[Аминта] Објаснување на состојбите

Day 1,335, 02:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Aminta Makedonecot


Поздрав Македонци,

Како што знаете уште од самиот почеток ветив дека во консултации со поискусните играчи, нашите сојузници и ОНЕ ќе направам долгорочна стратегија за Македонија и ќе работам на нејзина реализација.
Сакам да ве известам дека таква стратегија и план е направен но истовремено морам и да ве известам дека во подготовките за отпочнување на неговата реализација наидов на огромни опструкции од голем број внатрешни и надворешни фактори. Тие опструкции ме вратија 4-5 дена наназад и наместо да отпочнеме со реализација ние бевме приморани да го ревидираме неколку пати планот и да ја адаптираме стратегијата на новите услови.

Ако имавте доверба во мене кога гласавте за мене тогаш ја очекува истата таа доверба најмогу сега кога ќе треба да се реализира она што го ветив на и по изборите.
Едно нешто мора да ви биде на сите јасно, дека било каква стратегијата за Македонија НЕ е можно да биде јавен документ (затоа не ме прозивајте за одговори на нешто што е сеуште тајна) туку напротив се до моментот додека не се реализира или барем почне да се реализира не смее да излага во јавноство детали и посебно не да допре до ушите и очите на нашите непријатели. Но што се случи?

Прво, Јас и нашиот МОФА Медс потрошивме 5 дена на преговори да го подготвиме теренот за стратегијата, да опипаме пулс, да чуеме мислење, ставови и да потврдиме некои добиени ветувања од сите засегнати страни. НО, Прва и најголема опструкција и саботажа ни дојде токму од Кипар и инци. Да не се повторувам знаете сите што се случи. Од обични прелиминарни преговори и муабети тие ги претворија во циркуз и најлошо од се и покрај моите инсистирања да не објавуваат детали од разговорите се додека не се договориме дипломатски со нив, тие направија масовен спам, го објавија цел лог од преговорите и почнаа вербална војна со навреди против Македонија која се претвори и во фронтална воена со 4 востанија дигнати од инци против нас. Знајте само дека инци повеќе не се наш проблем затоа не се замарајте воопшто со нив повеќе. Сами одлучија да се здружат со Грците и да станат непријатели на сите ОНЕ членки.

Второ, Овие тролања и спамови на инци и Кипар дојдоа како кец на десетка за Грците кои веднаш ја искористија ситуацијата и ја продолжија пропагандата на која за жал многу и наши луѓе во Македонија паднаа и немасто да помогнат и тие почнаа да одмагаат и да прават опструкции на моето работење.
Па така наместо јас да продолжам со реализација на нашиот план да ја обезбедам Македонија со повеќе региони и ресурси јас морав да гасам пожари дома, да се објаснувам, појаснувам, да губам време на троливи и спамери...

Трето, во еден од тајните преговори кои одеа во позадина на реализација на нашата стратегија доживеавме уште една голема опструкција која повторно се прелеа кај нас дома и на која провокација од Грчките и инци спамери овој пат помогнати со Хрватите повторно падна дел од нашата јавност правејќи им повторно услуга на непријателите.
Имено, во преговорите со Унгарија и Словенија, сакаа да се вклучат и Швајцарците преку нивниот CP (кој патем е Хрват) на што јас остро се спротивставив и лично се погрижив да биде отстранет од преговорите. Но еден од многуте драфт верзии на понудени НО НЕ ПРИФАТЕНИ од наша страна договори дошол и во раце на Швајцарецов (читај Хрват) и тој го објавил во весник насочувајќи ја пропагандата повторно кон Македонија дека наводно ќе сме давале нови региони на Словенцците. ЗА ЖАЛ и на оваа провокација и пропаганда паднаа голем дел од луѓето кај нас па одма почнаа со прозивање, плукање и обвинувања кон мене. Знајте дека целта на Хрватите е да ја отворат фронталната битка со нас, бидејќи се запечатени како во шише и немаат со кого да се борат. НЕ ИМ ПОМАГАЈТЕ ДА СИ ЈА ОСТВАРАТ ЦЕЛТА!

Четврто, За моја огромна жал и дури мала разочараност инци преку Депеци (човекот кој истанка 1,5 милиони во една рунда против МКД и постојано не нарекува фиром) успеале и на Струме да му направат погрешен филм па човекот сигурен сум во најдобри намери после два месеци пост се врати и на слепо напиша статија без да ги знае сите детали и информации околу целиот случај со Кипар. Значи дури и Струме беше злоупотребен во таа пропаганда која масовно се спроведува против Македонија и нашите интереси.

Организираните пропаганди на Грците и инци не престануваат туку продолжуваат и денес. ЗАТОА АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ ПАЃАЈТЕ НА ГРЧКИТЕ ПРОВОКАЦИИ!
Грците користат Лазократи аватари за да направат повторно забуна кај нашата јавност и да се обидат да ја набуцкаат нашата јавност против Турците.
Значи кој знае поарно да погледне ќе види дека овој што ставил Лазократ аватар и дигнал востание ви Атика е обичен ГРК!

http://www.erepublik.com/en/region/Attica

Сакам уште еднаш да апелирам и да ги успокојам сите во Македонија дека Турците ни се големи пријатели и сојузници а дека ваквите провокации нема да поминат. А Лазократите лично ми ја искажаа својата поддршка дека секогаш ќе бидат со Македонија.


Доказ дека Грците и инци работат координирано заедно е и ова што инци се обидоа да го направат во Турција каде истовремено пуштија закон за НЕ против Македонија.

http://www.erepublik.com/en/Turkey/law/78537



ЗАТОА МИРНА ГЛАВА И НЕ ПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ И ПРОПАГАНДА!


ЗА КРАЈ ИМАЈТЕ НА УМ ДЕКА ПОСЛЕДНА СЛАМКА ЗА СПАС НА ГРЦИТЕ ИМ Е ПРОПАГАНДАТА... БИДЕЈЌИ БИТКИТЕ ИМ СЕ СИТЕ ИЗГУБЕНИ ИМ ОСТАНА САМО ВО ПРОПАГАНДАТА И ПРОВОКАЦИИТЕ ДА СЕ КРСТАТ.
ВЕ МОЛАМ ОСТАНЕТЕ СПЛОТЕНИ И МИРНИ И НЕ ИМ ПОМАГАЈТЕ НА ГРЦИТЕ ДА СЕ СПАСАТ СО ВАКВА ПОДЛА ИГРА!


Поздрав Македонци,
умот пред јазикот.