Отчет и поглед кон иднината [МЗИ]
Ministerstvo za Informiranje
Здраво на сите.
Пред да ја започнам статијата сакам да изразам сочувство до загинатите во стравичното завчерашно невреме во Скопје, а на тие кои се повредени и претерпеа материјална штета да им посакам побрзо станување на нозе.
Понекогаш сфаќам дека сум голема будала на играва. Која е причината што овој пат дојдов до таков заклучок?
Причината е што воопшто чекав нашиот веќе бивши цреп да извади статија со отчет за сработеното. Треба жесток притисок да му се врши на човекот за сосила да извади некоја статија
На моите барања за очет последниве 3 дена добивав исти одговори: до вечер ќе биде. Таа вечер не ја видов.
Исто така цела недела секој ден му пишував ЈАВНО да се извини за неговиот крајно безобразен однос и неискажаното жалење и каење пред се спрема Furiuos Lady а потоа и за неговите постапки и неактивност.
Јас сум огорчен, гледајќи ги сите напори на Северус и Furious Lady да направат да бидеме во поволна позиција, да не зависи од никого, да бидеме силни, луѓе кои си го посветија целиот месец и целиот одмор за оваа виртуелна заедница додека господинот во лице им се смееше: па лето е треба да се одмара неможам да седам на играта - гласеше еден од последните негови цитати пред да и пукне филмот на Lady.
Јас неможам да трпам ни во РЛ, а камоли во виртуелна игра некој на грбот на друг да манипулира и да се кити со туѓи перја. Можеби дел од вас ќе ме нападнат дека нетреба ова да се пише, но јас никогаш не реагирам без причина.
Поради тоа за мене, а очигледно и за повеќето Македонци ќе остане во листата на ЦП кои само биле ЦПа и ништо не направиле. Други му ја завршија целата работа.
Тој направи 2 видеа за малце ќе заборавев. На крајот сепак покажа доблест и образ да се извини јавно иако повторно ги врти работите.
Луѓето кои се во владината Вибер порака се сведоци дека после неговиот мандат нагло му се крена активноста што е навистина запрепастувачки и крајно лицемерно.
Имав голема надеж и доверба во ЦПто, но тој во моите очи тотално се урна како кула од карти и тотално ме разочара. Знам дека него воопшто не му е гајле за тоа ама од погоре кажаното неможе да побегне.
Се надевам дека доколку повторно еден ден се кандидира ќе биде нормален ЦП, секако доколку повторно не згрешиме и го изгласаме.
Ќе се потрудам да бидам краток колку што е можно во поглед на случувањата на воен и дипломатски план. Бев сведок благодарение на членството во владината порака на Вибер за сите случувања и се чувствувам обврзан да ве запознаам/потсетам со настаните.
Воени акции
Мандатот започна доста бурно и вербално напнато. Неколку играчи вршеа притисок за војна поради неколку месечната монотонија плус роденденот на ХЛ и се бараше да се отвори вештачка војна за да има каде да се прави огномет. Јас заедно со уште неколку владини членови бев против таква акција и до ден денес го имам истиот став дека не ни требаше.
Гласањето во владината порака беше во ќорсокак па како што кажа ЦПто се гласало по командири на единици каде без проблем изгласаа војна зошто тие и тоа го бараа. Се нападна Аргентина како би се помогнало на тогаш окупираната Шпанија, иако на почетокот имавме проблеми од Бугарите зошто не биле информирани за нашата воена цел и дека било изненадувачко за нив. Не само за нив туку и за нас беше благодарение на ЦПто ама бидна.
После успешното слетување и освојувањето на Аргентинските региони следуваше нов удар врз нас од УСА која неуспеа да слета ни да ја оствари првичната цел да им помогне на Аргентина. Во тие битки бевме сведоци кои земји рокаа против нас, а кои за нас. Најголемото негативно изненадување беше што Унгарците се одраа од пукање против нас како да се тепаа против Романија. Позитивното изненадување беше Русија која доста ни помогна да го собориме авионот на УСА.
На Балканот имаше секој ден закони за НЕ во круг меѓу Бугарија, Грција и Турција, но без ефект. Се беше како првично планираното се додека Бугарите не летнаа во Аргентина, непланирано, неосновано и без логична причина (нивна причина беше да се остави Аргентина без конгрес што беше надвор од умот) и тука настана голем пресврт. Почнаа да не шуткаат од Аргентина на работ бевме од клоца во Индија каде благодарение на нашите пријатели од Чиле успеавме да опстоиме таму, а на Балкан лесно не срамнаа со земја.
Истрошени но сплотени и организирани се боревме храбро против Грција и Турција се додека Плато со воведување на авио индустријата и Маверик Пакетот ни го скрши духот. Настана голем хаос и тотална разочараност помеѓу нашите играчи гледајќи како неколку души се борат против нас во сите дивизии и притоа беа успешни.
Беа само за момент успешни зошто на долг рок кој било тенк, колку сака нека фрла РЛ пари неможе да издржи таков тенковски притисок. Ние со ФФ тие со РЛ пари и илјадници барови, беше прашање на ден кога ќе издишат.
ИЗДИШАА.
Бугарија ја срамна Турција, ние превзедовме офанзива против Грција.
Никако несмее да се заборави огромната помош што неочекувано ја добивме од Србија и Романија пред се во авионските битки. Помошта која ја добивавме од старите сојузници како Шпанија, Чиле, Индо нема потреба да се потенцира тоа е јасно дека беа тука за нас.
МОФА сплетки
На почетокот на мандатот постојано бевме во контакт и на состаноци со Шпанија и Бугарија се со цел координација и проверување пулс за расположението на владините членови за идни нови пријателства. Како што знаете уште од поодамна Бугарија влечеше накај Астерија, додека ние и Шпанија бевме во расчекор која страна да ја фатиме. Добивме таканаречено ветар во грб кога Шпанците ни кажаа дека и тие со симпатии гледаат на идејата за приближување кон Астерија што беше голем чекор напред. Многу е полесно да се работи на одредена цел, отколку да се лута.
Криза со Чиле
Како што знаете за време на турнирот со ресурси имавме тренинг војна со Перу која од страна на Чиле од почетокот немавме проблем, но подоцна од нигде никаде се појави и стана главна непремостлива пречка па дури и на работ на криза за нашите односи со Чиле. Ги нападнаа на Перу во сред тренинг војна со нас и бевме ставени во ситуација да мора да делуваме: дали против Перу или против Чиле да дејствуваме. Имавме состанок каде незнаеа што сакаат. Нивниот диктатор беше без компас и незнаеше како да не испровоцира на тој состанок и да предизвика конфликт. Очигледно беше дека сакаа да предизвикаат конфликт и да бидеме ние криви за влошените односи со нив. Но кога после состанокот дознавме дека и нивните сојузници т.е. сојузот Адриатика појма немале дека Чиле планира такво нешто, ни ги прашала, известила , значи нападнале без план, цел, стратегија беше јасно и лесно да се види дека некој ни копа гроб.
На крајот го одбија МППто со Бугарија и летнаа во тотално кастастрофален воздушен напад спрема Црна Гора кој го изгубија, но благодарение на одбивањето на МППто со Бугарија и пукањето на нашите борци во таа битка за Чиле, нивните усти беа затнати и немаше кого да го напаѓаат како главен виновник, тивко си ги спакуваа куферите и се вратија од каде што тргнаа.
Самите паднаа во замката која ја копаа, но се надевам дека сегашната влада ќе работи на одржување на пријателството меѓу трите држави.
Досега потпишавме МПП со Србија, Иран, Франција, а во иднина се очекува и со останати членки на Астерија и нејзните пријатели да потпишеме. Не очекува турбулентен период, но сега е тотално поразлично од порано. СЕГА НЕ СМЕ САМИ. Имаме голема поддршка од многу земји, и сме страв и трепет во помалите дивизии и покрај Маверик Пакетот неможат да не скршат лесно.
Односите меѓу Адриатика и Синдикатот како што се очекуваше и најавуваше не се брилијантни и затоа губат на сите страни. Има најави дека Адриатика ќе згасне, а Синдикатот веќе упати образложение зошто ги губат битките: нивните борци биле на одмор.
Прашање на време е кога Синдикатот ќе почне да плаче и да се труди да се извади од проблемите во кои самите западнаа со нивното љубење на двете столчиња.
Маверик Пакет и авијација
Во разговор со играчи од Д1,2 и 3 воочлива е разочараноста и скептицизмот дали ќе набават пакети за своите профили доколку повторно се појави Маверик Пакетот.
Плато најави дека овој пакет ќе биде достапен само лимитирано време што е доста двосмислено: дали е завршена приказната со тој пакет или пак значеше дека само одреден период ќе биде достапен тој пакет, како што се ПП, ИК, БП по неколку дена.
Останува да почекаме и да видиме на каков чекор ќе се одлучи Плато земајќи го во предвид фактот дека тој пакет крена големо незадоволство кај играчите особено од помалите дивизии.
Втор удар за помалите дивизии беше воведувањето на авијациски модул во кој доколку се борат помалите дивизии ќе добиваат ХП поени што ги прави тотално безкорисни.
Третиот и најтежок удар, помалите дивизии го добија од грб, од нашите соборци од Д4. Односите во нашата заедница т.е. помалите дивизии и Д4 се заострија кога играчите од Д4 се ситеа и радуваа што ние ќе сме останеле без лесен голд и ја поддржуваа промената со воведувањето на Маверик Пакетот и авијацијата притоа несфаќајќи каква штета се причинува со тоа и колку е големо незадоволството кога ќе се види како помалите дивизии се борат во тесна Д4 борба додека играчи од Д4 одат во Д2/Д3 за да испукаат ФФто во епска битка.
Тоа е надвор од умот и е тотално ненормално.
Плус голдот од БХ медалите се претвора во чоколади за да имаме тенковски потенцијал инаку како би биле земја со најмоќни Д1,2 и 3 борци?
За жал тоа се работи кои некои луѓе неможат да ги разберат. Секоја чест за поединци и исклучоци кои доста ни помагаа во битките.
НО и покрај тоа апелирам до помалите дивизии без разлика дали ќе го има или нема пакетот Маверик да купат доколку се во можност со РЛ време барем ИК пакет за да можат да придонесат во идните предизвици кои претстојат и да не ги губиме нашите матични битки во кои бевме сведоци дека кој сака да е неможе да издржи да пука во сите дивизии и да победува, а за авијацијата имаме голема поддршка од Бугарија, Србија и Романија.
Д4 играчите се толку закрвавени меѓу себе, толку се мразат, има страшно его кое е непремостлива пречка за било што да се направи. Д4 никогаш нема да можат ни 2% да ја достигнат сплотеноста и организираноста на Sun Warriors, Red Fury и Heaven Legion. Нивните непријателства се преголеми за било што некогаш да се направи.
Сакам да упатувам апел до Д4, да не си го трошат времето со ширење омраза, туку да се нафатат и да организираат авијација за да бидеме конкурентни во авио битките. Неможе постојано да чекаат друг да им организира, а тие да седат и да мрчат.
Исто така неможе другите дивизии да се грижат за авијацијата додека Д4 со прави што сака. Мора Д4 да размисли и да сфати еднаш засекогаш дека тапка во место со години поради тоталната дезориентација и расцепканост и нивните безсмислени ривалства и непотребно расправање.
БИ САКА СЕКОЈ ОД Д4 КОЈ ИМА ИДЕЈА КАКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА И ФИНАНСИРА АВИЈАЦИЈА ДА ИСПРАТИ ПОРАКА ИЛИ ОСТАВИ КОМЕНТАР СО ИДЕЈАТА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДАНА И ДА СЕ НАЈДЕ СООДВЕТНО РЕШЕНИЕ.
ДОСТА Е ОД ГЛУПОСТИ И НЕПРИЈАТЕЛСТВА ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ И Д4 ДА ЗАЛИЧИ НА ДИВИЗИЈА.
Се надевам на многу победи во овој месец и надеж дека Грција и Турција ќе платат за се што ни сториле досега. Војната со нив продолжува и нема да запре. Вистинско време е да бидат газени како што тие не газеа со години и не држеа окупирани.
Останете ми здрави и живи.
Министер за Информирање
akconel
Comments
Отчет и поглед кон иднината [МЗИ] http://tinyurl.com/jdwlxq4
o7
o/
o7
V
-Ти ако седиш Скопје и се ладиш встан и не излагаш по цели денови некој има реал лајф од другиве, мисам онака да си знајш. Јавно да се извинам по сите навреди ли? Како тоа во лице им се смеев бе какво е ова преувеличување, јас само кажав дека заминувам на одмор. Ете од таму на одмор бев активен сепак.Ти неможиш да трпиш во реал лифе пошто мислам дека не ни имаш другари воопшто..без лутки.. пошто нели ти си безгрешнио св.Петар исто и сезнајкото.
-Како тоа јас се китам со туѓи перја ајде кажи каде е тоа? Кај пропуштив такво нешто..
-Не направив ништо? Наротот ке кажи дали не направив.
-Се извинив тоа што е за извинување и не кажав ништо друго освен вистината.
-Како што сум слободен така ми се крева активноста еве да ти кажам.
И јас исто работев како тебе по цел ден па пак бев поактивен од тебе и присутен додека читав како сите те бараат да ставиш КО да смениш КОД да пуштиш МПП све мораше да го прават другите додека ти наеднаш стана зафатен и тоа баш откако ти почна мандатот.
Видов дека си се извинал јавно и тоа е за респект и време е за крај на приказната.
Што мислиш после што и пукна филмот на Мофата а?
Зарем ти нема да ми бидеш другарче? 😮
Јас св.Стефане кога и да згрешам т.е. кога ќе ми докажат дека грешам се извинувам ти ништо не придонесе за да ме разубедиш.
Ти беше на хартија ЦП а друг ти ја вршеше работата и доколку нема ваква статија некој дов кликер ќе рече дека беше невиден ЦП (во позитивна конотација) ама нема да е далеку од вистината дека навистина беше невиден ЦП од владините соработници.
Да одеше за втор мандат тогаш.
Никогаш немав искуство за КО таја работа беше за Алис. МПП пуштав и договарав дури и без да ве прашам ко што памтам.. само го заборавивме со БГ да го продолжиме па Севе не потсети.
И пукна филмо после српското МПП па и се смире отако го најдов нејзиниот одбиен закон.
Одсега наваму сме БФФ.
Неверувам дека некој досега дека некој те разубрдил искрено.. Кога ви го спомнав МПП-но со Алис ми одговоривте "се прават грешки".
Да на хартија бев и додека разговарав за сите МППа бев на хартија ДА 😉
Ќе одам повторно взима.
o7
*Русија кладе и КО.
*Првичната замисла на АС-от беше само да се слета а подоцна се јаве идејата да се казни и да се остави без конгрес.
Одлична статија. о7
кмеее кмеее кмеее 😃
Муууууууууууууууууу
""""Поради тоа за мене, а очигледно и за повеќето Македонци ќе остане во листата на ЦП кои само биле ЦПа и ништо не направиле. Други му ја завршија целата работа."""""
Без да сакаш му даде големо признание како цреп 🙂
Ако нашол прави деца за прави министерства што ќе си ја вршат работата а притоа постигнуваме и воени успеси и нови МПП а тој уште ќе си го лади на одмор значи си го бива човекот 🙂
Време е и твоите способности да ги видиме.
Ги гледаме секоидневно како докажан патриота кои несебично се арчи за република македонија на повеќе полиња
- изгинав во воените битки и ако треба пак ќе гинам
- совесен конгресмен со безброи предлози во насока на зголемување на БДП и економската благосостојба кај народот
СЕ АРЧИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!
На одмор дремев цело време со мобиле дата он МОРЕе 😃
... нашиот АС над Аргентина од обичен огномет прерасна во стравотна војна во која зеде удел цел еСвет ...
... многу работи се расчистија и станаа појасни, многу работи си докажавме себе си пред се па и на еСветот ... а заклучоток беше дека сите ја гледаа таа наша претстава со голем восхит ...
... одевме до крај само зашто од другата страна се згна максимално ... но бевме поспремни и организирани па успеавме да избришеме земја како Аргентина 🙂
... затоа ве молам доста со таа работа дека било грешка нападот над Арг ... 🙂
плус Д4ките како Лазароса со скинчето имаа можност да улетаат по дивизии и да добијат битни битки ... конечно и тие да ја осетат таа убава еуфорија на победата и чуството дека сепак не се толку безкорисни ... што се однесува на битките 😛
да, како три години пред тоа кога само трениравте и не пукавте 😁)
А јок јок никаде не пишав дека нападот бил грешка туку според мене не ни требаше.
После нападот многу карти се открија точно, јас само наведов како се одвиваа настаните во текот на месецот тоа е се.
Поради баш тој напат сме на оваа поволна положба сега.
Што ќе беше ако беше другите муабети се.
Ne za dzabe ti stoi gospodin vo nikot 🙂
Prvo😒ocuvstvo do SEMEJSTVATA I BLISKUTE Na nastradanite.(popraj si go toj del vo statijata)
Vtoro: I tuka javno go pozdravuvam mandatot Na Ragnar.S.M. o/
Treto:vakvi povrakanici se pisuvaat od licen profil a ne od drzaven org, zatoa sto sodrzinata na textot ne korespondira so namenata Na orgot...Sfakas?!
Ps. Imas butt -hurt.
овој акцонел си го продаде д4 профилот па сеа ќе труби д4 не ги бивало 😛
мпп со србија и франција ? доле влада бре xD
Почнав да читам но...
Преку статии ќе се карате бе црепови невидени ???
ne mu mrsite muda vise na coekot do seg trebase toa da se zabrae
mu go izedivte kurot vise 😃
не сте нормални мајке ми 🙂
Resenie za d4 koj e za igra druzba i dobro pukanje neka poveli vo pomalite edinici 🙂
A site drugi sto ne se mnogu dobri so sila i rank vednas neka preminat vo aviacia i samo tamu neka pukat.
Imame uslovi da se sredime i organizirame duri i pojaki da bideme samo zelba dali ke ima od d4.
Според тебе не требало да нападнеме на Аргентина, абе сега ова е министерство за информирање е или ти анализи свои си правиш, како јанко буреко си 🙂 он така се знае.
Шала на страна, мислам дека со тој напад можеби непланирано но многу карти се отворија.
Убрзајте влез во Астерија формално правно, не ја влечкајте и да ги држиме јужниве окупирани за долго.
Жртви секогаш имало и ако за нашиот успех жртвата треба да е Чиле мора тоа да го прифатиме.
o7
Mnogu ja tupish...
Ubavo kazano D4 mrdnete go gzot, 99% sme mizerija, nikoj neznae kaj tera....sekoja cest na isklucocite, netreba da gi spomenuvam site znaeme koj se.
Ni treba organizacija pod itno vo D4, zgolemena aktivnost vo segasnite edinici ili totalno nova edinica za podobra koordiniranost na aktivnite D4.
Imame Top d123 divizii, mora da se pocne da se raboti i na d4.
o/
o/
v
zostro ne napravivte AS na Pakistan kako vo tvoe vrem 😛
o7
о7
o7