Настани и можни стратегии [day 1211]

Day 1,211, 06:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Веројатно не е необично да се почне статија со слика, доколку сликата кажува доволно. Сепак, во горната само поискусните ќе видат доволно, па ред е нешто да се напише... Како што видовме, Италијанците го почувстуваа ножот на своите сојузници во грб, и веројатно видоа што направиле со нападот на Црна Гора, а особено со нападот на Македонија. Сега покрај ножот, чувствуваат и ќотек. Допрва, во оваа ситуација очекуваме да ни се приклучи и Словенија, која што ќе ја замава италија од нејзиниот север... И се би било бескрајно едноставно за нас и словенците, ако тука не се појават други играчи... Да ги разгледаме ситуациите... Нашите најголеми сојузници се: Србија, Унгарија и Турција. Србија е реално зафатена во постојана војна со Хрватска и чат пат востанија во Босна. Секако дека помагаат колку што можат, и се навистина добар сојузник. Турција... Е Турција е сојузникот кој треба да ги држи да седат мадро Бугарите и Грците. Но Турција мака мачи да ослободи една територија, пред се, затоа што со интерес се јави и Романија... Ако владеењето над Турција го преземе Романија, ние би имале сериозен проблем со Грција и Бугарија... Што е поентата... Не е само идејата да се мава на Италија и да се ситиме со тоа. Треба да се внимава на сојузниците. Исклучително е пожелно, денешната битка меѓу Унгарија и Романија - да ја добијат Унгарците, што би го релаксирало значително притисокот врз Турција, а со тоа Турција би била подостон противник на Грците и солидна кочница за Бугарите. Значи - Во ред е - мавајте по својот природен непријател, но не заборавајте на нашите сојузници - Унгарија и Турција...

П.С. Не би се чудел доколку Хрватска ја нападне Италија во крајбрежниот Црногорски регион!