Да да трошат. [lazarosaMKD]

Day 1,514, 03:38 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
четврток, 12 јануари 2012
статија бр.83

Некои луѓе изгледа не се замараат и никогаш не се запрашале како некој прави 30-40 милиони штета и им е чудно сознанието дека ДА има МАКЕДОНЦИ кои даваат стотици евра за играва во ЕДЕН ДЕН.

Немаат неограничен food fight, Плато не им е вујко, немаат некое супертајно оружје и ДА даваат стотици евра.
За кои во минатата статија дадов предлог како поинаку да се потрошат секако без намера да солам памет или да се мешам кај што не ми е местото.

Значи да земеме дека тенковите имаат 650 здравје од магацинот.
Плус 100 здравје и плус ете да речеме уште 200 здравје (добил полнење во првите пола саат и уште 100 до крајот на битката)
Тоа се 950 здравје.
Да речеме тенкот прави 10.000 штета со удар со q6 оружје тоа се 95 удари со 10.000 штета = 950.000 штета.

Со попустот што беше до вчера со 100 евра се купуваа 390 златници.
Големите тенкови имаат Diamond статус тоа е +20 % бонус.
390 + 78 = 468 златници
10 чоколади се купуваат за 39 златници
468/39 = 120 чоколади
120 чоколади = 1200 удари = 12 милиони штета

100 евра = 12 милиони + 950.000 = 12 950 000
200 евра = 24 милиони + 950.000 = 24 950 000
300 евра = 36 милиони и 950 илјади штета
400 евра = 48 950 000
500 евра = 60 950 000
итн.



Ова е пресметано со попустот од 30% кој сега го нема и под претпоставка дека има играчот "дијамантски статус".

И ќе пишам и денеска како и во минатата статија дека секој си е господар на својот живот, негови пари негов живот негов кеиф.

Сакав само да дадам алтернатива и да укажам на фактот дека се удираат и по 50 милиони штета во една битка која ако е тешка и ако нема помош од сојузници може и да се изгуби, се удираат по 25 милиони штета во една мини-битка и се губи а со истите пари на некој посетуван сајт може да стои банер од играва со НЕГОВ рефферал ЦЕЛ МЕСЕЦ.
Или може да се испреговара за платен(и) текстови секако со рефферал.
Значи стотици или пак илјадници нови играчи кои секогаш ни се потребни без оглед дали имаме 8 ресурси а не пак сега кога сме избришани.
Во тие нови играчи и пред се РЕФФЕРАЛИ може да има некој нов Romper, Scymex не се знае никогаш..
Златото ќе си го поврати само на долг рок со развитокот на новите играчи а пак тие играчи ќе донесат нова вредност во играва нови единици, нови активни борци, нови конгресмени, претседатели..

Споредете, можеш да прднеш денеска 500 евра и пак да се изгуби битката или пак да донесеш 500 активни играчи и реферали 500 играчи = цела нова армија.
На тој начин PegjaT ги добил своите 27 society builder медали.

Ова ми е последен текст на оваа тема и нема повеќе со тоа да замарам.
Не очекуваат тешки месеци во играва...

Разгласи: Да да трошат. [lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-lazarosamkd-1-1944397/1/20