Ситна роба... шверцери на секој чекор [чаре???]

Day 1,229, 14:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Сите сме свесни дека последните измени на економскиот модул ги уништија цените на националните пазари а со тоа и комплетната економија на речиси сите земји во играва. Лиценците станаа безвредни бидејќи секој си ја пренесува (читај шверцува) робата преку граница без да има потреба од лиценца... Економските мерки кои им стојат на располагање на Конгресмените (за царини, данок, ДДВ...) и на Претседателот за (ембарго, ечатење пари, ММ) се ветер во магла - тотално бескорисни со ефект еднаков на крема за сончање во подрум!

Со сето ова, целта на Админите беше јасна - нема веќе профит од фирми а со тоа и нема повеќе начин за заработка на злато во играва... туку САМО И ЕДНИСТВЕНО ДА СЕ КУПИ СО ВИСТИНСКИ ПАРИ!



Е сега, со новите измени на економскиот модул се појавија и нови ербап “феномени“ на пазарот наречени “супер бебиња дилери“ (три дена игра, едвај 4 левел, и 180 Q5 тенка на пазар за продажба), “човек фирми“, “трговци на ситна роба“, “човек пиљарче“, “човек дучанче“... како сакате наречете ги... шверцери на ситна роба...



Она што сакам да го потенцирам кај овие купи-продај трговци е што најверојатно несвесни (зависи од годинките) го играат орото на Админите и ја рушат економијата на сопствената земја за сметка на свој инстант ситен ( да потенцирам СИТЕН) ќар и профит.

Еве и зошто....

Прво, купуваат поевтино од странство и продаваат НАЈЕФТИНО можно дома, во Македонија користејќи ја можноста да ја заобиколат потребата од имање на фирма за производство, лиценца за продажба, вработени, плати, даноци...кои админите им ја даваат.
Со тоа и данокот на увоз во Македонија е како дупната мрежа за ловење плашка... Конгресмени ако сакате ставете го и 102% данокот, џабе е!

Второ, со рушењето на цените на Македонскиот пазар овие шверцери ги уништуваат и фирмите на АРМ, државата, Воените единици и сите поединци кои вложувале ВРЕМЕ, РЖ ПАРИ и ТРУД да дојдат до Q5 фирми за производство кои сега им генерираат само загуби борејќи се со нелојална конкуренција.
Се ова заради дилериве на ситна роба кои не се замараат со поглема математика или економска исплатливост туку едноставно ставаат пониска понуда од најнинската на нашиот пазар и гледаат што побрзо да направат ќар... па се така спуштаат цени се додека не ја продадат цела прошверцувана “ситна роба“ во Македонија... па после ајде пак на шопинг до странство по нова тура и така се во круг...

За оние што не знаат (нови деца на играва), 40+ луѓе на МТО работеа напорно и жртвуваат многу во последниве 4-5 МЕСЕЦИ за да дојдат до две Q5 фирми кои по некоја случајност се наоѓаат на мојот профил. Ова го кажувам како податок за новјлииве што паѓаат во трнас и се палкаат како млади мајмуни кога ќе видат што фирми сум имал на мојот профил.
Значи, да ви одговорам - во тие WOW фирми кои ги имам, 40+ луѓе вложувале цели 4-5 месеци а тоа е цели 4-5 месеци пред вие да се креирате како профил на играва и да почнете да работите со ситна роба!

Е сега за математиката,
Ако за производство на еден Q5 тенк треба 50 железо кое на пазар во Македонија во моментов може да го најдете по цена од 0,49-0,50 МКД во најдобар случај евентуално 0,48-0.47 МКД... Математиката кажува 50 x 0,48 МКД = 24 МКД!
Значи 24 МКД за еден Q5 тенк БЕЗ ПЛАТА на вработен и без данок за државата!

...ако на ова ја додадеме и платата на еден гуру* 10 (кој произведува 10 Q5 тенка) која во моментов е 40 МКД доаѓа дека 4 МКД од платата негова иде за еден тенк. (10 тенка = 40 МКД)

Сума сумарум производство на еден Q5 тенк со трошок за материјал и плата во Македонија чини 28 МКД БЕЗ ДАНОК и ЌАР!!

Да напоменам...пресметкава е правена во НАЈ ИДЕАЛНИ услови, кога ќе имате 10 вработени и тие ќе работат со 100 здравје!

И како да реагира после човек кога ќе гледа вакви “махери“ како со 3 дена игра фатиле 17 левел и прават купи-продај на Полски тенкови во Македонија за цена од 30 МКД или дури и испод таа цена!?!?!

Заклучок во форма на прашање: испаѓа дека ние 50 члена од МТО и сите други како нас кои сме веќе 6-7 месеци во играва и сме работеле на формирање заеднички фирми испаѓаме магариња и сега треба да си ги затвориме фирмите а да ги оставиме ваквите бебиња трговци и махери шверцери да прават профит???
...па утре со нивниот неверојатен baby influence од цели 58 сила и огромните пари направени од купи-продај пиљарите и дуќанчињата да се борат место нас за еМакедонија???



Малце се свесни дека ова може да значи крај за сите паравојски... а после јас сум бил лошиот кодош или љубоморниот што ги приметувал нивните шверцерцувани тенкови на нашиов пазар! 🙁

Епа ако сте поголеми Македонци од еден скромен кодош и љубоморен Македонец како мене бујрум тепајте место мене... јас и ние од МТО ќе ги затвориме фирмите, ќе купуваме од вас по некој шверцан тенк или ќе седиме и гледаме утакмица еМакедонските Велии против еГрција и еБугарија!