Brainwashing (Операција перење мозок)

Day 1,313, 16:13 Published in North Macedonia Poland by kojoti2

Оваа статија е наменета за оние што уште размислуваат со свој мозок, оние на кои им е исперен нека сопрат овде и нека не читаат и така нема ништо да разберат

Порака за тролови одби бре........

Значи муабетот ми беше околу перење мозок интересна работа во еМакедонија која ја посматрам веќе подолго време.



Значи да видиме како оди првиот лог на еден обичен играч кој прв пат се логира на еРепублик (освен ако не е мулти а ги има доста сега)

Значи го пречекува порака за добредојде (се знае од кого), Туторијали (се знае од кого), линк до шат (се знае чив е), форум (исто се знае чив е).

Значи тука машината почнува да врти и Операцијата започнува.

Новиот играч целиот збркан влегува на канал, гледа играчи со звезди кикаат, се палат на виртуелна игра, дворските шутови играат околу нив за воис, полу оп или оп, ги забавуваат да не им е досадно (овие се посебна категорија така наречени вазелинци).

Е сега ако е паметен новиот играч ќе седи настрана и ке си гледа сеир или ке биде вовлечен во вториот дел од операција перење мозок.

Се зачленуваш у “Најбројна Партија” и треба да бидеш “горд” да гласаш за играчите со звезди пошто нели тие се најпаметни, се знаат ако они не се у власта ке настане потоп, крај на виртуелна Македонија. Гласај за нив да им биде добро инаку тука е крај.

Тие верно гледаат одозгора и се мачат 25 часа на ден за еМакедонија да биде еВелесила.

За да продолжи операцијата мора да се гласа за нивните статии, оти какво е тоа чувсвтво ние најдобри да имаат статија а да не е у топ 5 (макар и со платени гласови од кај Пољаците).

Зачленување на форум е обавезно, тука продолжува операцијата, секој напишан збор од The almighty мора да биде пречекан со воодушевување и да се слави најмалку 3 дена.

Е кога сето оваа ќе заврши и ако операцијата успешно заврши ти стануваш член на



Поздрав Македонијо