И ТИ СИ ВЕЛИЈА!

Day 1,168, 03:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot

Откако ги видовме сите наши организациони слабости во државава полека стана тренд сите да даваат идеи и предлози за промена кон подобро. Па еве и јас да дадам свој придонес во тој правец.

Мојот предлог се однесува во реформа во умот, свеста и совеста на Македонските војници и бизнисмени!

Трагични се две работи во врска со нашиве бизнисмени, Армијата, Паравоените единици и државниот буџет.

Прва, поголемиот дел од фирмите во Македонија избегнуваат да плаќаат Данок а со тоа и не помагаат во државниот буџет за одбрана на државата, потпишување на МПП, помош на новите играчи...

----ВЕЛИЈА FAIL !!!


Поголем дел од тие “јаки бизнисмени“ се и за жал слаби војници (може да се види од нивните чинови), што значи и тој црн екстра приход од затајување Данок не го користат ниту за сопствен придонес во борбата за Македонија!

--- DOUBLE x2 ВЕЛИЈА FAIL !!!!

што им прават на парите што ги штекаат стварно не ми е јасно?


Втора трагична работа...АРМ и дел од паравоените единици ги рмбаат војниците во своите фирми на минималец. Со ова за разлика од погорните јадни Велија бизнисмени овие + го избегнуваат и данокот од плата и данокот од продажба на Q5 тенковите и Q5 лебот пошто сами себе си го продаваат по смешни цени (пр. Q5 тенк за 0,1 МКД - данок 0,00...) па сите тие FANCY Q5 фирми со кои се фалат и џилитат на државава ништо не и значат... исто како да се во туѓа држава... Македонија не гледа аир од такви бизниси, макар биле и воени или паравоени!

.... TRIPLE x3 ВЕЛИЈА FAIL !!!!

Е сега за решението,

Целиот пристап на АРМ и паравоените кои работат на минималец во поглед на меаџирањето на своите фирми, платите и внатрешната (ПРЕ)распределба на профитот за бустери, леб, оружје и РЕФУНД меѓу војниците им е ТОТАЛНА УТКА!

АРМ и сите единици што имаат Q5 фирми за оружје и леб треба да работат без профит на своите фирми а на вработените/војниците да им даваат максимални можни плати. Со ова менаџерите ќе се ослободат од обврската да купуваат, делат и распределуваат леб и оружје на војниците, голд за бустери и рефунд... Во исто време и Државата ќе го полни буџетот од даноците на големите плати, пазарните цени на Q5 оружјето и лебот а војниците и припадниците на паравоените ќе си имаат големи плати со кои САМИ ќе си купуваат леб, оружје и бустери секој ден и со тоа ќе јакнат побрзо...
И на крај, поголемите приходи во буџетот на Македонија ќе значат и можност за поголем Рефунд на истите тие паравоени единици во ситуации кога треба нивните војници да се борат екстра за одбрана на Македонија!


-Нели ќе е по едноставно да им давате полна плата на војниците па тие од свои пари да си користат бустери, купуваат леб и оружје секој ден?
-Нели ќе биде и за вас менаџерите поедноставно да не делите секој ден голд за бустери, леб и оружје за секоја акција, на секој војник?
-Нели ќе биде подобро секој војник да си купува сам од пазар по пазарна цена леб и оружје од вашите фирми наместо да гледаме како шпионски се ставаат понуди за 0.01?
-Нели ќе биде подобро државата да има поголем буџет од Даноците за да после дели поголеми Рефунди на воените едниници во воени состојби на Македонија?

ако некој мрчи на мојов предлог можам слободно да заклучам дека или е инаетчија, не разбира за што се збори или НЕМА ДОВЕРБА ВО НАШАВА ДРЖАВА И ЛУЃЕТО КОИ ГО МЕНАЏИРААТ БУЏЕТОТ НА МАКЕДОНИЈА!

.... последново некако и не може да важи за АРМ пошто како буџетар така тие сами себе не би си верувале 🙂

Тие што ќе си се пронајдат во текстот погоре слободно нека остават коментар - “И ЈАС СУМ ВЕЛИЈА!“ 🙂

Затоа - НЕ БИДИ ВЕЛИЈА.... ЗА ДОБРОТО НА МАКДОНИЈА ПЛАЌАЈ СИ ГО ДАНОКОТ !!!



Vote & Sub please!