Зошто губиме?? [lazarosaMKD]

Day 1,774, 08:59 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
петок, 28 септември 2012
статија бр.110



Немам статија напишано одамна но ми се смачи да читам извици оти им пуштаме на Американците или дали е потпишан некаков НАП. (Договор за ненапаѓање)
Краток одговор би бил, не им пуштаме, самите си ги земаат регионите...

Искрено, ова беше луд месец во кој за првпат еМакедонија дојде до 10 ресурси за своето скоро 2 годишно постоење (роденденот е блиску, на 7 Октомври)



Да бидам искрен, не верував дека ќе дојдеме до 10 ресурси ниту дека оволку денови ќе ги задржиме, но ете ни се поклопија коцките и имавме многу среќа.





И другпат сме пробувале да избегаме некаде но секогаш тука биле Хрватска, Италија, Босна итн., да ни стават заеднички ПН и да не вратат назад.
За среќа Хрватска е зафатена со воздушниот напад, а Грција не ја ни спомнувам зашто не може ни да се размислува за некаков поход ако немаме примирје со нив.

Овие денови беа кратки но слатки, доста луѓе се вратија или го прекинаа зимскиот сон, имаше многу активност за првпат после долго време видов над 350 души онлине, многу шаути, епски битки... но изгледа дојде крајот.


Утринава видовме кој е односот на силите кога играчите со Америчко државјанство ја исполнуваат мисијата порази 100 непријатели од твоите ПН.



Се до сабајлево голем дел од нив си маваа за своите СЖ држави а многу од нив и против Америка, но Плато не е Плато ако не ја усере забавата нели?



Можни расплети во наредните денови:

1. Вечер во 22.00 - 23.00 Америка ја напаѓа Aquitane, даваме се од себе, ако не оди во првата/првите рунда/и, МОД издава статија наредното востание да се крене во Provence Alpes Azur и да се отсечеме од Американците.

1.1 Америка не не брка иако немаат МПП со Франција и за неколку денови пак би имале заедничка граница. Во тој случај би имале 9/10 и би живееле среќно и весело до крајот на своите животи xD

1.2 Америка пушта ПН на Франција, не губи никакво МПП зошто немаат со Франција, добиваат граница со нас ако се отсечеме во Лигурија Словенците едвај го чекаат тоа. Или пак Американците би чекале да им истече МПП со Италија па да продолжат да не бркаат.



2. Вечер во 22.00 - 23.00 Америка ја напаѓа Aquitane, даваме се од себе, им ги кршиме кичмите на Американците па во налетот ги завземаме и Бразил, Полска, Грција, Хрватска, Кина и Плато и става клуч на играва.