Останете ми со 100 здравје... //реобјава//
Great White Ajkula
Постојат работи кои просто мора да се преобјават повеќепати, да ги потсетат помладите играчи за некои нивни обврски кон Македонија
Постојат три работи кои треба да ги имате на памет при вработувањето и работата:
1. Начинот на кој се пресметува вашиот личен прогрес во играта е тесно поврзан со вашето здравје. Имено, она што го гледате како своја „продуктивност“ веднаш после работата е воедно и вашиот прогрес. На своето скалило за напредокот добивате онолку поени, колку што е вашата продуктивност. Со помало здравје, продуктивноста е помала, па со тоа и напредокот. Сите, дури и почетниците, сте го забележале фактот дека Гуру зема поголема плата од Специјалист, тој од Сениор и така натаму. Резиме број 1: За побрзо да стигнете до поголема плата, работете со поголемо здравје.
2. Работата со мало здравје индиректно влијае на растот на цените. Ова звучи како небулоза, и за сите е поприфатливо дека „подобро е некој газда да банкротира, отколку цените да растат“. Тоа е помалку остварлива варијанта. Зошто цените растат, ако работите со помало здравје? Едноставна причина - со помалку здравје, вие добивате иста плата како и со повеќе здравје. Губите само од споменатото во точка 1 (имате забавен прогрес), но немате финансиска загуба. Но, газдата ви дал иста плата, а сте му произвеле помалку. Тоа помалку произведено, за да си ги врати парите - газдата ќе мора да го продаде по поголема цена. Се додека на пазарот има ист производ со помала цена, неговото нема да се продаде, но ако не сака да оди во загуба, газдата нема да ја спушти цената, туку ќе чека да настане поголема потрошувачка на неговиот производ - и да го продаде без загуба. Резиме број два: Работете со поголемо здравје за да има попристапни цени.
3. Во војните, принципот на војување е со таканаречени „илузии на играчи“ кои се на бојното поле. Вие одите на бојното поле, нанесувајќи со пукање штета на илузијата, а битката ја добива онаа страна која направила повеќе штета. Вашата илузија на бојното поле на нашите противници може да се појави по случаен избор. Ако е со мало здравје, противникот ќе потроши само 10 здравје за да ја уништи. ако е со големо здравје, противникот ќе треба да потроши најмалку 20 здравје, понекогаш 30 или 40 за да ја уништи (зависи и од квалитето на оружјето што илузијата го има). Значи, резиме број 3: со самото тоа што имате високо здравје, вие имате придонес кон одбраната на земјата.
ШТО АКО НЕМАМ ПАРИ ЗА ДА ГО ВРАТАМ ЗДРАВЈЕТО?
Ова може да се случи. Постојат две решенија:
Првото е намерно да влезите во фирма на пазарот која нуди далеку помала плата од заслужената. Со порака до газдата, кажете му дека сте влегле да за да не ја оштетите некоја фирма која дава реално висока плата, но и дека очекувате зголемување на платата, како што расте здравјето. Ако газдата се прави мутав, правете се и вие, и работете му со мало здравје. Внимателно со ова. НЕ влегувајте кај фирми со минимална плата, затоа што газите можат да ве искористат. Одберете таква плата, што ако највисоката е 10 денари, вие влезете за 6-7 денари... (одете на 60-70😵
Второ решение е да се обратите со порака до нашите институции за помош:
а. Македонски Црвен Крст
б. Министерсво за здравство
Трето решение постои, ама е помалку адекватно, и не секогаш делува... Тоа е да „извикате“, во Shout: пријатели, ве молам пратете некое лепче да го вратам здравјето.
СПЕЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ
Доколку сте под окупација или работите во фирма на наш противник, тогаш работете со помало здравје, иако тоа повторно е на ваша штета, заради точка 1. Сепак, штетата по основ на точките 2 и 3 е поголема за нашите непријатели.
Comments
o7 prva : P
Јас бев прв... 🙂
o/
vote
o/
о/
Мало надополнување на точката 3 - секогаш имајте еден Q5 тенк во инвентар. На тој начин на противникот ќе му требаат многу повеќе удари за да ве совлада на бојното поле. Значи кој може да си дозволи треба секогаш да има по еден тенк во себе зашто така индиректно се бори за МК и сојузниците ни.
+1 Каменковски! Сосема наместо. Ставам тенк!
о/
voted.
sub 1677 vote 38
vrati :
http://www.erepublik.com/en/newspaper/kissbycleopatravii-253945/1
😉
o/
Steta koja kje ja napravat se presmetuva sprema brojot na udari. Ako imas 100 zdravje neprijatelot kje treba da udri okolu 4 pati i kje napravi X influence, a ako imas 20 zdravje kje treba da udri samo ednas i kje napravi samo X/4 influence, taka da nema nekoja golema razlika ako imas 100 ili 20 zdravje ili pak imas tenk vo inventory. Edinstveno ako protivnikot udri nekolku pati no nema dovolno zdravje za da te do ubie, pa dzabe potrosil zdravje za da udri bez da napravi influence.