е-Евровизија - Женева 2016. [МзИ]

Day 3,032, 12:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Дами и господа,

Чест ми е да ви соопштам, дека по една година пауза, е-Изборот на песна за Евровизија ќе се одржува во Женева (Швајцарија) овој месец.

Како што знаете, претходната е-Евровизија беше одржана во Даблин (Ирска) и победник на ова натпреварување беа домаќините. Во план беше да се организира уште едно натпреварување во октомври минатата година, но поради слабата организација, проектот пропадна.

Сега, на иницијатива на швајцарскиот претседател, швајцарската влада и швајцарското министерство за образование, новиот натпревар ќе биде одржан во Женева (Швајцарија)!



Правила како да учествувате:

1. Предложете песна во коментар со линк од youtube/soundcloud
2а. Песната мора да биде изведувана од пејач од Македонија
2б. Песната може да биде изведувана од ерепублик играч
3. По поднесувањето на пријавите, координаторот за нашата држава ќе организира гласање (во случајов тоа ќе бидам јас, како министер за информирање)
4. Победникот ќе ја претставува Македонија на е-Евровизијата во март 2016.
5. Откако државите ќе изберат која песна ќе ги претставува, Швајцарија ќе организира презентација на песните во живо на dubtrack.fm и потоа секој ќе може да гласа за најдобрата песна.
6. Победникот ќе биде домаќин на наредната е-Евровизија



Натпреварувањето е подржано од владите на:


(се очекуваат уште многу други држави)




ПРЕДЛОЖЕТЕ ПЕСНА СО КОМЕНТАР НА СТАТИЈАВА, ВО КОЈ ЌЕ БИДЕ ЛИНКОТ ОД ПЕСНАТА

Оригиналната (англиска) верзија на натпреварувањето можете да ја пронајдете тука:
http://www.erepublik.com/en/article/eeurovision-song-contest-geneva-2016--2586827/1/20