Куќи...

Day 1,101, 12:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Прво би нагласил дека во статијава ќе користам реални цени преземени од нашиот пазар и ќе ја образложувам нивната исплатливост - споредено со цената на лебот.
- Куќа 6х18 дена, т.е. дава 108 здравје е 25,15 денари. За 25,15 денари може да купите 61 леб од 0.41 денари, т.е. да обезбедите 122 здравје. Ранг Неисплатлива (-14 здравје) - продавачи, намалете ја цената на 22 денари за да биде исплатлива. Би станала исплатлива за леб од 0.46 денари.

- Куќа 20х20 дава 400 здравје, чини 58.58 денари, За 58.58 се купуваат 141 леб (и кусур) односно се купуваат 282 здравје. Ранг - Исплатлива (118 бонус здравје) . Незгоден момент се токму оние 20 здравје. Имено, дневно се губи 6 здравје по основ на преод на ден, работа и тренинг. Борбите одземаат по 10, па или ќе ви создаде куќата 104 здравје (т.е. 4 вишок), или ако изведете две борби, ќе ве остави со 6 помалку, т.е. ќе треба да докупите лебче, или да работите еден ден со 94 здравје, друг со 100.

- Куќа 15х30 дава 450 здравје 59.99. Исплатлива, погодна за една борба на ден (156 бонус здравје)

- Куќа 25х10 дава 250 здравје. 60.10. Неисплатлива (-43 зддравје), но исклучително фајтерски погодна, имате две борби на ден и дневни обврски.

- Куќа 16х28 дава 448 здравје. 60.60. Исплатлива (+154 здравје), погодна за една борба и редовни обврски

- Куќа 10х70 дава 700 здравје. 98.98. Исплатлива (+217 здравје), непогодна, но заради времетраењето (70 дена), може да се земе и да оди во комбинација леб.

Куќите од повисоките класи нема да ги анализирам, но методот на анализа е веќе познат. Заклучок - има тука за секој ти играчи:
6 здравје за мирољубиви, но засега неисплатливи
10 за комбинирање - чат пат да има борба..
15(16) за една борба на ден
20 за комбинирање - една сигурна борба на ден, може чат пат и две
25 фајтерска куќа, две сигурни борби на ден.