Последно обраќање [doktor dominator]

Day 3,699, 05:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Среќна ви нова година на сите и Божиќни празници.

Мојот мандат завршува па сакав во една кратка статија да ви се обратам за изминатиот месец.

Помина еден доста интересен месец во кој имавме жестока авантура во Аргентина ама сепак не успеавме да им го скратиме конгресот, но сепак прикажавме голема борба како секогаш. По враќањето од Аргентина ни беше потребен период на закрепнување и се насочивме на нашите постоечки тренинг војни и тие функционираат со потешкотии поради играчи кои не пазат на ѕидовите. Се надевам дека во иднина нема да го имаме овој проблем и ќе има поголема дисциплина.



На финансиски план нема ништо посебно освен тековните трошоци за МПП и 10к рента на Индија. Покрај ова имаше трошоци во висина од 400к денари позајмица од SudacaMKD и eMacedon кои беа употребени за КО кога се кршеа копјата во Аргентина. Овие пари се вратени и има доказ:





Тоа би било тоа благодарам на тимот кој ми помагаше и на сите Македонци кои се бореа максимално во Аргентина, а на следниот ЦП му посакувам успешен мандат.

Поздрав.