Тенкови и суровини во време на окупација.[lazarosaMKD]

Day 1,514, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
четврток, 12 јануари 2012
статија бр.84

Втора статија денеска, го копирам новиот Струме.
Окупирани сме, губиме како Грчка, ни земаат рунди со наши освоени 1500 поени со еден збор ни набиваат комплекси.
Нервозата мора негде да избие нели па ајде да си поплачеме малце.

Една од главните теми денеска е цените на тенковите и суровините.
Цената на тенковите расте а суровините драстично поефтинуваат.
Разумниот човек ќе се запраша зошто е така а оној кој не се замара а и не го ни интересира ќе си колне како порано жени собрани пред селската чешма.

Огин да ве изгори, рофја да ве утепа, лопови, крвопијци, профитери.
Вака ли држава ќе правиме?



Значи на македонскиот job market не може да се работи што значи 1 dw не може да се прави.
Со една q6 тенкара може да се направат посрани 50 тенка.
Бројот на такви тенкари е ограничен и мал.
Понудата е многу помала значи тенковите природно е да поскапат.
За да се задоволи побарувачката на тенкови се носат тенкови од странство кои пак го одлеваат и тоа малце злато што е на ММ.
Што значи и златото ќе поскапи.

Е сега на прв поглед парадокс е зашто суровините се поефтини кога во услови на НУЛА ресурси се произведува помалку.
Пак ќе кажам нема 1 dw на пазарот на труд и слабо се купуваат сега суровините.

Затоа мора да направиме се` што е во наша моќ да се ослободиме па макар и на кратко. Да немате некои илузии дека ќе се ослободиме експресно трите региони па и во контраофанзива ќе се отиде ситуацијата е страшна не толчат Грци, Турци, Бугари..
Но мора да се ослободиме за да направиме турбо залиха со тенкови ќе секнат залихите и на воените единици и на цивилите.
Исто треба да се размислува и за конгресменските избори во случај ако немаме територија за време на изборите во наредниот месец ќе немаме ни конгресмени што значи ќе нема ни донации.
Дури тогаш ќе заглавиме длабоко.

Главата горе!





Рашири: Тенкови и суровини во време на окупација.[lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1944501/1/20