Платите за момент се кренаа. И ПАК ќе паднат...

Day 1,101, 00:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Во мојата фирма одеднаш се случи одлив на работна сила. забележав дека има поголеми плати на пазарот на труд, и на тие што останаа - веднаш и ги подигнав, за да не ми бегаат (освен оние работници за кои ми беше сеедно - затоа што ми беа џабелебароши). Го задржав дел од квалитетниот кадар - и отворив понуди за нови работни места. веднаш се најдоа „Паметни дечиња“ што „ќе го заебат газдата“ и ќе му работат со 30-40 хелт. културно - еве јавно признавам - ме зафрнавте. ми зедовте цел денар повеќе и тоа сосема незаслужено. Браво! Сега да ви кажам дека заради таквите како вас, цената на трудот на нашиот пазар никогаш нема да порасне. Пак ќе падне. Сфатете дека мене вашата „финта“ ќе ме оштети за денар, а вас ќе ве оштети едно недела дена да работите за мизерна плата. Сфаќате ли дека не ме заебавате мене туку цела еМакедонија, Која ви е причината за играва, ако не еМакедонија?