот на Генералштаб. Прецизен и реален систем за мерење сеуште нема никаде (Има варијанти, кои и не се баш едноставни). Кога и да сте расположени со идеи како да се реши ова тешко прашање, јас сум на располагање, најчесто на каналот на МТО, слободно дојдете и посочете ми решение.

За жал, тешко е да се изведе реформа во сегашната состојба, а и ни треба што поголема штета во моментов.

Ги замолувам сите командири на единици да ме додадат за пријател!

За потсетување, овој систем беше воведен како економска мерка (за оние што не знаат, имаше време кога суровините за правење оружје беа 0.01 за да се стимулира производството и економијата во државата беше воведена мерка на рефунд, кој ќе се дели во паричен износ, а со истиот ќе се набавуваат суровини, за да се размрда пазарот) која прерасна во нераскинлив дел од функционирањето на една единица. Тие средства што се одделуваат од државата за „потпомагање“ на економијата станаа основа за создавање на паравоена единица.

Проветрување на единиците
Многу од единиците се со непотполни или нецелосни податоци за нивните војници. Сите командири да ги средат листите на нивни војници во текот на денот.

ПРОЛУФТИРАЈТЕ СИ ГИ ЕДИНИЦИТЕ!

Генералштаб
Можеби најважната алатка за да се насочува правилно штетата. Да немаме илузија, се помалку луѓе ќе доаѓаат на чат од активните играчи, а и не секогаш може да се закачиме на чат и да пратиме наредби. Не секогаш имаме време да пратиме наредби. Затоа, најважното е Daily Order и Campaign of the Day.

Daily Order
Имаме 5 шанси да смениме мисија во текот на денот. За да се изврши мисијата потребни се 25 убиства што во просек се 75 удари. Тоа се 12,5 к6 или 15 к5 тенкови и 750 здравје. Минимум 2 уклучувања дневно, за да се заврши дневната мисија. Насочувањето на оваа штета е клучот во добивањето на битките. Затоа сите ќе имате увид во документ со приоритетни битки на сите паравоени и цивилни единици. Документот ќе го организира МоД тимот, во координација со нашите сојзуници. Апелирам до сите команданти на паравоени единици да бидат присутни на овој канал колку што е можно повеќе и да го пратат документот. Документот ќе се обновува на секои 3 – 4 саати. Понекогаш е можно одредени единици да имаат различни команди за подобра распределба на штетата. Истиот мора да биде поставен во topic на нивните јавни или приватни канали за да можат капетаните на одредите да ги поставуваат за DO правилно битките. Планирам, Генералштабот да го проширам со командирите на цивилните единици. Нивна задача ќе биде да ги информираат своите капетани која битка е најпожелно да биде DO.


Campaign of the Day
Оваа наредба ќе биде основа за поставување на DO, доколку во документот за координација не е објаснето поинаку. Многу често е потребно да имаме два или повеќе приоритета, затоа е пожелно паравоените единици и нивните командири да се водат преку документот, не по оваа наредба.

Фаланга
Нема потреба од промени. Кој е дел од Фалангата знае како функционира и како треба да функционира секоја паравоена единица. Секоја чест за посветеноста на Бубо, за оваа единица. Се надевам дека ќе успееме, секој ден да обезбедуваме средства за постојано функционирање на фалангата.

Армиски канал
Во последно време се враќа активноста на овој канал. Ова е идеален принцип за правилно насочување на штетата. Неговата активност ќе се стимулира и со поделба на тенкови на овој канал, без разлика дали се цивили или пак припадници на некоја паравоена единица. Овие поделби ќе бидат по потреба, без претходна најава и најчесто во густи битки.

#podelba
Фамозниот канал на кој се делат тенкови само за платеници кои не се од Македонија, планирам да се активира само кога ниту поделбата на Армиски нема да даде соодветен резултат.

Базука тим
Прилично нова играчка која вроди со убав плод, благодарејќи на Персеј Македонски, Ел Че и Крал4ето. Продолжува нејзиното функционирање, награда за секоја испукана базука.
Сите што сакаат да бидат дел нека пратат порака на Persej Makedonski.

Мислам дека опфатив се во врска со функционирањето на МзО и неговиот тим во месецот што престојува. Доколку имате било какви прашања, сугестии или недоумици, слободно дојдете на каналот на министерството #mod.team и ќе бидете информирани.

Со Почит,
Трале Наш