Завршен крик [МЗИ]

Day 3,027, 04:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Поздрав народе.

На самиот крај на мандатот сакам да дадам еден мал поглед на претходниот месец.

ПОЧЕТНА НАПОМЕНА: Некои ми велеа дека моите статии биле како за 6-7 одделение. ТОА НЕ Е ТОЧНО ТИЕ СЕ ЗА 9ТО ЌЕ ВЕ МОЛАМ ВО ИДНИНА ДА НЕМА ВАКВИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ.

Да си тераме со работата.




Во изминатиов месец сведоци бевте дека не бев активен во поглед на статиите. Тоа пред се се должи на периодот во кој немаше сериозни предизвици на кои наидовме, а и мојот колега од МОФА одлично си ја заврши работата во поглед на геополитичко информирање.

На почеток би сакал да ве прашам: Каде бевте бе Македонци? Мирни некако а? Изгледа фуфка ви е од Северус па месецов не зуцнавте за ништо. Ок, до душа не ни имаше за што да зуцнете ќе кажам ЗА ЖАЛ.

И ние сакавме да имаме активен месец, јака/интересна војна па дури и тренинг војна со јака држава но сето тоа пропаѓаше, а мандатот лека полека се тркалаше кон крајот.




Уште на самиот почеток многумина од вас и дел од Бугарските играчи го вршеа Македонско добропознатиот шаут-притисок, за војна. И тоа не било каква туку со Грција, УСА, Канада. Светот ќе беше нас да не беше овој Северус флегмата... партал ќе направевме особено после тешкиот период од 2 месеци во кои жестоко тенкавме. Епилогот на крајот ќе беше јасен: наш пораз и тролање т.е. фрлање дрва и камења од страна на тие кои се силеа за војна како државата била неспособна. За среќа не се подлегна на притисокот и во консултација со сојузниците не се решивме за таков чекор.

Страста за војна спласнуваше од ден во ден особено кога се стави јасно до знаење дека овој месец нема да имаме јака војна поради тоа што добивме отворена молба од Бугарија овој месец да не изиграваме шерифи по светот и да одмориме малце да собереме некој денар/чоколадо/тенк.




Во првиот дел од мандатот имаше отворена можност за создавање на АНТИ-Астерија алијанса која ќе биде поорганизирана и подобро ќе ја насочува штетата. За жал ова одлична идеја пропадна заради Бугарија и Грузија кои не покажаа големо расположение за создавање на таква алијанса, додека нашиот став беше во одредена мера со симпатии во поглед на конечно создавање нешто ново и конкурентно, но од друга страна со голем скептицизам со оглед на тоа кои држави беа на списокот можни членки ја тој сојуз (Македонија, Бугарија, Чиле, Индонезија, Хрватска, Турција, Италија, Англија, Шпанија, Грузија) и неговата функционалност. Како и да е таа тема се затвори така да нема потреба повеќе да се коментира за тоа барем не засега. Во иднина не се знае дали повторно би имало таква идеја и можна реализација.




Имаше статија за НАП меѓу Чиле и Унгарија. Имаше ден куп тролања за нивниот ПРВ ваков НАП ако се сеќавате како може да има НАП меѓу земји кои не се соседи ни пак во догледно време би биле. Очигледно тоа функционирало што сега повторно се потпиша НАП со кој една на друга држава нема да и се меша во војните и нема да пукаат против.

Ни две ни три (кога се работи за било кој освен Грчка) наполнаа батињата авионот и правец во Швајцарија да и помогнат на Италија во војната со Словенија. Сега се соочуваат со контра одговор на Астерија т.е .слетувањето на Романија во Швајцарија и НЕто што го јадеа од Србија. Доколку некоја друга земја не се приклучи воено да им помогне на Чиле ќе бидат кренати на клоци од тој дел на Европа за брзо. Жалосно е што повторно Чиле се покажува како живник и избегнува воени соработки со Македонија/Бугарија (зборувам од претходни искуства) додека за некоја трета страна скокаат како попарени со невидена желба да помогнат...




Бугарите иако на прв поглед се чини дека незнаат кај тераат, играат доста добра надворешна политика. Што повеќе МППа со земји од Астерија сојузот за што побезбедна иднина на државата. Нивните МППа со Иран и Словенија засеа се покажуваат како солиден потег, додека нивното МПП со Перу (еден од душманите на Чиле) е контраодговор на МППто меѓу Турција и Чиле. Што ќе се случува следно во Бугарскиот табор не се знае. Очигледно тие ќе ја продолжат својата политика на привлекување и спрителување со Астерија членки.

Многумина се прашуваат како Македонија би се поставила во врска со Иран. Ние сме отворени за секаква пријателска комуникација.




Грузијците и Турците ја платија, море преплатија цената за дружбата со Грција особено сега кога се избришани двете земји, а додека Бразил беше во офанзива на Грузијско/Ерменско/Турските региони потпишаа МПП со Грција. Се надевам дека еден ден ќе се освестат вистински ама тогаш ќе им биде касно. Србите ги ставија под чизма и сега ќе си почекаат барем до следниот месец да набилдаат детерминација за да се ослободат.




Ние се обидовме да направиме тренинг војна со неколку држави меѓу кои беа Кина и Тајланд, но од двете бевме одбиени. На крај се решивме за тренинг војна со Индија која како и секогаш оди со потешкотии особено при враќањето на регионите.
Имаше исто така доста дискусија за поставување диктатор. После некое време и поставување аргументи ЗА/ПРОТИВ се реши да нема таква акција.




Пак и пак и пак имаше големи расправии во конгресот зошто/како/колку да е данокот. Зошто да е 6% нека биде 5% или пак да се намали комплетно. Јас не знам дали некој е навистина желен за некаква дискусија или сето тоа се прави колку да се има за што да се зборува. Јас тоа го нареков трошење на енергија и време за работи за кои секој месец се расправа во конгресот и секој месец имаме исти даноци само се создава непотребна негативна енергија.




На крајот на мандатот се добија неколку понуди за нови МППа, но не би било фер да се договараат такви работи особено на 2-3 дена пред новите избори така да таа работа ќе се остави на следниот ЦП со напомена за остварените контакти, па новата влада да одлучи како ќе се постави.

Следниот ЦП ќе има голема работа пред се на геополитичко поле. Да се надеваме дека ќе бидат извлечени потези кои ќе бидат исклучиво во корист на нашата држава.




На крајот би сакал да ве известам дека ова е мојот последен мандат за овој период. Одам на пауза. Колку ќе биде долга незнам, но се надевам дека ќе имате активен МЗИ во следните мандати. Околу пакетите за играчите тоа јас ќе го дозавршам во поглед на сегашните позајмици, а за следните позајмици (секако ако ги има) ќе му ги препуштам на новиот МЗИ заедно со целосната документација и формата за пријавување секако доколку изрази желба.

Од мене толку ваше е да оцените за работата на целокупната влада и останете ми во добро здравје.

Со почит.

Министер за Информирање

akconel