Плата од 1000 мкд?!? [lazarosaMKD]

Day 1,708, 11:33 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

вторник, 24 јули 2012
статија бр.107


Мене јасно ми е како се влезени 70% од конгресмените, ама еве преку статија да се апелира ако веќе не знаат, тераат некој инает или си тераат мајтап.

Се работи за законов со кој минималната плата би била 1000 денари и кој во моментов ако вака остане би поминал со резултат 8-7.



Кога би се изгласал законов, што сепак се надевам и верувам дека нема да се случи, од утре нема да има понуди за работа.
Единствените понуди ќе бидат од почетници и неуки кои ќе бидат во крајна загуба
поради државно организираниот грабеж.

Законов е поднесен од Ацежути на мајтап како за последен ден од актуелниов мандат, ама не мора на мајтап и да биде усвоен.

Не мора самите да си правиме работи кои си ги прават непријателски држави една на друга, во случајов самите се закопуваме.
Во Февруари/ Март 2009-та година (кога е додадена Србија во играва), првиот претседател на Србија беше Хрват - BorKan
Хрватите во Српскиот ПТО Конгрес изгласаа високи плати, слични на законов и како резултат на тоа во Србија немаше понуди за работа, бебињата и целата српска популација отиде во Индонезија, Унгарија и други сојузнички држави со добра економија.

Ако сакате сите Македонци да работаат во странство, слободно изгласајте со ДА.
Да бидеме во нешто уникатни, макар во глупоста...


ДОПОЛНУВАЊЕ