Џабе леб!!!

Day 1,100, 12:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Провокација... нормално. Како инаку би ја прочитале оваа статија. Да... Оваа статија е за лебот. За крајно погрешната економска логика... Денес се изначитав статии и убедување дека „пекарите збудалеле“, и дека цената отишла до небо. И пак провокација за сите - Цената треба да биде 0.45, барем според сегашната цена на златото. Во ваккви услови, лебот побрзо ќе ја подигне цената, и тоа е чиста економска логика.

Споредбени цени
Леб продаден во Македонија по 0.4, со курс на злато 0.035 изнесува 0,014 злато (0,01365 со данок). Да споредиме со другите постари земји, со стабилни економии. На пример Бразил има цена на леб 0.70 и курс 0.028 што вкупно прави 0,0196 злато - или за 0.05 повеќе отколку во Македонија (за жал данокот од 20% на бразилската држава го намалува профитот). Да ја видиме веројатно најмоќната земја во светот - Полска 0.79 * 0.023 = 0,01817. Значи „најскапиот леб“ како што го опиша претседателот пред некое време, и кој владата се труди да го спушти со државни компании за жито е меѓу најефтините во светот (инаку идејата е благородна и е добро што ќе ги зауздува странските компании).

Економската логика
Кога нашите пекари ќе утврдат дека да извезе во Унгарија, Бразил или ако му успее Полска му е многу поисплатливо, тогаш ќе почнат да извезуваат. На нашиот пазар ќе останат помалку компании, што ќе резултира со зголемување на цената на лебот, од проста логика на нештата - она што го има помалку - се продава поскапо.

Што би било кога пекарите сега би ја зголемиле цената на лебот?
Тоа е интересно. Оштри типчиња ќе протестираат дека „ужасно оскапе лебот“, а всушност 10 леба дневно да користи (!), ќе потроши 0.5 денари повеќе. А што ќе се случи ако е тоа така? Еве што - ќе се зголемат платите. Пекарот ако има профит ќе оди кон тоа да набави и задржи квалитетни вработени, луѓе со висока продукција. За да ги набави и задржи, ќе мора да ги привлече со поголеми плати. Платите нема да се подигнат за 0,5 денари, туку во просек за 2-3 денари (мноооогу над оние 0,5, за тие што јадат 10 леба дневно). Повисоката цена од своја страна ќе ги задржи пекарниците да не пласираат производи во странство, или делумно да го прават тоа, што пак ќе донесе до баланс.

Зошто го избрав лебот?
Затоа што лебот е двигател на економијата. Лебот е потребен за да имате здравје, здравјето е потребно за да напредувате побрзо...
Сакате повисоки плати - Немојте да ја форсирате девизата „лебот е скап“. Лебот уште треба да поскапува, за да може да тргнеме напред.

П.С. Купувајте куќи за да може да војувате. Немојте да се засновате само на леб.