Пакети за децата 3 [МЗИ]

Day 3,013, 07:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав.

Трет месец по ред се спроведуваа оваа кација за помош на малите дивизии во поглед на обезбедување пакети.

Сигурен сум дека веќе сте запознаени со системот и потребата за опремување на малите дивизии. Системот претходните два месеци се покажа успешен и не планирам да го менувам.




Да преминам на повратокот на средства од страна на луѓето на кои им се помогна.

pop trajan



Elektro.N



Furious Lady



Yo Bitch



Доказ дека парите се вратени во трезор.






Пред да ги наведам условите за добивање пакет, сакам да ве известам дека и овој пат од буџетот ќе бидат издвоени 300.000 денари за оваа намена, значи 10 души ќе бидат опремени.

За да аплицирате потребно е да исполнувате одредени услови:

1. Да ја пополнете следната ФОРМА

2. Да го исполнувате минимумот сила по дивизија и тоа во следните рамки:

2.1 Дивизија 1 – минимум 55.000 сила
2.2 Дивизија 2 – минимум 85.000 сила
2.3 Дивизија 3 – минимум 95.000 сила

3. Ќе треба да ги вратите позајмените средства во најбрз можен рок, а најдоцна 30 дена по купувањето на пакетот.

4. Ќе треба да најдете двајца пријатели да ви бидат е-жиранти т.е. луѓе кои ќе одговараат доколку вие не ги вратите парите тие ќе бидат обврзани да ги вратат во касата.

НАПОМЕНА: За да се избегнат малверзации со имињата на жирантите, ќе изготвам групна порака со членот кој ги предложил се со цел да добијам нивна согласност дека го прифаќаат жирантството, за да нема дополнителни рекламации од типот: јас не прифатив тој без да ме праша ме пишал.

5. Ќе постои приоритет за добивање пакети и тоа според следниов систем:

5.1 Прво ќе бидат опремени сите играчи од Д1 кои ќе се пријават и ги исполнуваат условите од погоре

5.2 Останатите места ќе бидат пополнети со играчи од дивизија 2 и 3

5.3 Во случај на спор помеѓу кој да добие приоритет дали дивизија 2 или 3, првичен приоритет ќе има играчот од дивизија 2

6. Доколку за играчот постои сомнеж дека би ги злоупотребил средствата, нема да му бидат доделени средства.




РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 48 ЧАСА. ПОСЛЕ ТОЈ РОК ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА СТАТИЈА СО ИГРАЧИТЕ НА КОИ ЌЕ ИМ СЕ ПОМОГНЕ И СО ИГРАЧИТЕ КОИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА НИВ.

Пријавувајте се и шаутирајте за што повеќе играчи да видат.

Министер за Информирање

akconel