Македонец, Бугарин и Грк

Day 2,275, 12:55 Published in North Macedonia North Macedonia by ko3ar28

Си седеле околу логорски оган Бугарин, Македонец и Грк. Дувало тивко ветре, кога одеднаш нешто шушнало во грмушката. Бугаринот станал "Аз ще проверя" и отишол во грмушката, по некое време се слушнало удар и ете се враќа Бугаринот со џумка на челото, ништо не прозборил и пак си седнал на местото. Не минало многу време пак нешто шушнало, сега Гркот станал да провери. Влегол во грмушките и се слушнало удар, за кратко време уште два удара, се вратил и Гркот со три џумки и без да проговори си седнал на местото. Кога пак се слушнало шум, станал Македонецот и тој да види за што се работи. И тој влегол во грмушката и пак се слушнал удар, како и претходните двајца и тој се вратил на своето место со џумка на челото, без да каже ниту збор. И си седат така тројцата, си молчат, кога одеднаш Бугаринот проговорил "Аз не мога да разбера защо Гъркът три пъти натисна на греблото?