Информатор за почетници ( втор дел)

Day 1,257, 11:22 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Поради должината на предвидениот текст истиот ќе го објавувам во 3-4 дела !
Ќе се обидам да помогнам со некои иформации пред се она што не е опфатено во основните информатори за почетници а сигурно ќе научат нешто и поискусните.
Никој нека не ве лаже на почеток играта ќе ви биде досадна , бидејќи се што треба да направите во текот на еден ден е да работите , тренирате и по малку да јадете.Овие обрвски ќе ги завршите за 3-4 минути. За да не ви биде досадно читајте весници! , како да ги отворите истите опишав во претходната статија . Со читање на весниците ќе ги ги добивате сите информации во врска со играта , пред се како и каде да купите храна , каде да најдете работа , секојдневно прекорување за тие што одат гладни на работа (работете секогаш со 100 здрваје).Потоа информации за војни , информации за сојузи , информации околу изборите . Истотака информации за движење на цените на Маркетот ,за движење на курсот на денарот и тн и тн.
Па почнеме по ред
1.Голдот што ќе го заработите првите 30 дена ( понатаму потешко се доаѓа до истиот)е најлесно заработениот ама за повеќето млади играчи и најлесно потрошениот 🙂
-затоа немојте ни случајно кога сте во битка да го стиснете копчето use helt kit веднаш до копчето fight и кое зема по 0.5 голд на секој допир 🙂 , дур сте се свртеле летнал голдот .
Значи паметниот играч кој нема да се бори во првите 30 дена би требало на сметка да има25-30 голд: секое искуствено ниво носи 1 голд а ќе дојдете до 15 искуствено ниво ( level), плус за 30 дневна работа ( значи без прекин секој ден) добивате 5голд , истотака за истиот период треба да достигнете 250 strenght (сила) за која ќе добиете уште 5голд .Што значи ако успеете нешто да заштедите од платичката ( убаво да испросите лебче од поискусните) ќе имате на сметката25- 30голд.
2.Тогаш треба да одлучите дали ќе бидете бизнисмен или војник ?? .
-според мене помладите играчи од 14 -20 години би требало да се одлучат за војници , односно да се приклучат кон официјалната војска или кон некоа паравоена единица. Ова го кажувам , бидејќи истите ќе научат што е ред и дисциплина , како се почитуваат наредби и сл .Значи ќе дојдат до одредено искуство кое од кога се укина одењето во војска во РЖ поголемиот број од младите не можат да го доживеат.
Од друга страна постарите почетници не се погодни за војници од проста причина што сигурно не би слушале наредби од некое детиште и да треба да навиткаат часовник за да се пробудат за борба доцна во ноќта 🙂
- оние што че се одлучат да бидат бизнисмени прв совет е да не брзаат ?
Значи уште од почетокот е важно да се прати движењето на цените на маркетот пред се на основите производи ( леб,карти и оружје ), потоа на дел од суровите пред се жито и железо , како и движење на вредноста на денарот во однос на голдот. Со едно неделно пратење на цените на маркетот ќе стекнете некоја претстава за движето на цените на спомнатите производи . Исто така треба да внимавате и на тоа дека во случај на војна доаѓа до покачување на цените на производите а во случај на долготраен мир поради малата потрошувачка цените можат и драстично да паднат. Покрај тоа некој ако го следи будно маркетот заприметил дека цената на производите е најниска ( во текот на еден ден )во периодот од 17 до 22 часот . Значи тогаш ви е најповолно да пазарите , ова е така бидејќи поголемиот дел од фирмите пред се за леб се економски слаби чекаат прво работниците да им изработат ( а наутро поголемиот дел од работниците се на училиште или на работа 😁 така да пред се лебот( а слично е за другите производи) во поголем број излегува од фурна после 17 часот.
За оние што незнаат денот во еРепублик започнува во 09 часот наутро

3. За почетниците моја препорака е на почетокот е да не отвараат фирма , бидејќи истата ќе ве чини 10 голд а уште толку ќе ви треба за да работите ( да имате пари за плати и за суровини )
-прво играта фунционира така да со една овца не се прави бачило 🙂 , односно како ќе се развивате: пример една лебара не ќе може да ги задоволи само вашите потреби за леб а камоли да продавате. Што значи штом еднаш почнете со инвестиции морате да продожите со истите профитот ќе го видите тек после 5-6 месеци макотрпна рабата и многу потрошено време .Младите играчи се нестрпливи сакаат брзо да ги вратат вложените пари , понудуваат пониски цени на маркетот и со тоа одат во загуба.Ова е основната причина што еден куп фирми во стечај се ставени на продажба....
4.Како што кажав на почетокот не отварајте фирма ,има еден куп начини да дојдете до екстра пари.Еден од најсигурните ама носи најмала заработувачка е да менувате валута на Монетарниот маркет .За ова треба да го следите движењето на курсот на денарот во однос на голдот и секогаш заработениот денар да го претворате во голд . Поради драстичниот пад на вредноста на денарот во моментов овој бизнис не е препорачлив , бидејќи тешко ќе ги претворите денарите во голд !Последниве 10 дена голем број играчи отидоа во загуба поради драстичниот пад на вредноста на денарот .............