Што се случува со нашите соседи ?

Day 1,181, 08:46 Published in Bulgaria Bulgaria by The Graverobber

Привет, драги читатели 🙂
В качеството си на посланик в еМакедония реших да ви запозная с една от личностите, които успяха за кратко време да спечелят доверието, както на българи, така и на македонци - а именно настоящия им президент Струмянин. Представям интервюто в оригинал като считам че никой няма да има проблеми при четенето 🙂 --> музикален фон <--



1. Кой е Струмянин в реалния живот и как научи за еРепублик ?

Струмјанин е (накај) 30тина годишен македонски постдипломец во Англија. Има многу повеќе што да се пишува за секој лик поединечно, бидејќи нас не одредуваат суштински подлабоки работи одошто годините и професијата, но не би откривал многу за себе. За еРепублик дознав од двајца пријатели кои сега ми се соборци во макиве што ми ги причинува играта 🙂

2. Бил ли си някога в България ?

Два пати на пат за Истанбул сум преоѓал преку Бугарија. Еднаш сум ја посетил Софија меѓутоа за многу кратко. Инаку, таму имам роднини кои наредново лето планирам да дојдам да ги посетам, а сега веќе и имам еРеп пријатели кои ме поканија во Софија ‘на бира’ 😉

3. Кой е Струмянин в играта и какви са впечатленията му от нея ?

Во играта се гледам како обединителен фактор во еМакедонија. Се трудам да одржувам добри релации со сите, како што вели Св. Павле - се додека тоа зависи од мене. Покрај обединувањето и сложноста, сакам да бидам гласноговорник на разумот. За жал, премногу луѓе се поведуваат од силни емоции во играва и тоа води кон големи проблеми. За жал, колку повеќе играм - толку повеќе ја гледам врската со реалноста тука. Луѓето скриени позади маски од имагинарни профили, истураат тука секаква омраза и непријателства, и фрустрации кои ги насобираат од реалниот свет. На почетокот имав илузии дека патриотизмот може да е посилен од популизмот. Добив шлаканица за тоа. Играва уште ми создава мешани чувства ...

4. Изминаха вече няколко месеца след добавянето на еМакедония. Как виждаш изминатото дотук ? Какво беше направено и какво предстои да се направи ?

Почетокот на еМакедонија беше добар. Многу луѓе ни се приклучија во извонредно краток период. Ако продолжи вака нашиот развој - еБалканот ќе стане поле на гиганти. Сите кои сме на Балканот веројатно е да бидеме доминантни сили во еСветот за само неколку месеци. Сепак, тој силен раст кој го имавме беше прекинат со војната. Иако научивме многу нешта и колективно стекнавме големо искуство, сепак мислам дека лошо се снајдовме. Потрошивме премногу злато и ќе ни требаат месеци да го повратиме.Тоа злато не се инвестираше ниту во фирми, ниту во наши домашни играчи и тие загуби нема да можеме да ги надокнадиме.Сега ни претстои период на консолидација и размислување. Пред нас се три приоритета : економија која може да издржи војни, армија која може да добива битки, и дипломатија која ќе ни обезбеди дополнителна сигурност. Со еден збор, во изминатиот месец научивме дека треба да се потпираме на СВОИ сили и да не се надеваме премногу на помош.

5. Тази година светът в играта се промени. Къде виждаш мястото на еМакедония в следващите месеци ?

Од нашите 4 најблиски сојузници, Србија и Унгарија тргнаа во еден правец, а другите два (Турција и Бразил) во друг. Не е лесно да се бира во една таква констелација. Сепак, ние нема да се доведеме во ситуација сите околни земји да припаѓаат на други сојузи. Одлуката ќе биде прагматична и наскоро ќе биде искристализирана. Засега е статус кво.

6. Как се развиват според теб отношенията между еБългария и еМакедония до момента и какви очакваш да бъдат ?

Од моите први статии јас повикувам да не се разгорува непријателството со Бугарија. Погледнете ја мапата и ќе ви стане јасно. За некој месец ќе биде додадена и еАлбанија - земја која како и еГрција ни е природен непријател (заради РЛ фактори). Ако ние ја добиеме и еБугарија како загарантиран непријател - тогаш и да имаме 50.000 играчи еМакедонија нема да постои. Nic Hercules contra duos, а камоли против тројца. Додатно, немаме вистинска причина да војуваме со еБугарија. Сепак, односот кон Бугарија во крајна мерка ќе го формулираат идните сојузи. Од нив ќе се одреди кои ќе бидат приоритетите. Засега само можам да кажам дека сум среќен што војната заврши.

7. Какви са отношенията на еМакедония с еТурция след края на войната на Балканите ?

Пред војната ние имавме беспрекорни односи со еТурција. Меѓутоа, кога влеговме во војна заради нив, ние бевме сведоци до крајот на војната на тоа да не бидеме помогнати и следствено балансот на силите се наруши. Тоа е една дамка во нашите односи кои инаку се уште се на добро ниво.

8. Да очакваме ли скоро военни действия между еМакедония и еГърция ?

Мислам дека нема да има 🙂

9. еРепублик преживява икономическа криза, какви са начините за справяне с нея ?

За жал , тие што ја направија се тие кои можат да ја окончаат кризата - администраторите. Секоја држава може да прави поголеми или помали напори, ама се додека не се воведат новите ресурси - состојбата нема сериозно да се промени.

10. Твоите пожелания за играчите в еБългария ?

еБугарија својата иднина треба да ја гледа надвор од Европа, во смисол на нови колонии. Евентуалната војна со Македонија или било кој друг сосед ќе е тешка и исцрпувачка, и со тоа ќе ја губи смислата. Посакувам да се намалат сите негативни страсти кон еМакедонија и да престанеме да се гледаме како непријатели.


С уважение
The Graverobber