АПУЛИЈА - Фалсификат или не? [lazarosaMKD]

Day 1,814, 09:15 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
среда, 7 ноември 2012
статија бр.112

Синоќа, во статијата Е баш за да се знае! во коментарите имаше препукување помеѓу Lance of Longnius и BugsMoney, меѓудругото и за референдумот во Апулија дека наводно исходот бил фалсификуван и наместен во делот на пребројувањето што додаде бензин на и онака распламтената атмосфера изминатава недела...







Бидејќи сомнежот ќе трае и ќе биде повод за постојани расправии одвоив време да ги пребројам гласовите.

***ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ еМАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПРЕПУШТИ РЕГИОНИТЕ КОИ ГИ ДРЖИМЕ ВО ИТАЛИЈА НА еСРБИЈА***


Како што можевте да видите ако веќе кликнавте на документот

- Со "ДА" гласале 196 играчи.
- Со "Не" гласале 137 играчи.
- Воздржани биле 5 играчи.


- Гласале со Да или Не но поставиле разни услови кои ако се исполнат дури тогаш би било Да или Не - такви се 37 играчи.

Дури и да ги ставиме сите нив во Не во тој случај би било

- ДА 196 души.
- НЕ 174 души.



Што не води до тоа дека мнозинството од тие што гласале биле за да се даде Апулија на Србите на 60 денови...


Мое мислење околу референдумот...
Статијата требаше да биде едноставна без претседателот да ги наведува, да им сугерира на гласачите со што има влијание на исходот.
Можеше кратко и едноставно да гласа со Да или Не како сите останати.

Во српските официјални весници никаде не видов никаков договор и како пример кога ќе истечат тие 60 денови следниот ЦП после Crash and Burn ќе ги бара регионите? (доколку има намера да ги бара)
Плус во меѓувреме нови претседатели, нови околности..

Моменталната ситуација е 7 региони на Балканот.
2 региони во Италија кои немаат некоја улога или корист.

Единствена можност за војна ни е со Грција за што треба многу да се размисли што би добиле а што губиме со нејзе.....
Но за тоа во некоја друга статија..