Македонија & Грција - Статистика! [lazarosaMKD]

Day 1,672, 05:59 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
понеделник, 18 јуни 2012
статија бр.102


Се врати стариот-добар egov4you!! 🙂
Не е уште 100% во форма, но сопственикот на сајтот, пољакот aVie најавува дека во наредните денови целосно ќе проработи 😉

Сајтов не беше во функција околу 7-8 месеци, многу нешта во меѓувреме се сменија во поглед на дневна/неделна штета, сила, активни играчи, вкупна штета...
Не можевме точно да процениме кај сме што сме ниту другите, можевме само да споредуваме бројот на жители и бројот на онлине играчи но тоа не беше доволно за да ја даде реалната слика..
Често пати при порази и во немоќ некои знаеја да го обвинат "Плато" и дека играва е наместена па се надевам сега повеќе ќе се врати довербата во играва и помалку ќе има "плачење" 😉

Одиме со споредба помеѓу Македонија и Грција, првата бројка е за Македонија а втората за Грција.


Жители: 6,914 македонци / 8,317 грци
(ова претпоставувам е бројка на играчи со македонско / грчко државјанство кои макар еднаш сработиле или се бореле, значи играчи со барем 1 хп а кои профилот не им е "умрен")

Борци: 2,607 македонци / 2,638 грци
(играчи со барем една борба т.е убиство во изминатите 24 часа)

Просечен удар: 736 штета Македонија / 554 штета Грција
(не пишува дали е просекот со q6 оружје или без оружје)


Вкупната штета вчера / колку од нејзе е удрена за True Patriot:

Македонија: 986,411,900 штета / од која 828,779,416 за Македонија
Грција: 839,342,620 штета / од која 671,231,341 за Грција


Споредба по дивизии:

I дивизија:

Македонија: 3,360 играчи ; 350 борци (во изминатите 24 часа) ; 66 просечен удар и 8,773,600 направена штета за 24 часа.

Грција: 4,956 играчи ; 551 борци ; 50 просечен удар и 9,942,910 штета за 24 часа.

II дивизија:

Македонија: 1,641 играчи ; 725 борци ; 606 просечен удар и 90,291,740 штета за 24 часа.
Грција : 1,830 играчи ; 895 борци ; 624 просечен удар и 109,100,920 штета за 24 часа.


III дивизија:

Македонија: 1,468 играчи ; 1,117 борци ; 1,662 просечен удар и 446,413,070 штета за 24 часа.

Грција: 1,225 играчи ; 905 борци ; 1,664 просечен удар и 360,003,380 штета за 24 часа.


IV дивизија:

Македонија: 445 играчи ; 415 борци ; 3,227 просечен удар и 440,933,490 штета за 24 часа.

Грција: 306 играчи ; 287 борци ; 3,853 просечен удар и 360,295,410 штета за 24 часа.


п.с Во наредната статија статистики за македонските воени единици и за играчите 😉


И за крај, ако се изморивте од бројки и споредби 🙂








Македонија & Грција - Статистика! [lazarosaMKD] http://tinyurl.com/ck4mvrq