Бугарија и Турција склучија мировен договор. [lazarosaMKD]

Day 1,669, 03:15 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

петок, 15 јуни 2012
статија бр.101


Избраниот претседател на Бугарија за месец Јуни/Јули - SturmmannIYI, вчера му беше изгласана недоверба со 14 - 3
Се заинтересирав сабајлево па читав некои статии и на бугарскиот форум, аргументите на тие што го изгласаа се дека нивното министерство за одбрана не работело како што треба и плус имаат недоверба кај се потрошиле парите додека од друга страна во кратки црти SturmmannIYI тврди дека МоД-овите добро си ја вршеле работата и дека ова е увертира во скорешен мировен договор помеѓу Бугарија и Турција, имено SturmmannIYI е за војна со турците па единствен начин за да се склучи мир со турците е ако го симнат од власт.

Само што сакав да се распрашам по играчите од Бугарија што како се случува таму и еве излезе статија од бугарското министерство за надворешни работи
"Мирен договор между България и Турция"


На кратко да преведам во што се содржи договорот:

1. Договорот ќе е валиден до 5-ти Јули.

2. Бугарија ќе ја избрише Турција за да заврши војната.

3. Бугарија ќе ги врати сите турски региони.

4. Бугарија до 5-ти Јули нема да може да ги нападне Романија, Грција или Украина.

5. Турција до 5-ти Јули нема да може да ги нападне Македонија и Русија.






Ако ја погледнеме мапата во наредниов месец Бугарија нема да може со никого да војува, освен да се договори со Русија за најмногу 3 ресурси :

1. нафта - North Caucasus
2. овошје - Volga
3. срни - Volga Vyatka

и би имале 7 ресурси од кои 3 за оружје и 4 за леб.



Турција пак има оригинално: крави, срни, овошје и шалитра.

Во договоров не е спомнат Иран само сега ситуацијата е поинаква Иран има МПП со ТЕДЕН земји што значи извесно е дека и турците нема кого да напаѓаат освен ако се договорат за некаква прераспределба на ресурсите во Египет, Саудиска Арабија и евентуално Обединетите Арапски Емирати.

Договоров ми е непотребен, нелогичен и да се изразам со ереп речник - голем фејл е.
Играва се базира на војување и ако се спроведе договорот во наредниов месец двете држави нема да имаат свои војни, некаков план некаква алтернатива не гледам.
Плус тоа бугарите барем ги сметаа турците за најголеми непријатели во играва, беа против нивното зачленување во ЕДЕН а преку русите и во ТЕРРА, на нив ги базираат бејби-бумовите и зошто сега мир??
За да немаат цел месец ПН и плус во подобра ситуција се моментално оти Турција имаат само 2 региони.
Нов воен модул, мали потешкотии и неколку изгубени региони и веднаш гласање недоверба на нивниот претседател и мировен договор?

Според она што го гледам во коментарите на статијата од бугарското мин. за надворешни работи мнозинството од играчите од Бугарија се против овој договор па можеби нема да заживее или пак и овој нивни претседател ќе добие импич па евентуално ќе побараат трета среќа? xD
Останува да видиме.

Инаку ако заживее овој договор фронтот ќе се пренесе на Македонија - Грција и појака ќе биде онаа страна која ќе добива поголема помош од Бугарија и Турција соодветно.



Мировен договор. [lazarosaMKD] http://tinyurl.com/dy7r5h8


ДОПОЛНУВАЊЕ:
недела 17 јуни 2012

Договорот е прекршен/поништен, не важи веќе 😉
Линк.